1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Макарони

Дискусија во 'Рецепти' започната од 2468, 5 октомври 2010.

  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    6.648
    Пол:
    Женски
    Јас им редам се шо ќе ми се најде и колку ќе ми фати раката :lol:
    Прво ги варам па ги редам во тепсивче, млеко, јајца, сирење, сол, малце оригано, некое саламче ако најдам сецкано на коцки, и обавезно томатело, убав вкус им дава. Готови се за 30 минути :D
     
    На eliesaab, joy1 и veren им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    49.981
    Пол:
    Женски
    Обожавам макарони т.е обожам се што е од тестенини
    Без ништо неможам да ги јадам во нив ставам јајца, сирење, пеќурки, шунка и обавезно буковец сол.
    Понекогаш ги јадам со јогурт само кога се со јајца.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Запечени пица макарони

    [​IMG]

    Потребни состојки:




      • 400 гр макарони
      • 300 гр шампињони
      • 100 гр шунка
      • произволна количина кашкавал
      • кечап
      • сирење
      • малку суво месо
      • малку оригано
    За прелив:




      • 2 јајца
      • 1 чаша јогурт (или павлака за готвење
    Подготовка:

    Макароните згответе ги во солена вода, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Потоа, додадете ја на коцкички исечената шунка, сувото месо, ренданиот кашкавал, сирењето, кечапот и ориганото. На малку масло, продинстајте ги шампињоните, посолете ги, а потоа додадете ги во останатите состојки. Сето тоа добро измешајте го, па ставете го во некој сад, претходно премачкан со маргарин. На крај изматете ги јајцата и јогуртот, а потоа прелијте ги врз макароните. Ставете ги макароните во рерна и печете на 200 степени.


    ПЕЧЕНИ МАКАРОНИ СО ШУНКА


    [​IMG]
    Печени макарони со шунка
    Кога немам идеја што да им направам на моите за ручек, оваа комбинација секогаш прво ми паѓа на памет. Брзо се подготвува, а сите ја обожаваат. Се разбира и за вечера е супер.

    Печени макарони со шунка
    INGREDIENTS
    INSTRUCTIONS
    1. 1.Голем сад за вода ставам да зоврие. Потоа додовам сол и ги ставам макароните да се варат. Најчесто според упатсвото, бидејќи има различни типови.
    2. 2.Додека се варат макароните, ја сечам шунката на поголеми парчиња и го подготвувам бешамел сосот.
    3. 3.Со тенчерче на оган ставам путер да се растопи, додавам брашно. Постојано мешам и додавам топло млеко. Зачинувам со малку сол и црн пипер.
    4. 4.Откако макароните ќе се сварат, ги префрлам во намастено тавче за печење, ставам шунка, изрендан кашкавал и малку зачинувам Одозгора истурам од бешамел сосот.
    5. 5.Печам во добро загреана рерна од 15 до 20 минути.
     
    На Acka22, SummerGirl, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. чупето*

    чупето* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Купувам макарони со вкус на пармезан и секаков зачин има во кесата нешто слично како супата што е.
    Ги варам според инструкциите на кесата, а потоа во намрсен плех си ги клавам, па му додавам сиренце, разматувам 2 јајца со 4 лажици павкала и одозгора при крај кога се му додавам кашкавал.