Макарони , омилено нешто . Ги јадам со кечап најчесто или агда и рендано сирење а преубаво е и со кашкавал. Некогаш потпечени со сирење и павлака.
Општи прашања Дајте ми наједноставен рецепт за печени макарони. Не ги јадам ниту правам ( се ги прави свеќи) но денес сакам да правам за ручек. Ајде помош
Општи прашања Свари ги и префрли ги во тава за печење, измешај 1-2 јајца со урда или сирење, можеш да ставиш и кисело млеко, стави зејтин и посипи ги со смесата. И испечи ги. Можеш да ги направиш и со мелено месо. Додека се варат испржи го меленото месо со кромид, сол, вегета, црн бибер, морков по желба, доматен сос по желба (но испржи го повеќе отколку што го пржиме за сарма, зашто со сармата се вари подолго време). И потоа во тавчето со макарони измешајте го месото и испечете, при крај може да го посипеш со матено јајце со малку кисело или благо млеко.
Општи прашања Edna kesicka makaroni ne vareni isturi ja vo tavce, stavi zejtin okolku edna solja za kafe, izmati dve jajca I prelej gi makaronite. Iseckaj salama na kocki kolicina po zelba, nalej 500 ml. Mleko I 500 ml. kisela voda, se pece okolu 45 min. t.e. dodeka skoro ne ispari vodata I fatat malku koricka. Izvadi gi od relna da ne se isusat skros, sami kje go vpijat ostatokot od vodickata. Po zelba narosi parmezan ili kecap.
Ова е мојот најомилен рецепт за макарони: Ставам макарони да се варат и во меѓувреме го спремам сосот, запржувам кромид, додавам мелено месо, зачинувам, додавам томатео сос, магданос, лукче ситно сецкано, и една лажица павлака и така оставам да си прокрчка. Одкако макароните ќе омекнат ги тргам од оган и ги цедам, додавам зачини и ги редам во плехче и одозгора го посипувам сосот. Ги ставам во рерна да се потпечат 20 минути и огкако ќе ги извадам од рерна додавам пармезан и е превкусно и едноставно за правење.
Макарончињата и јас си негуваме долга љубовна врска од мојата 8 година па се досега. Мислам дека можам да ги јадам секој ден. Мајка ми порано кога ќе направеше цело тенџере, јас јадев по две чинии и плус секогаш кога поминував од кујната си каснував така од тенџерето уште по неколку макарони. Многу ми беа слатки.
Макарони-единствено нешто што знам да го сварам без да го преварам. Ама имам проблем со печењето. Само варени не ми се убави, а ако ги потпечам обавезно ми се слепуваат како пита. Не ги обожавам многу, ама кога знаеш дека нема никој дома, мора сам да направиш, тоа е првото нешто што ми текнува дека можам да го направам, без да се отрујам. Ги јадам со многу сирење. Готвењето вака изгледа. http://www.youtube.com/watch?v=WE1EkmWMgxc
Обожавам макарони па денеска екпериментирав со овој рецепт и испадна многуу вкусноо Спојлер рецептот е превземен од http://moirecepti.mk/ Состојки 1 кисела павлака 300 гр маринирани печурки 1 јајце 200 гр. кашкавал 1 помала главица кромид 300 гр. кравјо сирење 500 гр макарони Подготовка Чекор 1: Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сецканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сецкани) со постојано месање. Пред да поцне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна. Чекор 2: Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со пола павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните Тавчето, по желба, може да е округлесто или правоаголно. Чекор 3: Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење. Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.
Само што си направив за ручек и заедно со нив и сос. Исецкав малку шунка на ситни коцкички ја пропржив на кратко додадов мешавина од павлака и томатело оставив уште 30 секунди да прокрчка го посипав врз макароните и одозгора додадов кашкавал.,и еве јадам веќе втора чинија
Сакам макарони па макар и само варени и со сирење одозгора Ако е за потпечени ги варам прво па му ставам одозгора јајца матени со сирење или кашкавал рендани или јогурт, павлака, кечап.. и се печат. За варени овие се супер: со мајонез, туна, кисели краставички сецкани, пченка варена и ситно сецкани маслинки, но ова е веќе салата Последно што имам начекано по продавнициве е макарони во сос од печурки (иако не ми се омилени, не се осеќаат многу). Од Podravka се и превкусни само се варат во вода 10тина минути, чекаш да се оладат и преубави се. Исто убави се вака да ги свариш, да ги ставиш во плехче со павлака одозгора и да ги потпечеш. Топче
Ма каков сос,какви пецурки,кецап,ништо.Само варени макарони со рендано сиренце или пецени со сиренце и јајца.Посебно кецап многу мразам со макарони .Сирење му е мајката ! Сега варам.
јас вчера правев карбонара - (10 рецепти з карбонара имам пробано ама овој од синоќа највкусен беше) Ги варев во посолена вода со масло макароните. Во сад изматкав 3 јајца, ставив рендано сиренје околу 50-60 грама (подобро е пармезан ама немав), ставив црн пипер, индиско оревче, сол и павлака 2-3 лажици.заедно цело го изматкав настрана изпржив сланина 100г и свежи печурки 150-200 г и ги додадов во садот со јајцата и ги измешав. Откако ги тргнав макатоните од оган така жешки, ја истурив вишокот вода во која се вареле, и веднаш ја додадов смесата од садот со јајцата и другите мирудии. Од жешките макарони јајцата се згуснаа, измешав и сервирав ... Превкусно беше