1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите и чувствата

Дискусија во 'Сингл' започната од Summerbaby, 19 јануари 2021.

  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Oppression olympics.
     
    На WildMk и Dentina им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И мажите доживуваат исто булинг ко жени нашколо само девојчињата се утешувани, а на машките им се кажува да не плачат ко женско.
    Како што во пубертет женските стануваат посвесни за своето тело, па комплекси околу изглед на тело, истото го доживуваат и мажите ама тивко.
    Како што жените се постојано осудувани колку лоши мајки се пошто на детето му спржиле помфрит за ручек, така и мажите се осудувани колку лоши татковци се ако не го исполнат притисокот на општеството за да обезбедат за семејството.
    Тебе ако на работа некој ти рече глупа, многу веројатно дека ќе се расплачеш и ќе дадеш отказ.
    И ако на некого му кажеш дека си дала отказ затоа што ти рекол глупа, ќе те поддржи.
    Маж ако добива навреди на работа, потешко дека некој ќе го поддржи да даде отказ пошто од маж се очекува да трпи.
    Уште од градинка до крај на живот да ќути и трпи пошто тоа е маж според општеството, нели.
    За жените слушаме повеќе за насилство пошто жените повеќе пријавуваат и повеќе поддршка добиваат.
    Поголемо е насилството врз жени, ама не толку поголемо колку што мислиш.
    Врз мажи се случува зад затворени врати.
    А психичко насилство, би рекла дека и жените и мажите знаат да се добри манипулатори.
    Какви другарки сум имала јас ехеее.
    Не знам зошто дискутираме.
    Има причина зошто стапката на самоубиства е поголема кај мажи.
    Има причина зошто мажите почесто умираат од срцеви болести.
    Безразлика каков проблем имаш, мал или голем, поентата е дали имаш пристап до помош.
    Ако немаш пристап, секој мал проблем може да прерасне во голем.
    Под пристап мислам да не се страда тивко, да не се плашат мажите да бараат помош, да не ги воспитуваме дека треба да трпат.
     
    Последна измена: 20 јануари 2021
    На DraganFem, Annath, Snowflake97 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.228
    Пол:
    Женски
    AMEN TO THAT!
    Јас не знам како може некој да прави вакви тортури на партнер, плус мислам имаше напоменато дека има депресија или депресивни епизоди, не сум сигурна а притоа по темиве пишува па ако сам некој не сака да си помогне, кој да му помогне, уште фали да кажеш на дечко ти оди убиј се, бар по тоа како се преставуваш тука.... @Tan4ence
     
    На GirlLove, Snowflake97, Ena05 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Има некоја организација што помага конкретно на мажи жртви на семејно насилство кај нас? Или кампањи против семејно насилство во фокус да им се помогне нив?
    Стварно ме интересира да знам, оти мислам нема. А замисли ги реакциите ако таква се основа.
    А нема зашто нема потреба за нив.
    Да, има жртви од нив.
    Ама крај крајова, нема жена му да го претепа ако он избега, како што е спротивниот случај. И жени се осудувани ако се разведат или пријават силувач нели?
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Не можам да се убедувам.
    Ти тврдиш дека немаат реални проблеми, статистиките од секоја една држава во светот викаат друго.
    Како и да е.

    Организациите се против семејно насилство.
    Ако им се обрати маж, нема да го одбијат.
    Исто и организациите за самохрани родители.
    Повеќе се насочени кон самохрани мајки поради тоа што детето најчесто при развод се дава на мајката, па одтука произлегува потребата за здруженија кои помагаат повеќе на мајки, ама во нивните описи стои
    Еднородителски семејства, што значи доколку се обрати маж, исто така нема да го одбијат.
     
    На Annath, KateKane, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Имаат ама многу поретко, тоа велам цело време.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Како бе танче поретко?
    Од кај знаеш ти колку често?
    Си правела истражување?
    3 дена зборуваме дека се научени да не кажуваат, да не бараат помош, да ќутат.
    Од кај знаеш колку е често ако не кажуваат?
    Се самоуби, што му беше, арен си беше.
    Е тоа е пречесто.
     
    На Annath, Snowflake97, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Па не сум чула некој другар или било кое машко да го следело девојче у темна уличка.
    Искрено, веруваш дека има девојки силувачи?
    Или у автобус за к*р да го задрапа.
    Всушност знам еден пример, ама еден само кај што бил од девојче фаќан таму.
    Или да го убие жена му/девојка му или претепа. Пошто бар убиство и видливи рани нема да се скријат и да не кажеш, ако за другово е различно.
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Те молам сфати дека имаш некоја нетрпеливост или можеби дури и омраза кон мажите и тоа ич не е во ред.
    Доколку ти се случило нешто, треба да си го разрешиш, не заради нив, повеќе заради себе.
    А на темава не коментирам веќе, утре можеби ќе имам син и искрено се плашам дека ќе подпадне под влијание на луѓе кои ќе му кажуваат дека проблемите му се небитни, да стегне заби и да молчи.
    Тоа што ти не си чула, не ги менува статистиките на самоубиство и срцеви заболувања.
    Нема мал или голем проблем, почни од тука.
     
    На oblace1, Snowflake97, S.W.A.G и 8 други им се допаѓа ова.
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Па по тоа што те читам, ако тебе ти се довери машко дека го претепала женска му, ќе му се изнасмееш у фаца. Може затоа не си слушнала.
     
    На Snowflake97 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Напротив, ќе помогнам.
    Ама прво ќе се уверам дали збори вистина.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Океј прво ќе зборам генерално за мажите и чувствата нивни и после малку подетално базирано на тоа како сакаше ти да ја насочиш темата твоја.

    Живееме во општество кое ги фаворизира мажите, ставајќи ги во центар и давајќи му значително поголема моќ за разлика од жените. Е сега, како директен резултат на тоа, како мажите перцепираат и развиваат чувства има влијание. Не можиме да речиме дека на некој му е полесно и се му е дозволено и затоа не смеј да се осеќа лошо и дека има полошо. Тоа е рангирање на чувства и е се освен продуктивно. Не постои монопол на болка. И често се вели дека жените се тие шо чувстуваат, а мажите тие кои се силни. Извини? Дали ова значи дека чувствата се слабост? Чувствата не се слабост. Исто така и мажите чувстуваат, но мора да истиснуваат за да бидат „маженствени“. Истиснување на емоции носи до зголемен психолошки притисок. Така да сметам дека треба да охрабриме човечноста да ни излези повеќе и да си дозволиме да почувстуваме, а не да се изолираме со нашите вистински чувства кои се скриени пошто прво сме несреќни, а второ градиме неавтентична верзија на себе која носи до таа несреќност.

    Не знам од кај се овие констатации. Склоноста кон приврзаност кон партнер е скроз индивидуална. Како што има жени кои се врзуваат брзо, има и мажи. Како што маж можи да се гледа лабаво со години, можи и жена. Исто и со простувањето за изневерување.

    Но, што можи да има подлабоко во ова е општеството. Ако жена лабаво се гледа со некој одма се слуша „си го троши времето“, „ѝ чука биолошкиот часовник“, „курва“. Маж ова не го добива и наеднаш му е полабаво. Ако жена е изневерена пак по неа се удира „не знај да си го задржи мажот“, „фригидна“, „сигурна не знај да се еби“ и многу често сака да си задржи одреден статус во општеството, но можеби и уште почесто, голем дел жени зависат од мажите финансиски или пак остануваат заедно ради децата и од таму простуваат зошто немаат кај да бегат или пак се задоени со она „маж е, такви се мажите“ и слични двојни стандарди кои истите работи ги оправдуваат кај мажите, но страшно ги судат кај жените. И поради тие двојни стандарди жена би нашла во себе ете да прости неверство, ама маж и ќе крши и ќе вика, и ќе тепа. Јер е маж, ya get it? Така да нема ова врска дали мажите имаат чувства, се разбира дека имаат, луѓе се пред се. Но, општеството има свои критериуми и налага одредени начини на живот за двата пола. Тоа дека општеството осудува чувства кај мажи и смета дека не е маженствено, не значи дека мажите немаат чувства. И тие чувства се случуваат на ист начин како нас. We are, but human. И чувствата кај сите луѓе мора да бидат негувани пред се за своето добро, а после за доброто на блиските.
     
    На Annath, hellocity, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Напишав еден подолг пост, но го избришав.
    Ќе ти кажам само дека и мажот и жената можат да се променат, поединечно и како колективи. Се што им треба е (само)иницијатива.


    Зошто има разлики во процентот на самоубиства....затоа што ги немаат мажите и жените баш истите проблеми. Семејствата можеби на девојчињата им ускратуваат повеќе слободи, ама позаштитнички настроени се кон нив и повеќе се грижат да не навлезат во проблеми, оти ги сметаат за понежни. Така мажите повеќе запаѓаат во ризични зделки, криминал, коцка, задолжувања поради трка по пари и не секој успева таков притисок да издржи....мислам дека на тоа се должи повисока стапка.
     
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Па токму овие се тие работи ради кои зборев дека имаат помалку проблеми во животот. Дел само и тоа.
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Не можиш да прајш споредба на болка и дека мора да им е полесно по дифолт оти се мажи.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Не под дифолт зашто се мажи туку зашто општеството ги издига зашто се мажи.
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Ги издига на едно поле, на сметка на шо? Репресија на чувства? Основа на многу проблеми кои ги имаме е негирање на то шо го осеќаме и репресија на чувства шо водат до психичка нелагодност. Вториот линк е истражување. На та тема. Така ако општеството само ги издига океј, ама општеството има одредени очекувања за то воздигање. И шо ида кажам е повторвање шо на темава, шо на то шо пишав за тие очекувања.
     
    На Annath, IM.TMKQ, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  18. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Мора да е трол.
     
    На Anie93 и SURF им се допаѓа ова.
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.175
    Пол:
    Машки
    Знам едно дека не се сите исти. Има машки без чувства а има и девојки без чувства. Факт е дека девојките се почуствителни, но има и доста машки кои страдаат. Секој човек е составен од нерви и чувства, кај некого се повеќе видливи а кај некого не. Кај девојките се по видливи а кај машките по невидливи, ги чуваат во себе. Сите страдаат на некој начин. :)
     
    Последна измена: 22 јануари 2021
    На Najs :) и hermosa им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    А зошто се избришани сите вчерашни мислења? Вистина, трол ја поттикна таа дискусија, но следуваа добри реплики.
    Јас сум свесна дека бадијала е пишување на форум, ама не знаев дека до толку. :D
     
    На eliesaab и Anie93 им се допаѓа ова.