Еи прашај го какви се тие специјални бои, па пиши овде.. Или ако некој знае за таа хартија Инаку ги обожавам маичкиве
И јас ги обожавам маичкиве,толку ми се јаки , кога некој носи ваква маичка јас зјапам за да прочитам што пишува. Eве неколку маички :
Поштувам маица со кул апликација, без разлика дали е слика или текст. Немам печатено до сега, може некогаш. Вакви маици први ги издигнуваат од продавници.. Криво ми е што ги испуштив мачките а ла Вуди Ален во Менада, тоа ми е добра идеја за маичка. :geek:
^ Се надоврзувам на твојот пост погоре. Растев како што растеа ликовите во книгата. Поразувајќи го Волдеморт од година во година, Хари ја освои мојата лојалност до самиот крај.
Во Скопје јас испринтав маичка на зелено пазарче, т.е. пред да влезеш внатре на тезгите на зелено пазарче. Влегуваш во пазарот и на почетокот ги поминуваш тие кифлички што продаваат, продавница за миленици знам има и одма десно вртиш и ќе видиш зграда и продавничка за клучеви, за натписи и слично. Или прашај на пазарчето каде има клучар во близина и сигурно ќе те насочат кај овие со маички што принтаат зошто мислам дека единствени од таа област таму.Инаку за пари, зависи од тоа што планираш да испринташ. Нивна маичка е 200 и плус натписот зависи колку е долг. Ако е два реда тогаш е 200 ако е подолг, поскапо ќе те фати. Поздрав
дада може, тогаш само принтањето на буквите или апликацијата ќе ти ја наплатат.За еден ден откако ќе им ја дадеш маичката, може да си ја земеш