За мене не е рамноправност ако жената само работи и му дава на мажот пари за да оди во кафана, да пие пиво со другарите, а таа да зема кредит и да ја доградува неговата куќа за да утре детето има кај да живее. Ама пак во таков случај жената е крива што се дозволила да дојде во таква ситуација. Инаку зошто да не направи ручек мажот. Не е на одмет.
А кој спомна дека тоа е рамноправност? Не е толку комплицирано. Двајцата работат, чистат, готват, чуваат деца. Подеднакво. Знам куп такви парови.
Од ова ,,мажите станаа жени '' ги пронаоѓам во она ,,Не се знае кој поише оговара во денешницава машко или женско'' нели обично ние жените сме ,,алапачи'' *извинете на израз. Фразата издржи мушки треба да се корегира во *Издржи женски. И не е понижување ако маж зготви ручек или усисава по дома, и не е понижување ако жената користи бормашина еве на пример.Ништо не е понижување или не знам шо ако сме доволно умешни да го користиме/да се справиме со тоа.Според мене нема мушка женска работа.Или работиш или не работиш.Не ги оправдувам женските со изговори од типот ,,тешко е'' ,,не можам'' вака така.Или машките ,,не знам,, ,,не сакам''.Све се може кад се хоче. *мислам дека ја утнав мало темата.
Jас еве машко сум, неженет младич, тазе дипломиран и можам да кажам дека апсолутно не би ми било понижување и ручек да направам (иако досега малку сум готвел во студентските денови), ниту нешто да испеглам или зачистам (со правосмукалка) ако треба. Не е никакво понижување за мажот ако и помага на жената во домашните работи, тоа е почит кон жената. Иако, ќе потенцирам дека секако ова треба да се применува во одредени граници. Мажот се знае дека треба да донеси дома за јадење (уште од праисторијата било така), но жената е онаа на која паѓаат сите други работи (емоционално поврзување со децата, пр. да дознае дали детето има некој проблем, да им угоди на родителите на мажот (ако живеат во заедница, ИАКО ретко кои свекор и свекрва имаат пофалби кон снаата). А, за депилирањето на тело глупаво ми е ептен на плажа или на дрѕго место каде се оди гол (во горниот дел од телото) да видам маж со јамболија на стомак (што велеше една другарка). Значи, тоа за средување веѓи, депилирање на тело ми е сосема во ред и знак дека мажот сака да е уреден.
А ти немa емoциoнaлнo дa се пoврзеш сo децaтa? Кoгa ќе се рaзбoли ќе чекaш женa ти дa се прибере oд рaбoтa, пa тaa дa гo мкне пo бoлници? Сo oвa пoкaжувaш пoтпoлнa негрижa кoн нив. Не е сaмo дa се дoнесе јaдењетo и дa се нaрaнaт децaтa. А зa oвa дa им угoди нa рoдителите нa мaжoт... Кoгa мaжoт или девoјкaтa, сееднo, првo требa дa се угoди нa свoетo семејствo, пa пoсле нa другите. Рoдителите нa мaжoт или женaтa се нa втoрo местo.
Не реков дека таткото не треба емоционално да се поврзе со децата. Кај напишав такво нешто. Како родител таткото игра и тоа каква битна улога во воспитувањето на децата.
вие неженетиве беќари, изгледа претерувате со многу перење, чистење, џогирање, могирање, па кога ќе се жените ништо не работите, оти веќе преку глава ви е дојдено Значи полека, не се форсирајте толку
Ти се изјaсни декa женaтa е тaa кoјa требa дa се пoврзе сo децaтa. Зa тaткoтo не спoмнa никaде, зaтoa те цитирaв.
Мажот не треба да и помага на жената во домашните работи, и тој и таа треба паралелно да работат. Домот е на двајцата. Едниот готви, другиот чисти кујна. Едниот пушта машина, другиот пружа алишта. Едниот поминува со правосмукалка, другиот пере прозори. Се додека мажот не почне да смета дека домашните обврски се и негови обврски, тури пепел на еманципацијата. ??? Кои се тие „одредени граници“. Демек, да не претерува со чистење? Денес повеќе мажот не оди на лов за да донесе храна, туку оди на работа за да заработи пари со кои се купува храната. Жената денес исто оди на работа и заработува. Како ќе се вратат дома, и двајцата се исто уморни. Од аспект на носење храна, повеќе нема разлика меѓу маж и жена. И двата родитела треба да бидат подеднакво дел од животот на детето. Ако таткото не забележува дека нешто не е во ред со детето, или пак, ако детето не се осеќа доволно сигурно за да му се довери на таткото, тој човек потфрлил страшно како родител. Оу, не, не, не! Едно големо, огромно НЕ!!! Да ги почитува, да. Да ги „тинтра“, јок! Идеата за снаа-измеќарка треба да стане (и остане) дел од минатато. А ти, како млад и модерен дечко треба да размислиш ЗОШТО сметаш дека една девојка, еднаква на тебе, треба да им угодува на твоите?
Ги читам коментарите и можам да забележам дека мнозинството делуваат како open-minded и ја добија дискусијата. Ви честитам Мене лично ми е сеедно, но се согласувам со тоа дека нит едниот нит другиот во семејството има фиксна улога како она догматско верување. Али такво време дојде што модерно е да се разговара за рамноправност, феминизам, ама тоа за во друга тема. Јас ќе дадам краток осврт од економски аспект на рамноправноста односно и жените во борбата за освојување на професионалните води и кариеризам. Епа вака видете сега пластично да ги објаснам работите. Ако порано мажот бил тој кој што работи а жената дома да чува деца сега двајцата односно и мажот и жената бараат работа. Порано мажот одел кај работодавецот да побара работа и тој ќе ја добиел со највисока сума од 18 000 денари која ги задоволува потребите на семејството. Сега кај работодавецот одат и мажот и жената. Тука на работодавецот му одговара повеќе и си вели, сега немам потреба да ги плаќам работниците толку многу, сега платата ќе биде 9 000 ден. ако не се согласи првиот кандидат ќе дојде друг. - Во глобална претстава, понудата на работна сила на пазарот на трудот е поголема затоа што сега и мажите и жените бараат работа и тоа изобилство и можност на избор на работодавците им дава право да ги намалат платите. Наместо како порано само мажот да заработува 18 000 денари, сега ќе треба и мажот и жената да работат за плата од 9 000 ден. за семејството да преживее. Just sayin' Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
И така кога ќе си земеш момче како @I I кое живее во заблуда дека ти се омажила за да им угодуваш на неговите, а и неговите живеат во иста таква заблуда, тогаш едноставно - наЈебала си! Сите исто си мислат (и мама и татЕ и тој) , само ти црна овца. Лоша си, туку што си!
Никаде не реков јас дека снаите треба да им угодуваат на свекорот и свекрвата (*најмалку на моите), а тоа што го спомнав од праисторијата, алудирав на тоа дека според мене не е тој маж за мене МАЖ (во вистинска смисла) на зборот ако постојано седи дома, лежи и само ужива, си излегува за свој ќеф (по кафани, кладилници, забави, и сл.), а да чека се на жената (во смисла жената и платата в куќа да ја обезбеди и да се грижи за домаќинството).
Јас не живеам во заблуда дека треба да им се угодува на свекор и свекрва, почит секако дека треба да се има. Но, јас ти кажувам како очекуваат повеќето свекори и свекрви (а, не живеам во заблуда). И да, секако дека и во делот на финансиите треба мажот и жената да одлучуваат заедно, во смисла не јас носам пари јас одлучувам-Туку, мажу/жено ова го правиме/или не го правиме, пр. реновирање на дом., а не мажот да вели: Jaс носам пари, јас кажувам. Верувај, ова го знам многу добро, зашто сметките дома не излегуваат исто на пазар.
Значи феминистки не скокајте одма. Жена се знае за каде е- за во куЊа... Да готви, пере, пегла и кога ќе дојде мажот од рбота, да му ги изми нозете со леѓенче. Мажот се знае за каде е- за на работа... Да носи јадење дома, пиење и друго. Да оди на лов и да лови диви животни, да сади домати и краставици и слично. Е сега не знам како пишувате вие овде? Како сте дошле во допир со интернет? Имате во кујната уклучено интернет или? *се чувствува збунето.
Па, да дојдам дома јас, после 10 саати стресови и нервози и некој да ми рече: ај сеа жено да исчистиш и да зготвиш, додека си гледа телевизија, мислам дека тенџерето од земја ќе му го треснам. А еве, ко вистинска жена, знам да готвам. Ко невистинска жена, немам време за готвење.
Ако жената сака да има кариера, да биде самостојна да не зависи од маж, не гледам тука дека станува маж. Јас би рекла дека да мажите станаа жени по храброста, издржливост, страв да и се доближат на жена, чекаат од неа прв чекор, јас повеќе гледам храбри жени отколку мажи.
Значи треба да биде 50/50? Зошто? Зошто не 30/70 или 70/30. Или 0/100 или 100/0. Ако е нивен дом тогаш е нивна работа каква поделба на трудот ќе има во домот. Целата придобивка на рамноправноста е слободата да се договорат луѓето и да си ги средат работите како што им одговара. Ако јас знам да готвам подобро од неа, тогаш подобро е јас да готвам, а таа да прави нешто во што таа е подобра од мене, отколку, да бидеме присилени да готвиме по пола. Крај краева, можат и да вработат некого за тоа и да не се замараат. Но во секој случај, логично е секој да придонесува онолку колку што може, а со тоа секој да го прави она во што е најдобар. Оттука, ако жената е подобра во чување деца, таа треба да ги чува децата. Ако мажот е во подобра положба да заработува, зашто нема да забременува и да раѓа деца па да треба да отсуствува од работа... тогаш тој треба да биде попосветен на заработување. Каков ерес?!!! Проста логика луѓе. Use ur brainz. Се што сакам да кажам е дека луѓето треба да даваат се од себе за да семејството биде во подобра положба. А како различни полови имаме различни склоности и различни јаки и слаби страни. И на крај, кон сите на темава, because it's [enter current year/century here] не е аргумент за ништо.
Тешко е да се замисли контекст у кој реченицата „Мажите станаа жени, а жените станаа мажи“ нема да биде навредлива. Освен, се разбира, ако не збориме за промена на полот и за буквалното трансформирање на мажи во жени, и обратно. Ако збориме за мажи кои седат дома и не работат ништо, навредливо е за жените, бидејќи реченицава подразбира дека тие некогаш биле (или сѐ уште се) такви. Ако збориме за поделба на работите на „машки“ и „женски“, и тоа како некои мажи работат женски работи, а некои жени – машки, навредливо е и за мажите и за жените. Ако реченицава се користи во контекст на мажи кои трошат (премногу) време грижејќи се за физичкиот изглед и у суштина имплицира дека тоа е исклучиво женска карактеристика и потреба, пак е навредлива – и за мажите и за жените. Всушност, секоја споредба на маж со жена (или обратно) која има цел да опише некоја негативна појава кај еден од половите е сама по себе навредлива, затоа што имплицира дека нешто што кај едниот пол е „нормална“ појава, за другиот е негативна карактеристика. На страна од некоректниов муабет, треба да сфатиме дека овие ствари – влакнестост, мачизам, патријархалност и сл. – треба да бидат предмет на лични преференци во изборот на партнер, а не на општо прифатени општествени норми. Впрочем, половата еднаквост не значи дека мажите и жените мораат да бидат еднакви секогаш и во сѐ, дури и ако не го сакаат тоа – таа значи дека треба да имаат еднакви права и можности да ги реализираат своите желби и потреби во животот. Исто како што либерализацијата и еманципацијата не значат дека секое машкомора да биде депилирано или па, брадосано и со пунџа – тие значат дека ако сакаат, машитеможат да бидат такви, без некој да ја доведува во прашање нивната машкост.