1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите од Медисон (Mad Men)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од wolf4e, 7 мај 2012.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Дејствието на „Mad Men“ се одвива во 60-тите години на минатиот век, во една од најпрестижните маркетинг агенции во Њујорк, „Стерлинг-Купер“, каде фокусот е ставен на најмистериозниот, но и екстремно талентираниот креативен директор Дон Дрејпер.

    Тој е еден многу комплексен лик со мрачно минато, кое му создава психолошки бариери во сегашноста и го прави несигурен во љубовниот живот. Навидум среќно оженет со убавата и млада Бети со која има и мали дечиња и одлична кариера во маркетингот кој не е баш ценет во тие години, Доналд изгледа како да живее живот каков што би посакал секој маж

    Но, реалноста е сосема поинаква. Тој живе двоен живот. Гледано отстрана тој е строг шеф на работното место, кој знае како се води бизнис и како се прават пари, а навечер кога ќе се врати во својот топол дом, го пречекува неговата дама со вечера на масата, а по вечерата добива и страсни бакнежи под чаршафите. Но, таа не знае за неговото мистериозно минато, ниту дека тој ѝ е неверен.

    Животот на луѓето од овој период се врти околу пет работи: бизнис, љубов, секс, цигари и алкохол. Сите пушат и пијат алкохол секаде и во секое време, дури и додека се на работа. Интересен белег на серијата е и начинот на кој се третирани жените во овој период. На мажите не им претставува проблем да ги изневеруваат нивните сопруги секогаш кога ќе ги привлече некоја друга, а воедно на сопругите не им дозволуваат ниту да погледнат во друг маж, а камоли да ги изневерат. Оние жени кои се вработени, не можат да поминат еден работен ден, без да се почувствуваат понижено од некој колега, кој безобразно флертува со нив, како да се подвижно „парче месо“.

    Jа гледа ли некој серијава?Kаква е?
    Jас ја гледав само првата епизода од првата сезона,има вкупно 5 сезони,5тата е во тек,а секоја сезона има по 13 епизоди што траат по 50 минути,првата епизода ми се допадна,па ке продолжам да ја гледам :)
    Aјде чекам коментари :?:
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=LfuMhXcLa-Q
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Луди мажи (Mad Men)

    Искрено ја немам следено редовно серијава, но секој пат кога ќе ја начекав на Фокс, си ја подгледнував по некоја епизода.
    Најмногу се фасцинирав од начинот на глума, костимографијата, општо целата пинап мода кај жените во серијава, плени на прв поглед. Не ги научив ликовите ниту што е точно приказната, ама еве сега со твојава тема, ме поттикна да почнам да ја гледам од кога ќе завршам со обврските со школово.

    П.С. Инаку имам слушнато многу добри критики за серијава, и и исто така знам дека оваа година е меѓу попознатите серии кои ќе отстварат ново продолжение односно нова сезона, за разлика од многу кои ќе бидат прекинати :)
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Луди мажи (Mad Men)

    Ја имам гледано само 1вата целосно, натака мислам дека имам гледано по некоја епизода, но не по ред.
    Мене ми се допаѓа ептен серијата, Дон дрејпер мушкарчина ипол, ако на моменети ужасно ме нервира.
    Ерата на мажите и машкиот деловен свет, каде за жената немало ама ич место.
    Но сепак се издвојува Џоен, но и Пеги, јаки женски, борбени, интересени како карактери.
    Мислам дека вреди да се погледне, ако ништо друго, екипата е одлична.
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Луди мажи (Mad Men)

    Hе сакав да пишувам долг пост,па затоа решив да напишам уште едно мислење :wasntme:
    Jас почнав да ја гледам серијава пред 2-3 месеци, стигнав до 3 епизода и престанав,многу ме нервираше дејствието,многу бавно и развлечено.

    Hо,сега продоложив да ја гледам и се навлеков :tmi:
    Mногу ми се допага како се шминкаат дамите во серијава а и фризурките им се добри :D
    A од мажите многу ми се симпатичен овај Дон и тој Италијанецот
    иако мислам дека е геј :wasntme:

    Oд женските симпатична ми е оваа Kристина Xендрикс и го заборавив името во серијата,а најантипатечен лик ми е овај што се плетка со Пеги.
    Cега ја завршувам прва сезона,не ми се верува дека се навлеков на серијава,мислев дека е неверојатно досадна :o

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Луди мажи (Mad Men)

    Искрено, ја загледав, изгледав неколку епизоди додека ја даваа на Фокс Лајф, ама не ми фати око за да симнувам сезони и да ја гледам, иако има интересна тематика.
    Пишав само за да те поправам - преводот не е Луди Мажи (како што е логично), туку Мажите од Медисон. Mad во случајов е кратенка од Madison.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    Ја гледав поранó на Фох и многу ми се допадна :D
    Сега го купив цедето од Првата сезона
    ја загледав првата епизода , ама поради немање доволно време престанав :|
    иначе премногу ми се допага и би сакла да сум во тоа време ... Незнам зашто
    :) :)
     
  7. Hanna4646

    Hanna4646 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Јас ја гледам уште од 2008ма... штета што е помалку позната а многу добра серија :)
     
  8. Hanna4646

    Hanna4646 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Луди мажи (Mad Men)

    Според мене е многу добра јас ја гледам уште од 2008ма ама не редовно... :)
     
  9. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Позната е, ама за гледање повеќе би рекла дека е прашање на вкус.
    Бидејќи е серија со 147 номинации, 58 победи и 4 златни глобуси.
    (пресметано според IMDb)
    :)