^ Салата макарони со туна. Враени макарни,туна и посен мајонез,добро се мешаат. Во фрижидер некое време и после можи да се сервира салатат. Многу е вкусна салатата.
Додај и свеж патлиџан ситно исецкан. Нема поубаво нешто! Инаку, јас правам многу едноставен сос со нив. Во павлака за горвење додавам сушен лук, вегета, оригано и маааалку морско оревче ( сите овие се по вкус, а морското оревче и не мора ). Се проврива малку и потоа ги сервирам макароните со сосот и пармезан.
Со две раце потпишувам за салатата со туна, предобра е. Може да се прави и посна, има посен мајонез кој нема некој посебен вкус и мирис, но добро ја сврзува
Макарони со сос од моркови и мортадела 160гр. тестенини (макарони) 3 моркови 1 мала главица кромид 60гр. мортадела 20мл. маслиново масло 20гр. путер по потреба сол и црн пипер по потреба магданос и босилок пола лажичка сушен зеленчук Тестенините сварете ги во солена вода (1 лажица крупна сол).Морковите сварете ги и испаситајте си со блендер.Кромидот и мортаделата ситно исечкајте ги на коцкички. Пржете ги во тава на оган со маслото и путерот додека кромидот не омекне и мортаделата порумени. Во тавата за пржење додајте ги и пасираните моркови, ситно исечканиот бсиосилок и магданос, посолете и зачинете со црн пипер. Промешајте и оставете ја тавата на оган уште 2 минутки, мешајте постојано. Сварените тестенини, исцедете ги, задржете околу 50 мл.од водате во која се вареа тестенините.Тестенините додадете ги во тавата со сосот, додајте ја и водата и промешајте. Водата ќе ги направи тестенините покремасти и вкусни.
Потпечени макарони 1 пакетче макарони 2 јајца 1 голема чаша за чај- млеко 100 грама растителен кашкавал маринирани печурки пакетче- грамажа сами ќе си одберете Во солена зовриена вода ги варите макароните. Откако ќе се сварат, ги цедите и тргата настрана. Едно тавче мачкате со кристал маргарин и ставате многу малце зејтин. Ги ставате и макароните. Во посебен сад ги матите јајцата, додавате млеко и промешувате. Смесата ја ставате врз макароните и промешувате. Во загреана рерна на 250 степени го ставате тавчето и печете 10 минути на 180-200 степени. По 10 минути, вадите, промешувате и враќате уште неколку мин да се допече. После го вадите тавчето, ставате печурки и кашкавал и враќате дур кашкавалот не се стопи. Јас ги јадам со сенф и кечап така се многу вкусни, а вие по желба секако. Пријатен апетит, тукушто и ја ги направив, превкусни се. Повелете
И сецкана марула. Спојлер И мнооогу мајонез и резултат од божественото задоволство - еден куп акни по лицето.
Макарони обожавам дури и само со кечап врз нив, под услов да има многу зачини. Јас вака си ги правам: сварам ги макароните, ставам ги во тавче, им посипувам зејтин, зачини, рендам салама и сирење и изматени јајца со кисела павлака/ кисело млеко или тетрапак млеко и ставам ги да се запечат малку. После ги јадам со кечап. Многуу ми се вкусни.
Макарони со зеленчуци на фурна: Состојки: -Макарони -1 супена лажица масло -500 гр. замрзнат зеленчуков микс -250 гр. спанаќ -300 гр. сирење -4 јајца -600 мл. пресно млеко -1 гранче магданос Припрема: Макароните се ставаат во 3-4 литра подсолена вода. Во загреано масло се додава миксот од зеленчуци. Се додава малку вода и се задушуваат додека не омекнат. Се додава спанаќот и се задушуваат уште 10 минути. Водата од зеленчуците треба да испари целосно. Макароните се ставаат во предходно намрсена тава. Се додаваат и задушените зеленчуци, па сето тоа добро се промешува. Од горе се става ситно нарендано сирење и ситно насецканиот магданос. Јајцата се мешаат со пресното млеко. Со добиената смеса се заливаат сите продукти. Се печат околу 35 минути на 180 степени. Спојлер Најдов од едно списание дома.
Јас прво ги варам макароните, а потоа ги цедам. Во еден сад ставам неколку јајца и 1-2 пакетчиња урда, зависи за колку луѓе правам, сецкам чајна, ставам вегета. Ставам зејтин во тавата и ги мешам макароните во смесата и ги ставам да се печат. Превкуснии.
Најбрзо и најлесно е да се направи сос е со хопла неутрална за готвење. И користите се што имате дома: Ја загревате хоплата и во неа ставате што ви текне. Јас некогаш додавам само сецкана салама. Некогаш сите видови на сирења и кашкавали што ги имама дома, некогаш печурки, некогаш ракчиња, некогаш обарен зеленчук. Готовиот сос се меша со сварените макарони, а најважно е од се е кога ќе се сервира да се зачини со сол и многу бибер. Неодоливо!
Потпечени макарони со сенф. Потребни состојки: 1пак.Макарони 1туба.Сенф 300гр.Сирење 300мл.Млеко 1пак.сецкани шампињони 5 рамни супени лажици брашно бибер сол 50гр.Пармезан Најпрво се ставаат шампињоните да се пропржат,се додека малку не заурменат.Се додава брашното се меша заедно 10,15 сек.Потоа се додава млекото и се меша додка смесата не се соедини.Истоврмено се уклучува рерната да се загрее на 200C.Во смесата се додава целото сирење претходно иситнето,се меша се заедно се додека не се добие една погуста смеса и на крај се додава целиот сенф и повторно се заедно се меша.Бибер и сол по вкус.На подмачкана тава се ставаат претходно сварените макарони се става целата смеса врз нив се промешува.Одозгора се наросува пармезан и се става во рерна 15-ина мин. BON APETIT. Коментар:Верувајте нема да зажалите,ќе сакате само уште и уште..
Солена торта од макарони 500 гр. прави макарони 150 мл. доматно пире 200 гр. мелено месо малку кромид 100-150 гр. рендан кашкавал по желба Зачин по желба Подготовка: Во голема тава ставете го меленото месо да се испржи заедно со кромидот, додека не добие убава кафена боја. Додајте го доматното пире во месото, зачинете и мешајте додека не почне да врие. Подгответе го калапот во кој ќе ја печете тортата. Ставете еден слој од сосот, па наредете ги претходно сварените макарони исправено. Прелијте го остатокот од сосот и додајте го ренданиот кашкавал. Печете 20-30 минути, додека кашкавалот не зарумени.
Јас кога подготвувам печени макарони не ги варам пред тоа, директно ги редам во тавче најчесто половина пакетче макарони истурам на тавчето, па одозгора ставам потпржено мелено месо со кромидче и одозгора ги дотурам останатите макарони. Им истурам 1 чаша пресно млеко, и вода дотурам од прилика колку да се покријат макароните и да си зоврие тоа се. Исто така им рендам сирење и ги ставам да си се печат. Кога ќе бидат веќе готови (кога водичката ќе зоврие) ги вадам и ги покривам со млечен кашкавал одозгора и ги враќам во исклучена релна. Многу си го сакам овој рецепт,некој сличен вкус на лазањи имаат.
Вчерa ве читaв и ми се пријaде пa стaнaв и нaпрaвив мaкaрoни сo тунa и пaвлaкa. Инaку ги сaкaм и пoтпечени вo рернa.
Јас сум во состојба секој ден да јадам макарони со туна и мајонез и многу зачини.. Едноставно го обожавам тоа јадење.. Или макарони со рендано сирење и томатело сос.. уфф
ЕВЕ И РЕЦЕПТ ОД МЕНЕ 800ГР грчки макарони 1кеса крем супа од печурки 500гр печурки зачин Макароните се варат и се остават да се исцедат од водата. Печурките се варат во тенџере настрана и се додава крем супата од печурки (јас ја правам во тегла со малку вода и ја истурам за да не ми се згрутчи). Варам 5 мин додека да згусни (ако е водна додадете 1л густин) . Инаку треба да имате 500гр вода се на се во сосот, Сервирајте макарони во чинија и прелијте со сосот.