Омилени ми се Ги сакам варени и само со кечап или сирење, потпечени во плех со кашкавал, салама и малце оригано (имаат вкус на пица).. Варени па после малце подпржени во тава со кашкавал и пршут. И салатата од макарони ми е омилена Спојлер Ми се пријаде
Обожавам макарони. Најчесто ги правам на следниов начин: Најпрво ги варам макароните во вода со масло и сол. Во меѓувреме во подлабока чинија рендам салама,сирење,2 варени јајца и додавам јогурт ( по желба) и мешам. Откако макароните ќе се сварат,ги ставам во тепсија,ја додавам смесата и се печат додека да се зацрвенат
Диетални макарони Во маслиново масло се пропржува малку лукче( ако не сте љубители може да ставите цели чешниња, па по 2-3 мин. да ги тргнете од маслото), се додаваат 2-3 домати претходно излупени и ситно исецкани, сол, босилек, бибер или што ви е по желба. Се динста кратко време и се додаваат сварените макарони. Е сега не е лошо да се додаде пармезан или сирење одозгора, ама ако сте на диета, подобро не! Јас си ги правам често, посебно во лето!
Девојки, кажете ми некоја вкусна салата со макарони, мајонез, павлака и останати состојки. И по можност и фирмата на макароните (да бидат вкусни), затоа што последните кога ги земав (оние ситните) воопшто не ми беа вкусни.
Па баш со ситните макарони се прави салата. Ќе ги земеш од Дивела, се варат убаво не се растураат и се вкусни. Ќе ги свариш ... Настрана ќе исецкаш шунка ситно, кисели краставички ситно ... се тоа ќе измешаш со макароните ќе додадеш сол малку, бибер, павлака и мајонез. Брзо се приготвува и е многу вкусна. Можеш и печурки ситно сецкани да ставиш ако си љубител.
Еднаш направив со оние од Кам (не ми текнува коа фирма беа), а последните што ги земав беа Дивела. И не ми се допаднаа воопшто. Којзнае, може постари ако биле. Ајде баш ќе купам, ама од оние со форма што се како школкички ситни и ќе гледам да бидат најтазе.
Последен пат ги правев вака,да сменам малку.Супер испаднаа Потребно ви е- 1 тиквичка 1 домат 1 главица лук(јас ставив помалку ,многу ми беше ова ) Сирење Сол Бибер Зачини *На маслиново го пропржувате лукчето,потоа ситно исецканата тиквичка,на коцки.Се додава сол,бибер,вегета,и се динста додека тиквичките не омекнат. Потоа се додаваат претходно сварените макарони,па доматот исто исецкан на ситни коцкички. Кога се сервира се сервира со сирење-поубаво изгледа исецкано на коцки одозгора и јас додадов оригано.
Девојки јас обожавам тестенини на секој можен начин само да не се многу зачинети со бибер, вегета, босилек и слично. Јас ги правам на следниов начин и тоа е лично мој рецепт -500гр макарони (преферирам дивела, во било кој облик, само не ситни) -1 чашка мала павлака 1 лажица маЈОонез -лук во прав по желба -1 лажица гриз -пармезан по вкус - сол и малку масло Макароните се варат, се процедуваат и повторно се стваат на оган, на страна загевам масло, откако ке се загрее му го ставам гризот да се пропржи и сето тоа го ставам во макароните за огран да почни да се запржува и убаво мешам. На страна го правам сосот: павлаката, мајонезот, лукот, пармезаот маслото и солта ги мешам убаво со лажица за да стане хомогена смеса. Сосот јас го ставам како прилог за секој да си стави колку што сака врз тестенините...........мммммммммммм превкусни се. можам да јадам два дена од ова . ПОРБАЈТЕ НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ!
Јас вчера праев од овие и многу им се допаднаа на моите Макароните го вариш и во водата малце зејтин ставаш и нормално сол. сосот Бело месо го сецкаш на ептем мали парчиња а количина по желба го пржиш заедно со печурките кога е пржено малце вода му ставаш во тавата и хопла и чекаш 2-3 мин и после сосот го ставаш во тенџерето со макранони и послужуваш ама многу е добро (и нормално солена хопла т.е. за макарони )
Денес ден за Јаглехидрати, значи ќе се јадат Макарони или Шагети, сеисто е според мене. Еве го мојот рецепт за тешки диеталки како мене 150-200 грама од тестенините по избор или ако се шпагети најлесно ми е го делам снопчето на 4 и земам една четвртина сос од патлиџани, домашен или конзерва пелати или доматно пире лукче по желба мајчина душичка или оригано сол и бибер малку балсамико Се варат тестенините но не додека да омекнат, точно онолку колку што пишува на кесичката, иако ќе ви останат полуживи можеби. Во меѓувреме или претходно зависи колку сте спретни во работата, на масло маслиново потпржете си лукче во ливчиња исецкано или уште поситно, ако не сакате да го јадете лукот цели главици лук евентуално на две пресечени по должина потпржете ги и откако ќе бидат готови извадете го лукот. Додавате мајчина душичка ливчиња да се пропржат и ако исто како со лукот, не сакате да го осетите во уста ставете цели гранчиња и потоа извадете ги, или едноставно ако не сакате мајчина душичка ставете само оригано, јас денес ќе ги готвам со оригано бидејќи немам мајчина душичка. Истурете го сосот во маслото, доколку користите пелати од конзерва рачунајте дека после пржењето ќе треба да идат во блендер, а доколку користите доматно пире треба да додадете вода за да се направи сос. Пред крај додадете една кафена лажичка оцет балсамико и зачинете со сол и бибер. Полуварените, односно според производителот варените, тестенини префрлете ги во тенџерето со сос и продолжете да варите додека не испари делумно сосот. За оние кои не се на диета може да послужите со рендан пармезан или биено сирење, кое искрено не го менувам за ништо на светот.
eve i od mene nesto znam 1000 recepti i ovoj e mn vkusen.svari makaroni vo vodata stavi lovorov list i posoli.potoa ostavi gi vo cedalna da se iscedat ubavo.vo tavce stavi konzerva tuna da se proprzi zaedno so masloto vo nea i dodadi edna lazica margarin.stavi gi i makagonite i przi taka edno 3 min.potoa trgni gi i sitno iseckaj edna glavca kromid malce kiseli krstavicki i nekolku lazici majonez stavi.zacini so origano,staj poveke malce so sol i biber sekako. probajte mn e ubavo [mod-kirilica:1eccjhvd][/mod-kirilica:1eccjhvd]
Моите омилени!Го запржуваш вргањот,а исто така може и шампињони ама живи,не саламурени и тоа во путерче најубаво,додаваш по желба малце ситно сецкана сланина и пржиш се додека не се вцрви сланинчето,а печурките не омекнат(обично им треба 15/20 минути),па додаваш течна неутрална павлака(ја има во маркетите,доволно ќе ти биде за двајца и најмалото пакување),додаваш по вкус вегета,сол,и промешуваш уште едно десетина минути на оган,ги сипуваш врз сварените тестенини.Мњааамии !!!
Значи не знам за вас,но за мене си знам дека најубаво нешто на свет ми е(И што го јадам секоја недела скоро) макарони со сирење и домашен кечап
Доколку вргањот е сушен (дехидриран), прво треба да го оставиш околу 20-тина минути во млака вода да омекне. Потоа, на путер пропржи кратко малку лук, не ситно сецкан, туку покрупно. Кога лукот ќе почне да заруменува, исфрли го од садот (лукот се користи само за да се добие поароматичен вкус) и додај го убаво исцедениот од вода вргањ.Остави го да се пропржи и потоа додај малку бело вино, црн бибер и сол по желба.Јас во сосови за паста не ставам вегета, ми нема логика Кога виното речиси сосем ќе испари, тргни го садот настрана и додади ја неутралната павлака (хопла) со постојано мешање. На крајот можеш да додадеш малку ситно сецкан магдонос. Кога ќе ги измешаш макароните со сосот врати го повторно за кратко садот на рингла, за пастата убаво да се соедини со сосот, но не повеќе од 1 мин. За крај, нароси ја пастата со пармезан.Најубаво свежо изрендан, но може да ти послужи и готов пармезан во кесичка.
јас ги правам на многу наЧини со разлиЧни сосови но еден од најомилените и наједноставните ги варете макароните јас најЧесто користам од тие намалите. откако ке се сварат ги ставате во плекЧе подмаЧкано со маргарин во еден сад ставате 1 јајце 1 Часа јогурт дробете сирење колку сакате и на крај додавате сеЧкана салама сето тоа се меса и се истура врз макароните,се пеЧе 15 минути на температура од 200с
Макарони често јадам и ги подготвувам на следниот начин. Прво ставам да се сварат,во меѓувреме ја загревам рерната на 180-200 степени. Од како ќе се сварат макароните,ја цедам водата,па ги ствама во тава претходно намрсена со путер. Пред крајот на печењето матам 2 јајца,околу 200-250 грама сирење и 1-1,5 голема шолја јогурт,па заедно смесата ја истурам врз макароните и се почат уште 10-15 минути. Многу се вкусни. Истата постапка ја практкувам и со несварени макарони,односно во тавата каде се печат ги истурам макароните и истурам газирана вода,колку да ги покрие.Понатаму истата постапка.