1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите и чувствата

Дискусија во 'Сингл' започната од Summerbaby, 19 јануари 2021.

  1. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.733
    Темава намерно ја вметнав со Категријата Сингл.. чисто за фокус на поле љубов. Инаку сите сме биле во различни полиња. Повеќе е дали повредувањето во љубовта е повеќе на база на его. И како можат да изеверуваа или да се гледаат со 10 жени и да ги категоризираат како само за секс,. Затоа и кога ја отворив темава, убаво би било и маж да напише искуство.
     
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.795
    Сега ќе ви рече дека и жените го имаат истиот проблем + дискриминација/насилство, па зошто тогаш сепак стапката на самоубиства да е повисока кај мажите отколку кај жените. Се вртиме во круг.

    @Tan4ence замисли дека идентични проблеми имаме, ни ние имаме повеќе проблеми, ни тие. Тогаш стапката на самоубиства пак може да е поголема кај едните. Не сум стручно лице за да можам да ги наведам точните причини, ама претпоставувам дека е нешто во овој стил:
    - различни луѓе различно процесираат исти проблеми во животот, така што можно е ист проблем нив потешко да ги афектира душевно
    - веќе и 5000 пати споменатото: ако тебе ти е тешко, можеби одиш и ќе се пожалиш на мајка, сестра, другарка итн и ќе ти олесни; тие често „не се олеснуваат“, особено ако е ситница и тоа со тек на време се собира и влијае на психата - можеби се јавуваат чувства на осаменост и немање поддршка
    - комбинација од двете

    „Грешката“ која ја спомена погоре лежи во тебе и во твоето субјективно гледиште, особено во однос на несфаќањето на психичките тегоби како сериозен проблем и неможноста да сочувствуваш со лице од машки пол. Имаш веќе свое не оформено мислење, туку оформено верување за кое слепо се држиш и само бараш информации кои ќе го потврдат твоето верување, а жестоко ги одбиваш информациите кои одат против него. Така што повторно, грешката лежи во твојата предрасуда; не е ова некоја тајна теорија на заговор за понатамошно опресирање на жената.
     
    На DraganFem, IRBBB, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Ни јас не се жалам на блиски многу многу. Баш сум ќутлив чоек.
    Ама тоа не е важно.
    Ама како еве ќе реагираш да ти рече некој другар - не е лесно да си машко?
    И кога пак ќе спомне некој во иднина дека мажите имаат полесен живот па ќе се навратиме на темава баш.
    И да спомнам не мислам на проблеми како расизам или хомофобија. Туку конкретно со полот поврзани.
     
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.795
    Ама повторно тргнуваш субјективно: јас немам проблем да држам во себе/се справувам, значи за сите важи тоа. Не може наше искуство (лично или „стекнато“ од друг) да е мерило за универзални заклучоци за ова и општо, за темата.

    Ако другар рече не е лесно да си машко, инстинктивниот одговор ќе ми е не, не е така. Ама би била водена од емоции, бидејќи јас знам како е да си женско и ги знам женските проблеми, а не машките. За тоа како му е на машко водам субјективни заклучоци врз основа на околината која ме опкружува, но тоа не значи дека тие заклучоци ми се објективно точни (на ниво на истата околина или на пошироко ниво).

    А која е поентата да мериме кому му е потешко? Еве да речеме во глобала жените се соочуваат со поголем број на проблеми (но не секоја жена се соочува со сите проблеми). Дали овие проблеми на мажите тогаш се занемарливи бидејќи жените имаат повеќе проблеми? Дали треба помалку сериозно да ги сфатиме и помалку време да им обрнеме? Веројатно знаеш дека сериозноста на еден проблем не ги исклучува и другите (во случајов можеби помалкубројни) проблеми, особено кога се работи за проблеми кои исто претставуваат закана по живот.

    Иако (особено физичкото) насилство кон жените е нешто многу примитивно и треба засекогаш да се искорени, не може да го користиме како изговор дека „не е толку страшно што толку мажи се самоубиваат“, па „како да не им било тешко, кај виделе тие ваква мака каква што гледаат жените“. Ете виделе, имаат мака (било дали некоја нова или едноставно поинаку ги доживуваат заедничките проблеми); сигурно не се самоубиваат во поголем број како еден вид на „џихад“ во име на ултимативната идеја да се прикажат како жртви за повторно да ги опресираат жените.

    Со ова што го кажувам не го бранам патријархатот, демек паѓам во „стапицата“ да ги бранам мажите: тие никогаш не се виновни за ништо и не вршат грозоморни злодела против жените, жената е секогаш за сè е виновна. Ама се трудам да не паднам ни во стапицата на екстремизам и да го обвинувам секој маж во животот за неправдите извршени од други мажи (врз мене или врз други жени) и да го минимизирам неговиот проблем (неговите околности во животот може да се полоши од моите) само заради тоа што е маж.
     
    Последна измена: 19 јануари 2021
    На IRBBB, cresa-jagoda, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Не е точно дека се гледаме со некоја само за односи. И ние сме 'лигави' иако во јавност глумиме Рамбо :) и ние плачеме, молиме, сакаме. Кај некои има его но каде што има его, не треба да има причина за толеранција. Бегајте од егоисти.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти одговорам на прашањето што проблем имаат машките што плачат и тоа со твој пример.

    Дечко ти плаче и се жали на неговите дека е психички малтретиран од твоја страна.
    Не знае како да постапи и се наоѓа на раскрсница затоа што: од една страна ти го тераш да си ги врзе семеводите, односно да стане неплоден (против негова волја), а од друга страна тој не може без тебе.

    Сега јасно ти е зошто плачат ??
    Затоа што и тие се тортурени не само физички туку и психички. А, верувај дека стапката на самоубиство кај двата пола е поради поголема психичка тортура.

    Ти сама си имаш лични примери, што не ти е јасно не знам..
     
    На Stark, IRBBB, Ena05 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде овие маабети само се враќате назад кој ти е тебе реков жити се во 2021 година дека треба да си потчината?
     
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    А знаеш ли ти колку трауми доживуваат жените од машките неискажани емоции претворени во гнев и на крај во ќотек?
     
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    А, знаеш ти колку деца умираат од глад?
     
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Каква врска има ова со пол Тане, кој е проблемот со тебе? За жената што работи шивачка и за енглеската краљица животот ист е? Или за рударот од Саса и за султанот од Брунеи? Колку животот ќе биде лесен/ тежок не го определува полот, ако уште не сфати од бубачките што ти се увртеле.
    И да, плачат и мажите. И жените прдат, живела еднаквоста.
     
    На IRBBB, tinka-mace, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.733
    Мило ми е што ова со читам ноо, Зошто тогаш толку изневерувања .. или барање на врска без обврски ..?
     
    На Dimi_, raww и hermosa им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Затоа што не сакаат да признаат дека не се моногамни.

    И мажи и жени има во оваа категорија.

    И жените изневеруваат, или бараат врски без обврски, иако почесто мажите, заради тоа што околината е поблагонаклона кон машко изневерување, отколку кон женско.
    Мажите се 'ебачи', а жените 'курви'.
    Сами си го моделираме светот во кој живееме.
     
    На Ena05 и hermosa им се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    не се сите мажи исти ниту сите жени .машко без морал ако ви треба и да го величате ок како сакате а жените се по морални иако денеска и тоа е измешано
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не се сите исти, зборуваме за тие што изневеруваат.
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    тоа е лично право на секој ,освен ако има партнер на кој треба да му полага сметки секако.има моменти на слабост, за неверство е доволно еден сочен поглед кон згодна особа,нели?или бакнеж и ете ти го неверството направено .како беше никој не е светец цело време
     
  16. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    За изневерувањата немам одговор.. мислам дека тие што изневеруваат, секогаш ќе изневеруваат и ќе бараат недостатоци во девојката со која биле заедно.
    За врска без обврски, се плашат. И јас имам стравови. Мене на пример ме плаши како и неверство, пошто сум бил изневеруван, така и можен развод кога би се оженил и би имале дете. Се знам себеси и мислам дека сето тоа кога би се случило, не би се случило поради мене.
    Разните стравови носат различни причини за некои одлуки но, она што останува се чувствата и особините што ги имаме.
     
    На IRBBB и hermosa им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ехее... колку така мислеле па поинаку испаднало...

    Се надевам дека ќе се исполни твоето очекување од себе си.
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Ама не е тоа работата бе Џон
    И на некој сиромашен стрејт му е потешко него ли на богат геј ама тоа не значи дека не геј луѓево им е у глобала полесно нели?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Секој човек си има некоја мака и мислам излишно е да се споредува чија била поголема.
    Секој си знае за себе.
     
    На raww, hermosa и asdas им се допаѓа ова.
  20. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Машки
    Уште една од темите кај се делиме на мажи и жени. Луѓе нема врска маж или жена, се си зависи од карактерот. Лично јас сум емоционален и се приврзувам брзо и некои го злоупотребуваат тоа ама јбг после тоа секој по свој пат и така. Полот и хороскопскиот знак не се оправдување ако сте ѓубриња.
     
    На WildMk и hermosa им се допаѓа ова.