Ама зошто некој воопшто да се остави да умре, кога има начин да му се помогне. Абе се читаш ли што пишуваш?
Тебе треба да ти се забрани да коментираш на темата се додека не си решиш низа на лични психички конфлики, фрустрации и недоразбирања. Начинот на кој размислуваш воопшто не е во ред и најсериозно те советувам да побараш психолошка помош. Заради таквите како тебе, многумина не го сфаќаат феминизмот сериозно.
Пак како жртви на убиства од партнер доминираат жените во огромен процент. Тоа е многу битно и не е за занемарување. Во однос на ова 1 на 4 и 1 на 7 треба да се знае и кој вид на насилство влегол предвид, дали сите врски биле хетеро итн... Се согласувам со тебе, но би да додала нешто во контекст на ова. Бидејќи премногу луѓе сакаат да го мешаат феминизмот во негативен контекст, битно е да се запомни дека баш затоа што феминизмот се противи на тие патријархајлни и токсични догми дека мажот има право да биде насилен и му личи, индиректно истовремено се спротивставува на тврдењата дека маж што е истепан не е маж, е слаб итн. Тоа што мажите жртви се предмет на потсмев е резултат на долги години мисогинистички ставови, не благодарение на жените. Така што ако да, феминизмот им помага и на мажите и не е во ред да се напаѓаат феминистички гледишта бидејќи треба да се има на ум горенаведеното. Сите луѓе кои се залагаат дека жртвата е жртва веќе ти веруваат. Тие што не ти веруваат се тие кои не ги ни сфаќаат мажите жртви. Не може туку така да се случи таква радикална промена како што ти очекуваш дека ќе биде. Фактички твоето размислување е еквивалент на размислувањата на луѓето кои се плашат дека тоа што црнци или лгбт добиле некакви права они ќе изгубат. Нормално, мажите не се никаква маргинализирана заедница но во овој поглед се стигматизирани.
Тачно де. И многу понормално е да се залагаш повеќе за тие што им е е потешко и за тој проблем што е почест, не знам што е спорно тука. Како што сите паничевме од ковид да не заболиме и светот беше конценцтриран на тоа, а никој рецимо не се плашеше од денга или нилска треска да не заболи. Како што и на светско ниво се бараат лекови и терапии за болести кои се многу чести, многу повеќе отколку што тоа се прави за многу ретки болести. А и тие со рак и тие со ретки болести се луѓе нели? Неправедно е за вториве да, ама едноставно не можеш да го смениш тоа.
Не планирам да ти ги сменам мислењата, ама не заборавај дека во жртви од машка популација не влагаат само возрасни туку и деца. Како на пример ако дете од 14 години има секс со возрасна жена повеќето нема да гледаат на тоа како на педофилија туку како за пофалба.Така да барем и за децата да ти биде жал ако ништо друго...
Никој не негира дека мажите може да се жртви на физичко насилство. Постојат, меѓутоа во многу помал број статистички. Прво, според анатомијата и биологијата на мажите, мажите се поголеми и посилни. Според тоа, најверојатно и можат да се одбранат. Секако, генерално гледано. Постојат секакви жени, маваат шамари, удираат кај стигнат коа ќе се нервозни, имаше баш некој пишано да ја погледенете темата- кога заработил шамар. Е сеа, вие први ќе рипнете ако мажот и врати на таа што му лупнала шамар, иако според мене скроз заслужува. Муабетот ми е, има жртви, ама најчесто можат да се одбранат самостојно, за разлика од жените, кои ретко која жена може да му се спротистави на маж физички.
И ти како Лолипоп играте на карта деца. Секое дете треба да е заштитено зашто е дете и е ранлива категорија само по себе, без разлика на пол. И тука треба да реагираат институции за заштита на деца. Низ темата како што јас сфатив се провлекуваше родово-базирано насилство врз мажи. Сега можеш да уфрлиш и хомофобија ама таму веќе е друго-базирано, не родово. Овде збориме за насилство каде таргет е маж зашо е маж. Не зашто е дете, не зашто е хомо, не зашто е црнец. Туку кога спомна ова со педофилија баш читав еден текст, не знам каде и од кого ама вака нешто беше (од меморија пишувам) **Причината поради која педофилијата каде девојче и машко се жртви ги гледаме различно е втемелено во тоа како гледаме на сексот. Многу од нас несвесно на хетеро секс гледаат како чин кој машкото "го прави", а врз женското "се прави". Во смисла, машкото го води чинот, а женското е "предметот" (да напоменам дека под предмет мислам со јазично значење, нели оние подмет и предмет). Затоа и различно гледаме на сексуално насилство кога е маж или жена жртва. Кога жена е жртва, машкото секако е главен и го води дејството, ама жената не е и затоа може да не е согласна на тоа и во случајов не е и затоа таа е жртва. Кога жена силува машко лице, потсвесно сметаме дека зашто машкото повторно го води случајот и "го прави" сексот/силувањето "врз" женското, не може да биде жртвата маж, иако не е согласен. Сепак тој учествува во чинот кој го води и ја има доминантната улога во самиот однос и затоа под дифолт е согласен макар и дете да е, а жената субмисивната, без разлика на менталната согласност на двајцата.** Значи ова напишав како прочитав тогаш (не можев да го најдам сега текстот) и искрено се согласувам. Е сега од каде потекнува тој принцип на кој е главен кој не и во консензуален секс, не знам. И општо сум прочитала од луѓе, не знам дали во феминистички контекст пишано или не, дека во хетеро сексот не се еднакви двете страни, машкото е доминантен, патем и затоа постојат силувањата почесто врз жени. Отидов оф топик ама спомна педофилија кај машки деца и ми текна.
Втф? Кој смета така, ти? Факт е дека ептен помал е бројот на силувани мажи од страна на жена. Ама во тие случаи, дали само затоа што половиот орган му се дигнал, тоа е давање согласност? Тоа ти е логиката? Како бе не може да биде жртва? Како бе по дифолт е согласен?
Ја не знам дали сте по малкуцка неписмени или да? Ај прочитај го пак ЦЕЛИОТ коментар. Текстот меѓу ѕвездичките го напишав како што памтам кога читав и се однесуваше ЗАШТО на тие случаи што викаш ти, многу не гледаат дека се силување. Значи авторот на текстот не вика дека тоа не е силување, туку објаснува дека на многу луѓе им е погрешна перцепцијата за сексот и затоа гледаат така и не го сметаат чинот за силување како што пишал. Авторот само ја објаснува позадината на тие двојни стандарди.
Сакаш да ми кажеш дека утре ако маж или еве, да ставиме акцент на жена ти го испофаќа или му „седне“ на син ти, ти ќе му кажеш: „Е па тоа е сине, ти го направи/водеше чинот, не жената.“?! Ако не, нека оди тој да ѝ се извини нејзе?! Па и овие филозофирања со биологии и психологии на доминација, надмоќ. Да се обидам тогаш да го оправдам ставот зошто жените не треба да се разголуваат за да не бидат силувани со помош на горната логика за мажите: Биолошки мажите се создадени да се ловци, а жените еволуирале во пожелен плен, односно им се привлечни на мажите. Тоа значи дека ако жена се разголува, свесно или потсвесно покажува дека сака да биде ловена, па затоа не се смета за силувана кога мажот ја пенетрира. Или вака не одговара оти те загрозува тебе?! И не, нормален човек ни свесно, ни потсвесно не мисли дека маж го води „случајот“ кога жена силува маж. Ова е врвот од сѐ што прочитав на темава. А уште позапрепастувачка ми е сигурноста со која ги излагаш тврдењава, без да застанеш малку и да размислиш како звучи од другата страна, кога некој би ти го сервирал ова тебе. Не се работи овде за излагање факти како што си се тешиш, туку за барање информации и нивно испревртување/толкување за да си го оправдаш твоето верување. Не се работи овде за гледање на целата слика објективно, па формирање на став/мислење, туку се работи за толкав егоизам, самоцентризам, толку заслепувачки, што е имун на било каква критика од етички аспект: воопшто не те ни тангира, човече. Со други зборови: не постои ништо друго освен јас, јас, јас, јас, јас, јас, јас и моите потреби. Твојот идеален свет никогаш не би успеал, затоа што колку повеќе омраза покажуваш кон некој, толку повеќе ќе добиваш омраза и кон тебе. А немој да се тешиш дека ова твоето е било што друго освен омраза - нема друго објаснување за тоа колку може да си рамнодушен и дури и да се ситиш на страдањата на друг, под прикритие дека е од грижа за твојот пол. И не се трудам да развијам дискусија, оти тука не постои дискусија, туку само издувен вентил од твоја страна. Пишувам затоа што сум револтирана: сум слушнала секакви ставови, ама толкава нечовечност ретко се сретнува.
Прочитав две реченици и одма сфатив дека и ти малкуцка не го сфати постот. Ај пак да соџвакам, да го голтнам, па и сварам и искакам. И вода ќе пуштам да отиде. Текстот помеѓу ѕвездичките не го велам јас и не можев да го копирам зашто не можев да го најдам сега него го напишав од меморија. Текстот беше напишан од личност која не вели дека некакво, било какво силување е оправдано. Авторот кажува која е позадината, коренот, психологијата, како сакаш кажи зад тие двојни стандарди. Значи кажува зашто некој оправдува силување на машко дете, односно кажува што е втемелено зад тоа гледиште. И повторно авторот не се согласува дека машко не може да биде силувано, само оди подлабоко во мозокот на тие луѓе што оправдуваат. Е кога пишав дека се согласувам, всушност се согласувам со тоа дека да, стварно луѓето погрешно гледаат на сексот и дека да, стварно ради тие гледишта за жал машките деца не може да бидат жртви во нечии очи. А не дека сама сметам дека не може да се жртви. Значи... Се согласувам дека причината зад двојните аршини е погрешната перцепција за сексот. Е тоа значеше моето "се согласувам" А не - се согласувам дека машките си го бараат. Оти поентата на авторот е да ја анализира позадината. Кажува како другите гледаат на силувањата, не самиот автор.
А дали мислиш дека треба да се трудиш да стекнеш поисправна перцепција за сексот, со цел да немаш двојни аршини? Пошо имаш...
Во ред, се извинувам што не сум сфатила, повлекувам сѐ освен последните 3 пасуси, кои се засновани на останатите мислења од тебе, а и твои мислења што сум ги прочитала претходно.
Ко шо ти е тебе погрешна перцепцијата дека не треба да се помогне на маж-жртва зошто се помалкубројни такви случаи.
Жените стигнаа до ова дереџе заради што мажите размислувале на ист начин начин како Манч само обратно. Жената си заслужува, жената треба да е подолу од мажот, жената е секогаш слаба, крива и помалку вредна. Манч го кажува истото ама за мажите. Таа поделба според пол се покажала како погубна во минатото и во сегашноста, иако фала му на Бога, сега времињата се подобрени за разлика од минатото... треба уште ама подобро е. Се додека сме сите еднакви, ќе има подобар свет, се дури се делиме на појаки, послаби, поважни и поневажни, покутри и понекутри, нема напред. Секоја индивидуа заслужува да биде безбедна, почитувана, сакана и вреднувана без оглед на пол, ама за жал има вакви личности како неа и како еден куп други мажи и жени кои размислуваат како неа, и тоа е голема кочница кон подобар свет.
Не знам каде ги добиваш информациите дека нема кампањи, или дека се гледа како проблем само за жени, или дека нема советувалишта или шелтерс за мажи. Мислам дека си читате информации само како што ви одговараат. И да не ја трупам темава со уште еден куп слики од кампањи. Во секоја развиена земја се работи и со мажите жртви, се зборува јавно дека не треба да се срамат да бараат помош, дека нема да се помалку мажи ако признаат дека жената ги тепала и малтретирала. Да, помал број се од жените жртви, тоа е факт. Ама никој нормален не размислува дека ако мажите се третираат како жртви, жената нема да може да добие соодветна помош ако и таа заврши како жртва во domestic violence.