Јас прашав зашто нема шелтерс, советувалишта, кампањи за мажи. Вие викате ради стигма, срам ово оно. Значи тие сами создаваат стигма према мажи? Прашањето беше зашто ТИЕ не помагаат на мажи? Еве ова одговори ми. Едит. Океј, знам дека нема никој да одговори изгледа
Имаше пред 10тина години во Тетово невладина организација која се бореше против насилство без разлика на пол. Сега не сум сигурна дали сеуште постои, ама тогаш (2012-2013) имаше околу 18 пријавени случаи, а само 2 беа од мажи. Со едниот разговарав лично јас, тогаш имаше околу 27-8 год. причината за која трпел 20+ год насилство беше ради тоа што ќе му се смееле луѓето.
Реално и да има ти ќе си прва против и веднаш да се затворат оти маж не може да е жртва на насилство. Тоа е резервирано исклучиво за жени
Пак не кажуваш зошто сега постоечките не даваат поддршка на мажи и дали тоа ги прави сексисти. Или шубе ти е да кажеш дека тоа е зашто машки жртви се многу ретки и да се вратиме на моето Али боже сачувај да кажеме така.
Каква разлика има што се ретки со тоа што потенцираш да кријат од јавноста жртвите? И еден да е треба да се поддржи и да не се стигматизира. Самите кријат од вакви размислувања и од такви ко на коментарите. Инаку организации против семејно насилство се за сите, не се ограничени на пол. Во самиот закон на државата прочитај што се смета за семејно насилство и дали само за жена е.
Да за сите се ама секогаш потенцираат дека жени се жртви во нивни постови. Имаше порано кампања на тв "Никогаш не удирај жена". Wonder why не била "никогаш не удирај никого" ако нема веза полот. Кампањите се секогаш за жени, со причина.
Да, бидејќи се во поголем број. Но, доколку мажите не би премолчувале, верувај би те зачудил бројот колку ги има и нив. Во Полошкиот регион пред 2 год имаше пријавено околу 43 случаи од кои 21 беа мажи, кој од жени, кој од родители, ама сепак ЖРТВИ на насилство.
Ова не е во ред.Сексизам и шовинизам што само нанесуваат штета. Не знаеме колку има непријавени случаи на насилство врз мажи. Тоа што насилството врз жените е во поголем процент не е валидна причина да се молчи за насилството врз мажите. Не постои валидна причина да се молчи за насилство, без разлика на полот!
За пример даваш реклама која наверојатно е направена од истиот човек што ја има направено онаа против абортус што е: Моите ќе купат количка, твоите ќе купат креветче... Тоа што се малцинство, не значи дека треба да бидат исклучени од општеството. Попросто не може да биде, ама океј ќе тупиме 20 страни зошто рекламата е не удирај жена, а не маж.
Па не е само таа реклама што потенцира дека еве семејното насилство е проблем кај жени. И нашиве организации имаат такви кампањи. Таму ноември декември има она мешто беше 16 дена активизам за насилство врз жени. Врти сучи пак се со причина запоставени. И така треба да биде.
Бидејќи се во помал број и повеќето молчат. А не дека ќе направи промена кај жените-жртви ко што мислиш.
Мене ми е многу жал што е нормализирано тоа лепење на шамари на мажи од страна на жени, мене никад не би ми текнало на таква опција да удрам друга особа, без разлика дали изгледа посилно од мене или колку и да сум лута. Инспирирана од еден тикток каде мажот прави пренк на жена му, демек и доаѓа полусвесен и пијан на нивната свадба, оваа му лепи шамар и овој тогаш и кажува дека се шалел, ама као ништо не му значеше шамарот, нормално беше... а не е. Секако дека мажите треба да си ја добијат својата правда како и секоја жртва на... криминал и сигурна сум дека има кампањи и за тоа, секој си го бира својот активизам и што му е значајно. Туку, да се надоврзам до целиот муабет, треба да се сфати насилството врз жени малце поинаку, не дека жртва како поединец ако е од еден пол е помалце жртва, ако е од друг пол е повеќе жртва, туку како насилството врз жени се вклопува во целото функционирање на нашето општество, како е вкоренето, зошто постои меѓународен ден за борба против насилство врз жени и девојки, зошто постојат куќи за жени жртви... Значи, треба да има закони што специфично ќе ги штити жените и ќе им помага на жените во врска со семејно насилство затоа што ко прво и основно, не можеме да сметаме дека живееме во свет каде што ни треба феминизам, затоа што мажите и жените не се еднакви, а да мислиме дека се еднакво малтретирани. Едноставно постои дисбаланс во моќта и тоа мора да се искорени. А активизмот за мажите жртви секако може и треба да постои АМА, тоа не е работата на феминизам како што некои од вас сакаат да наведат. Посакувам во оваа тема да не морав да пишувам за погорното и да се фокусирам на мажите жртви и зошто не пријавуваат итн. ама пошто е одделена дискусијава и веќе си има еден правец, само се надоврзувам.
Жртва можи да биди човек од било кој пол. И таа жртва заслужува да биди заштитена. Жени- жртви се статистички поголем број и затоа повеќето кампањи се во нивна ( наша) заштита и тоа е океј. Тие се „таргет“ како најзагрозени. Но, самото тоа дека тие се најзагрозени, не значи дека мажите не можат да се жртви или дека не заслужуваат ист пристап како жените. Прво, за да можи шелтер систем шо е спомнат погоре, да функционира со мажи - е да се руши стигмата. Стигмата вели дека маж не можи да е жртва на насилство. Дека не смеј да е емоционален и да плачи. Не смеј да искажи слабост. И кога маж се соочува и ги доживува овие работи, што е човечки, се соочува со уште повеќе болка, булинг, насилство од претходно. Од таму, ако жртва- маж на семејно насилство зборува за своето искуство како жртва - само помага да се нарушат стигмите за кои зборувавме до сега. Ќе охрабри поќе жртви да зборуваат во иднина и полека ќе се прават повеќе чекори за жртвите воопшто. И тогаш прашањата „зошто нема“ ќе се разрешат. Оти сега се блокирани од стигма. Ова на никој начин не ги става во лоша позиција жените жртви на насилство. Тоа што сега не ни веруваат, сега не осудуваат, сега прво во нас вина наоѓаат - не можи да оди на полошо. Пошто веќе е доволно лошо. И знајме како е да е доволно лошо. И најмалку шо треба да напрајме е да го набиеме и остајме истото чувство кај други жртви само зошто не делиме пол. Туку треба да се бориме сите жртви да добијат соодветна помош, па и изложеност доколку треба ( ако е загрозен случај па мора медиумска покриеност за да се извлечи правда, или донации со храна или привремен шелтер и слично). Пошто жртва е жртва и на крај на ден траумата боли кој и да ја доживува. И одземање на право на жртва да збора за својата траума е поразително и бордерлајн насилно.
Баш то реков! Како ти текна жити се'? Ти кажав во претходниот пост, зошто не се зборува и не се пријавува, посебно кај нас
Па организациите може да ги охрабрат жртвите да пријават со кампањи и активизам. Зошто не прават ништо? Или во круг ќе се вртиме испаѓа.
Е то ќе ги прашаш нив. И мене многу работи што (не) ги прават НВО-ата не ми се јасни Сигурно е нешто поврзано со буџет, инвеститори, пари, пари, пари...
Една што се занимава со таа тематика ја прашав. Одговорот беше нормално дека мажи жртви има многу малку и затоа нема потреба. И било кој да праша било кој од нив ќе ти го каже истото.
Нез еве читав статистика за САД, дека 1 од 3 жени и 1 од 4 мажи во текот на својот живот доживеале некоја форма на физичко насилство од страна на партнерот. Нема преголема разлика... Додека со тешки повреди 1 на 4 жени и 1 на 7 мажи. https://ncadv.org/STATISTICS
Се, ама се срамат да пријават дека "општеството" нема да ги гледа како мажи. Можам слободно да се кладам дека повеќето претрпиле некоја форма на насилство прво почнувајќи од тоа "не треба да плачеш, маж си"*. *Посебно во детството.