1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Макарони

Дискусија во 'Рецепти' започната од 2468, 5 октомври 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Овој начин ми е дефинитивен фаворит.

    Макароните се варат и се ставаат во тавче. Им се додава павлака, зачини и се што сакате или по мене се што има во фрижидер и може да се искомбинира. Последниот пат јас им ставив печеница, домати, маслинки и сирење. Одозгора се ренда кашкавал, може било каков ама мене ми е најубаво со овчи дава супер шмек. И одозгора тајната состојка, кршени ореви. Се става да се запече, додека кашкавалот не порумени околу 15 мин. и после се ужива.
     
    На mici-22 и maca99 им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.171
    Еве ја денешната моја измишљотина со макарони, за ручек:

    Потребно ви е:
    1 пакување макарони
    сувомеснато месо (јас имав малку пушена сланина, некој свински врат и останат малку кулен)
    главица кромид
    доматно пире (ако е од тегличка, доволни ви се 5 лажици, а ќе го разредите со вода при пржењето)
    пармезан
    масло, бибер, сол, оригано.

    Поедноставно здравје! Сварете ги макароните и оставете ги топли во тенџерето.
    На тивок оган пржете го кромидот додека не стане мек и стаклест, и додајте му го сечканото сувомеснато, на ситни коцкички. Мешајте додека не почнат да прскаат и крцкаат мевцата. Налејте доматно пире, малку вода, бибер, сол и оригано и оставете да крчка 10тина минути на тивок оган.
    Потоа потурете на макароните и наросете пармезан.
    Бон апетит.
     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Ја вака ги првам ги варам, и ги цедам ставам во ѓезве зејтин да зоврие и откако зејтинот е готов ќе ги попарам макароните. Секогаш ги јадам рзлично со томатели, со сирењр, зависи од тоа што имам во моментот дома...
    иначе знам и откако ќе ги сварам да ставам дел од нив во табичка и одозгора рендано сирење, потоа пак си повторувам и ги печам додека не зацрвент...
    и на крајот нај убавиот дел.. ГИ ЈАДАМ :lol:
     
  4. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    НАЈ омилено јадење,ммммм ги обожавам,најмногу печени со сирење павлака и јајца ,прво варени па печени :)
     
  5. ivanshe

    ivanshe Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Еев од мене рецепт за правење макарони со сос карбонара, всушност можат и шпагети да бидат или таљатели или фарфале тоа е по ваш вкус.

    Потребни состојки:
    сланина
    печурки ( по можност свежи)
    хопла (солена)
    кари зачин
    вегета
    пармезан

    Ги сечкате печурките и сланината и ги ставате да се запржат на масло ( јас обично ја ставам прво сланината зашто печурките пуштаат вода, па подоцна и печурките ги додавам). А заборавив пожелно е пред да се стават, печурките да се посолат со сол. Пржите така 10 минути од прилика па потоа ја додавате хоплата и мешате, хоплата ке почне постепено да се згуснува, ставете половина лажичка сол, вегета и кари по вкус. За 5 до 10 мин тргнете го сосот од огин, некои ставаат јајце на крај во сосот но јас не практикувам. Вака подготвениот сос го ставаме врз веќе подготвените макарони, по желба ставете си пармезан и уживате :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Вака јас си правам макарони и мене многу ми се вкусни

    - 500 грама макарони,
    - 1-2 моркови
    - лук
    - босилек пола лажичка
    -сол
    - зејтин,
    макароните се варат и се цедат, потоа во тенџере ставаме зејтин го ставаме лукот пропржуваме колку да го пушти мирирсот, потоа го додаваме морковот го пржиме додека не омекне, потоа во тенџерето ги додаваме макароните и ставаме малку сол и босилек, се пропржува малку и се трга од оган, доколку сака некој може да си достави уште нешто не мене и вака ми се добри,

    Уште еден мој рецепт

    - 500 грама макарони,
    - 1 главица кромид,
    - томатело или друг сос од домати
    -бибер,
    -сол,
    - малку шеќер,
    -оригано или босилек,
    - зејтин

    макароните се варат и се цедат, потоа во тенџере се става зејтин, се става кромидот се пржи колку да омекне, потоа се додава томатело или доматен сос, се става бибер, сол, малку шеќер, оригано или босилек, сето тоа се остава да се вари, кога ќе се згусне колку густината да биде за сос се трга од оган и во тенџерето се додаваат макароните и се меша сето и може да се послужи,

    Еве еден рецепт го имам направено 2-3 пати многу е калоричен па го избегнувам

    - 1 пакетче макарони,
    - лук,
    - 1 морков,
    - путер,
    - 200-300 грама пилешко бело месо,
    - 200 грама кашкавал,
    - 250 мл павлака
    - сол
    - босилек

    макароните се варат се цедат, потоа во тенџере се става путерот да се растопи, се пропржува лукот за да пушти мирис и се додава морковот се пржи малку и се додава месото, се пржи и се додава сол, босилекот, откако ќе се испржи месото се додава павлаката откако ќе се добие хомогена смеса се додаваат макароните и се меша, потоа го ставаме ренданиот кашкавал и се меша додека не се стопи кашкавалот и не се добие хомогена смеса ,

    Пријатно јадење, да кажам и ова е моето најомилено јадење а го правам на илјада начини поточно комбинирам тоа што имам во моментот кога ги приготвувам.
     
    На mici-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Макарони со шримп и брокула

    Овој начин ми е најбрз и наједноставен, а изгледа многу убаво особено ако ви доагаат гости. Значи ги варам макароните посебно, ги цедам и мијам да не се залепат. Во посебно тавче потпржувам на маслиново масло ситно сецкано лукче, кој колку сака може да си стави, и ги додавам брокулите, ситно исецкани, но без никакво варење претходно, им додвам малку вегета и црн пипер. Ги пржам кратко колку да омекнат и таа смеса ја додавам кај макароните. Шримпчињата исцистени од опашките, зависи какви ќе купите, некои се веќе исчистени, но некои не, ги пржам исто на малку маслиново масло околу 5 минутки и им додавам малку бело вино, околу едно филчанче за кафе. Им додавам сол и оригано. Кога виното ќе изврие ги додавам и шримповите кај макароните и брокулата и сето тоа го мешам. Внимавајте само да не претерате со варењето на шримпот оти може да стане тегав. На оваа смеса му додавам пармезан и воала.. Изгледа многу убаво а и на вкус е многу лесно и свежо.
     
  8. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Обожавам да јадам макарони и најчесто ги правам вака-сварени и исцедени макарони ги ставам во истото тенџерче во кое што се варени и додавам исецкана салама/шунка (по ваш избор) ,исецкан кашкавал,сиренце и 2 живи јајца.Сето тоа се меша околу 2-3 мин.на јак огин.Овие исецканите работи си ставате колку сакате по ваша желба.
    А да напоменам дека јас си ставам по 1 јајце,наместо 2 (мислам дека се многу).

    Ги научив од другарка ми и прв пат ги јадев кај неа и накрај кога се најадов ми кажа дека има живо јајце,да знаев немаше да ги јадам :D а сега ми се омилени :lol:
     
  9. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    На многу начини ги правам макароните ...значи варени со туна , со зеленчуци , со доматен сос, шунка , кашкавал ,кечап и мајонез ...... печени со сирење , имам правено и манџа со макарони и компир , руска салата исто ;)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Обожавам макарони, ги сакам со се, и секакви :)
     
  11. 1bunny

    1bunny Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    20
    Лиги ми направивтее :) Обожавам макарониииии ..
     
  12. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Мммм макарончињаа :inlove: најнајомилени ми се малецките макарончиња со мноогу кашкавал во нив и кечапче. рендаш кашкавалче, врз тоа малку вруќи макарончиња, после пак кашкавалче, па пак макарончиња и така. Јас си ги јадам со лажица, со вилушка неможам да ги дофатам! :lol: Ее ова за мене е рај!!!
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сакам макарони и шпагети ама повеке макарони..
    највеке ги варам и со кечап и сирејне..
    а кога можам ги правам со риба конзерва,убави се и така..
    па со мелено месо....

    друго не знам :)
     
  14. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    За обожавателите на макарони еве уште една идеја
    макароните нормално сварени со масло и вегета,водата исцедена,а на страна во жешко масло ставате суво лебче искршено на парченца и малку попржено,колку да се стврдне малку
    така жешко лебчето ставетего во жешките макарони и промешајте.мммммммммммммм :rock:
    барем мене ми е мнгу вкусно :$
    некој ке рече леб со леб,ама убаво е :tmi:
    пробајте ;) ;) ;)
     
  15. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Другарками прави најубави макарони! Сега ми потекоа лиги!
    Макароните ги вари, одкога ќе ги извади од варење,во нив става маргарин малце, сусам, и мајонез.
    Одкога ќе се послужат, им ставаме и домашен кечап.. :mm: :mm: Пробајте феминки, преубаво е!
     
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ммммммммм макарончина обожаваммм варени, со сиренце и кечап, па потпечени некогаш со некое сосче, кашкавал и печурки и мелено мевце, а можи и со пилешко убаво е многу често ги правам и на секаков начин обожавам макарончина.
     
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Во последно време сум тотално зависна од нив. Еден оброк ми е задолжително макарони со кечап и сиренце или со печурки. мммм
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Ги сакам со павлака, томатино и ситно сецкана салама и кашкавал(кој го ставам додека се топли да се растопи).
    Може и со павлака и шампињони.
    А најсигурно со томатино и рендано сиренце.
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Јас не ги сакам,јас ги обожавам. :inlove: :inlove: Ги јадам на секаков можен начин.
    Туку да прашам јас нешто.Еве дома си варам макарони,и планирам да ги потпечам со јајца и сирење,е сега сакам да ве прашам дали ќе бидит убаво да им ставам и шампињони? Ми велзе мене рогот во печуркиве :$ :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    многу ги сакааам...посебно со павлака или кашкавал :)
    никогаш не им ставам кечап,мислам дека го расипува вкусот :)