Мажите и чувствата

Discussion in 'Сингл' started by Summerbaby, Jan 19, 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,306
    Ништо не е бадијала.
     
    poenta likes this.
  2. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Joined:
    Dec 13, 2010
    Messages:
    1,321
    Likes Received:
    7,436
    Gender:
    Female
    Цело време збориме за нас, нашата кревка природа, нашите емоции и нашиот товар баш ради тоа што можеме гласно да ги изговориме проблемите со кои се соочуваме.

    Ретко е маж да седне и да збори искрено за своите внатрешни борби, за своите стравови и чувства. Зошто?

    Тргам од најблизок пример, татко ми, кроз што и да поминувал, секогаш била ќутенката. Го гледаме, не му е добро, одбива да разговара, не е расположен, напротив. Солзи му стојат на врв очи, ама од устата ни збор не излегува. Зошто?
    Според мене, стравот да не ја изгубиме ние сликата за него како столб, наша вечна поддршка и рамо за плачење. Слабоста што мисли дека ќе ја открие, ќе го направи уште послаб психички. Јак маж, уште појако его и гордост. Па се тешиме дека се’ е во ред (како што вика и самиот), а реалноста е баш спротивна.

    Мажите се научени да потискаат зошто им е страв дека ќе изгубат од својата ‘маженственост’.
    Се плашат од соочување со проблеми, па посегнуваат по други начини за да се справат со внатрешната болка. Да се ублажи.
    Од таму тврдам и дека произлегуваат и нивните порочни проблеми, како кратко бегство од реалноста што не сакаат да си ја признаат.

    ‘Посилната половина’ можда е и терет.

    Пред некое време се самоуби мој добар другар, а не беше претходно добар со години и години. И не дека не беше очекувано. Ама сите дигнаа раце од него, вклучително и јас. Сам не сакаше да си помогне, викаше дека нема ни кој друг да му помогне, можел сам. И ете, вистина можел сам, ама на најлесниот можен начин.

    Темава ме лути, ме повредува на чуден начин и се расплакав дур пишував. Ова е вистински проблем во денешно време
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,031
    Likes Received:
    36,129
    Gender:
    Female
    Многупати кажувам дека ништо не е залудно, колку и да звучи утопија.
    Кога намерата не е постигната фразата се сфаќа негативно без да се прифати како општа констатација, поука и искуство, што имаат поголемо значење од неуспехот.
     
    WildMk likes this.