1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Макарони

Дискусија во 'Рецепти' започната од 2468, 5 октомври 2010.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам потпечени макарони со сирење :inlove: :inlove:
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Ги сакам макароните. Вкусни се.
     
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    ги сакам со сиренце и кечап, по можност домашен.
     
  4. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Печени макарони.Ги обожавам :l: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Едно од моите омилени јадења ги јадам со сирење а понекогаш и со кечап
     
  6. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Ги јадам секако,потпечени,со сирење,кечап со некој сос.Едноставно обожавам макарони.
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Само што направив салата со макарони и прекрасна е повелете
     
  8. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    уф макарони со туна обожавам..а сакам и печени во рерна со салама кашкавал сирење им ставам и јогурт
    ммм
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ги сакам оние најситните макарони, ги варам со сол и откако ќе им ја истурам водата, земам парчиња сирење, ги дробам и ги ставам во макароните. Во тавче со маргарин пржам лепче исечено на коцки, го правам ко нафора, со црвен пипер и вегета, и тоа го ставам во тенџерето со макароните. Мешаш се со една дрвена лажица и ја имаш најубавата паста.
     
  10. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Јас ги правам вака:
    Правам смеса од 3-4 јајца, малку масло, 1 кисело млеко, сирење по вкус, малку сол и сода бикарбона, во оваа смеса ги турам претходно сварените макарони, се меша добро и се тура во намастен плех, па макароните ги полевам со благо млеко (околу пола литар) и се печат.
    100 пати проверено и превкусно! ;)
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.301
    Пол:
    Женски
    Најдов многу убав рецепт за макарони.
    Состојки:едно пакување макарони-облик по желба,1 глава кромид,1 глава карфиол,500мл сос од домати,малку сол и црн бибер.
    Во тенџере ставете вода,посолете ја и проварете ја.Карфиолот поделете го на цветови и додадете го во зовриената вода.Варете 5 минути,па извадете го готовиот карфиол на чинија.
    Во истата вода ствате ги макароните да се сварат.
    Во тава на малку маслиново или сончогледово масло пропржете го кромидот.Посолете го за побрзо да омекне.На лукот додадете го карфилот и црниот бибер.Динстанјте ,па додате го сосот од домати.Може да додадете вода за да го разредите сосот.
    Готовите макарони исцедете ги,додајте ги карфиолот со сосот од домати,промешајте и послужете се.
    Бон апетит :)
    [​IMG]
     
  12. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Се варат во солена вода после ги ставам во тавче со малку зејтин,вегета и сирење,последниот пат направив сос со пржен лук,печурки и томатело ммм :D
     
  13. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Сос за макарни
    2 лажици ( не многу полни) шеќер
    1 Кутија Томатело сос ( сос од домати)
    2-3 чешниња лук
    оригано
    босилек
    цимет
    сол
    Се пржи шеќерот додека д се растопи ( да добие златеникава боја), внимавајте да не ви загори ќе горчи сосот!!!!
    Се додава Томатело и се остава да да врие се заедно со шеќерот околу 20 минути.
    Се додава лукот ситно исецкан, оригано,сол, босилек, и малку цимет.
    Сето заедно да врие уште 10 минути.
    Со овој сос се прелеваа претходно сварените макарони на вообичаен начин.
    Бон апетит ;)
     
  14. divina15

    divina15 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Јас ги обожавам макароните па затоа ги правам и многу едноставно и брзо....
    Ставете вода и малку масло и сол во водата...чекајте да зоврие.
    Додадете ги макароните и оставете ги да се сварат.(не во буквална смисла секако замешајте ги)
    Кога ќе бидат готови изцедете ја водата од макароните.
    Посолете ги по ваш вкус.Изрендајте сирење и измешајте..
    Јас ги сакам со многу кечап..
    Пробајте...:D
     
  15. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    јас макароните ги печам и ставам сирење преубави се така
     
  16. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    еве како јас ги правам:
    во поголемо или помало тавче ставам зејтин да се стопли. ставам една мала главичка кромид исечкана и пропржувам. Кога добие кромидот жолтенеста боја ги додавам макароните. Пропржувам и го додавам кечапот. Го промешувам тоа убавл и го ставам да се пече. По дваесетина мин. ги вадам од рерна и спремни се за јадење. Додатоци по вкус. Најчесто сирење :)
     
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Само што се изнајадив, мх мх мх, се заситив мислам за цела година. :tmi:
    Овој рецепт е за оние кои водат здрав режим на исхрана, кои не комбинираат макарони со млечни производи или месо.

    - Макароните се варат во засолена вода и после се остават да се исцедат.
    Во тавче со маслиново масло, пропржувам лук, 4 чешниња, па додавам печурки со оригано, и се тоа го пржам 5 минути на тивко. Откако ќе добијат на боја, им додавам томатело, малку луто, од чили.
    После откако цело ова е готово, го поливам врз макароните и мешам да впијат сите.
    Чекам малку да изладат, па додавам ситно сецкани маслинки и пола краставичка.
    И на крај ронам малку рузмарин.
    ... :inlove:
     
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.223
    Допаѓања:
    30.304
    Пол:
    Женски
    Покрај тие со газирана вода, често за моја душа си правам и вакви:
    Макароните се варат во солена вода и се цедат. Претходно изренданиот кашкавал го ставам во макароните и ставам една до две лаж маргарин па тоа малку го пропржувам на оган само колку да се растопи маргаринот и кашкавалот. На страна во загреано тавче(може кромитче, лукче), пропржувам печурки, кулен(чајна, салама, пушено месо, зависи што имам во моментот) и откако ќе бидат готови ги мешамво макароните.
    Одлично јадење, пробајте!
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Голем љубител сум на макарони па пред некој ден си направив едни по мој вкус.
    Прво ги сварив макароните па после ги ставив во тепсија и им ставив кулен ситно исечкан,после нарендав сирење и кашкавал и на крај им ставив и јајце.Малку ставив и бибер и вегета колку само за вкус.
    Превкусни беа! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Може ли да ми кажете некој рецепт, некоја салата посни макарони, со туна или било шо само да биде посно?