1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Макарони

Дискусија во 'Рецепти' започната од 2468, 5 октомври 2010.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Потпечени можеш да ги правиш со што ти душа сака :lol: виршли,кобасици,шунка,печурки,кашкавал,сиренце.,мелено месо итннн..
    Јас кога ги потпечуван никогаш претходно не ги варам...ги ставам од пакетка вп плехче ,им ставам кисела вода-колку да ги облие,па од она со што мислам да ги правам,убаво мешам, и на крај ставам јајца и павлака/јогурт/к.млеко -што имате---измешани со јајцата 2 се доволна и врз макароните пак промешувам...потоа кога ќе бидат при крај им рендам кашкавал одозгора да се растопи :inlove: кога ќе нема вода во макароните-значи готови се :!:
    Инаку обожавам и една салата со макарони-оние најситните,се варат значи ,и ставаш ситно сецкани-шунка,кисели краставички и печурки и малку мелен бибер и сол,додаваш мајонез-и прсти лижиш :inlove:
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Макарони со bolognese sos

    Потребно за 4 порции

    1. 500гр мелено месо (мешано, свинско-телешко)
    2. 2 моркови (ако се големи) ако се мали може и 3-4
    3. 1 голема главица кромид
    4. Доматис
    5. Путер
    6. Сол и црн пипер
    7. малку вагета
    8. малку оригано

    Подготовка

    Во тава за пржење ставате од путерот (колку тавата да се подмачка). Кромидот го сечкаме на мали трклаца, морковот се лупи и се сечка на малку кругови. Откако путерот ке се растопи ги ставаме кромидот и морковот во тавата. Ги пржиме додека не добијат малку црвена боја (се познава најдобро од кромидот) , ги тргаме настрана (ги ставаме во друга чинија). Додаваме уште малку путер и го додаваме меленето месо. Месото со помош на дрвена лажица (или со алатка за готвење) го претискаме додека не добие ситна форма на мали крукчиња. Кога месото ке добие светло кафеава боја и е исетнето ги додаваме морковот и кромидот. Пржиме ѕаедно 2 мин и го додаваме доматисот. Посолуваме и додаваме малку црн пипер, вагета и орегано.
    Сето ова заедно на средна температура го оставаме да се пржи до 15 мин.

    Кога макароните ке бидат готови ги ставаме во длабока чинија, додаваме една лажица од сосот и рендаме пармезан (може и обичен кашкавал, а и не мора). и украсуваме со магданос.

    П.С по желба можат да се додадат и други зачини

    Пробајте го лесно е а многу е вкусен. Битно е да се пржи со путер така зеленчукот и месото го задржуват вкусот :)

    Добар апетит :)

    па ако го пробате пишете дали ви се допадна :)
     
  3. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Преместила го тука рецептот :) Иначе воа е бологнезе сос и се додава на варени макарони :)
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Макарони со сечкана туна

    • 1кг. макарони
      85гр. сечкана туна
      1 китка свеж магдонос
      100гр. кисела павлака
      вода
      сол
      масло
      маргарин

    Во литар посолена и зовриена вода додаваме малку масло, ги вариме макароните 15тина минути и ги оставаме во тенџере да набабрат. Потоа ги цедиме и ги оставаме да се оладат.
    Во меѓувреме ја подготвуваме смесата за прелив. Во сад се мешаат павлаката, туната и магдоносот, кој претходно ситно сме го исечкале. Посолуваме по вкус.
    Садот за сервирање го премачкуваме со маргарин и макароните ги мешаме со смесата за прелив.
    Се зачинува по желба, а би можело да се послужи и со пржено јајце на око.
     
  5. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Тато ми правеше едни многу вкусни макарони:

    Макароните се стават во тенџере со малку масло. Се пржат. Некои од макароните добиват златиста боја. Се налива вода да се покријат. Става се малку сол и се остават да омекнат. Когато се готови, се прецеждат, се става сирене и маргарин.
    Посебно во тавче се става масло да покрие даното. Когато загрее маслото, се става црвен пипер. Се меша непрекснато[​IMG], да не загори. Когато започне да намирисва на пржен пипер (не загорен) се претура во макароните и трева да се слушне шушкане.
    Се мешат убаво и по желба може да се порасат со ситно исецкан магданос.
     
  6. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    читам потпечени ги варите предтоа, јас цело пакетче го ставам во тавче поголемо, чаша зејтин околу 100 мл убаво промешувам, 4 јајца матам со 500 мл млеко и 500 мл кисела вода го истурам и го мешам, се пече на 180 па на 150 степени едно 45 до 60 мин! ставам и сиренце некогаш и си го комбинирам со јогурт многу е убаво!!!
     
    На Dona-Ares му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Лина не ли е малце мрсничко со цела чаша зејтин? Не сум пробала така, претходно си ги варам, а и многу ми е некако да чекам еден саат :)
    Можеби ќе пробам кога ќе имам повеќе време, ама без зејтинот
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас ги правам на сличен начин, само со помалку зејтин, ова некако многу е :( Истурам зејтин низ целото тавче колку да биде премачкано, потоа следи истата наведена содржина само јас додавам и сецкана салама.
    Инаку вака па мене ми е полесно, истурам се` во тавче и печам, чиста работа :D
     
  9. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Од оние малечките макарони што се, ги варам малце, полуготови да бидат. Во тавче настрана во зависност од количината на макароните, ставам маргарин да се стопи и во него додавам малце брашно од око, и млеко малце. Посебно матам едно јајце, и кога ке биди оладена смесата со маргаринот јајцето го дотурам во него, и рендан кашкавал и сето тоа се меша заедно со макароните, и одгоре пак му рендам кашкавал и се пече, и одозгора иди крцкаво а внатре се сочни. :)
     
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    30.188
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека мојот рецепт го има, но сличен не ист...
    Макарони со кисела вода
    Потребно:
    1л.кисела вода
    1пак.макарони
    3-4 јајца
    1 филџан масло
    1 филџан млеко
    сирење/кашкавал по вкус
    сол по вкус
    Подготовка:
    Се истураат макароните во тавче, се истура и водата врз нив па се промешуваат убаво. Се додаваат млекото и маслото и повторно се меша. Претходно изматените јајца се истураат во тавчето и добро се меша за смесата да се соедине. Се ренда кашкавалот/сирењето, се промешува и повторно се ренда за одозгора да се потпече истото. Тавчето се става во претходно загреана рерна на 200 - 250 степени. Се пече 40 -45 мин. се додека им изврие водата.
    ДОБАР АПЕТИТ!!!
     
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Ги јадам, најчесто си правам 3 врсти, макарони, шпагети и тортелини па со рендано сиренце озгора и мх мх мх прсти да излижеш :P
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.878
    Допаѓања:
    102.896
    Пол:
    Женски
    Еве да кажам јас како ги правам макароните :) Прво ги варам ( секогаш внимавам да не ги преварувам ) па потоа ги ставам во земјено тавче и им додавам сос ( јас најчесто го користам лутиот од Барила ) и рендано сирење. Ги мешам и тоа е тоа. Се печат на 150 степени околу 20 мин.По желба може и сирење да се додаде.

    [​IMG]

    [​IMG]

    тарааам! :)
     
    На mims-89 и Sanela94 им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Од многуте рецепти коишто ги прочитав, искомбинирав неколку и еве го мојот конечен рецепт за макарони.
    :)
    Ги зготвив за моите, испаднаа преубави, ене ги, задоволно мљацкаат.
    ----------------------------------------------------------------------------------
    1 пакетче макарони од 500 гр.
    половина шоља зејтин
    половина шоља млеко
    дробено сирење или урда
    свински врат или какво било пушено месо, сечкано на коцкички
    сол, вегета, бибер, оригано по вкус
    маргарин или путер
    кисела вода
    ----------------------------------------------------------------------------------
    Во подлабоко тавче подмачкано со маргарин се истураат макароните.
    Се додава половина до една шоља зејтин (зависи колку сте по мрсничкото) :lol:
    Се меша со дрвена лажица.
    Во подлабока чинија се мешаат дробеното сирење или урда со пушеното мевце на коцкички (намерно пушено затоа што дава многу убав шмек на јадењето). Се додаваат три матени јајца кон смесата.
    Убаво се меша и се полеваат макароните, кои повторно фино се мешаат со смесата, убаво да се соедини.
    Се додава бибер, сол и вегета по вкус.
    На крајот се истура кисела вода, доволно да ги прекрие макароните.
    Се печат во загреана рерна на 250 степени околу 35 минути.
    Кон средината на печењето, за да бидат помеки, се става по некое парченце тук-таму маргарин или уште подобро путер и оригано.
    :)
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    30.188
    Пол:
    Женски
    :up: Моите омилени ги сакам најмногу и секогаш ги правам на овој начин со додатоци или без, СУПЕР СЕ!!!
     
  15. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    моето најомилено јадење
    со туна со мајонез кромид,печени варени секакви ми се убави :inlove:
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Најмногу си ги сакам варени и си ги правам на неколку начини:

    1. Најпрвин ги варам, па ги цедам и ги поливам со врел зејтин и така го зачинувам со ваѓета си додавам кисела павлака, сецкана шунка, мешан варен зеленчук и така си се прејадувам :lol:

    2. Истата постапка како од погоре за варење на макароните само наместо зејтин додавам маргарин и така да се стопи со макароните, а во меѓувреме приготвувам сос на следниов начин: запржувам кромид, му додавам ситно сецкани патлиџани и така оставам да покрчка некое време и додавам една туна и така оставам да си покрчка некое време и потоа го додавам на макароните.
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Макарони и шпагети ич не сакав и не јадев. (Сите ми се чудат ама еве мене не ми се вкусни). Макарони почнав да јадам во студентски ама пак не ми беа по мерак. Единствено ми се вкусни сварени, па потпечени во плекче со размешано сирење и одозгора со рендан кашкавал. Ама тоа го јадам 1 во годината до 2 пати максимум.
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.109
    Зачинети макарони

    Потребно е:
    Пакетче макарони од 400- 500 гр,
    2 лажици путер
    1 лукче сецкано
    1 главица сецкан кромид
    1 павлака
    малку млеко
    200 гр пармезан
    чили пудра, бибер, сол, рузмарин

    Сварете ги макароните во доволно солена вода. Процедете ги и измијте ги со ладна вода за да не се залепат. Во тава стопете го путерот и додајте го лукчето а потоа и кромидот. Пржете на тивок оган, да се карамелизираат. Додајте малку млеко, и промешајте. Павлаката добро измешајте ја со вилушка и додајте ја во кромидот. Посолете, додајте чили пудра, бибер, рузмарин и мешајте. Ако сакате попикантен вкус, претерајте со чили пудрата или ставете лажица лут црвен пипер додека се пржи кромидот. На крај, додајте ги ладно цедените макарони и мешајте. Додајте го пармезанот и покријте ги со капак, за да се измеша добро сосот со макароните.
    Служете ги топли.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Пица-макарони.

    Потребни состојки:
    -Едно или две пакетчиња макарони(зависи за колку лица)
    -Шунка
    -Кашкавал
    -Шампињони
    -Ќечап
    -Зејтин, сол

    Прво во тенџере ги вареме макароните. Одкако ќе се сварат ги цадиме и ги ставаме во ќерамички сад. Потоа во садот со макарони додаваме ќечап, рендаме шунка и кашкавал и сето тоа го разбркуваме убаво. Потоа во тава со малку зејтин ги ставаме шампињоните и оставаме малку да се пржат, околу 1-2 минути. Ги додаваме и шампињоните во садот и повторно разбркуваме убаво. На крај рендаме кашкавал и го ставаме садот во електрично шпоре на температура од 150 степени. И кога ќе се вцрви кашкавалот, готови се.
    Пробајте, има прстите да си излижете. :)
     
  20. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    И не е баш некој рецепт,ама за 13 годишно девојче добро се снаогјам.Еве вака обично сварени макарони или шпагети сеедно се цедат им се додава малку зејтин и се загреваат на оган околу 2-3 минути.потоа се тргаат од оган и им се додава павлака и се мешаат и после пак им се додава кечам и мајонез и повторно се мешаат додека не се добие како розеникава боја и се зчинуваат со оригано а може и без.
    А може и по вкус да се додаде кашкавал,шунка,сирење,значи рецептот не е ограничен.Јас вака можам да изедам цело тенџере иако можеби сега ви изгледа грозно ,но е прсти да излижеш :D :D :D