Македонија - Каков ви е животот?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од worrieddd, 7 август 2018.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Гледав во насловите за животот во Македонија и странство но, сите наслови се со споредби. Кога не би постоела можност за споредба со друга држава ние македонците би се споредувале со тие околу нас колку имаат што имаат, дали повеќе или помалку... многу ретко се луѓе задоволни со тоа што го имаат без разлика дали е тоа малку или многу. Искрено би сакала да прочитам мислења каков е вашиот живот овде? Дали сте во работен однос, дали сте задоволни со вашиот живот овде, какви се вашите односи со пријатели, фамилија, колеги?
    Дали ви е баш толку лошо во оваа наша земја? ( настрана од политичка состојба)
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.435
    Вработена во приватен сектор, земам редовно плата, пријавена сум. Со многу напор и посветеност работа се наоѓа и се задржува. Односот со пријатели, колеги, роднини станува само службен за жал, затоа што ако малку се зближиш со некого, еден ден се што си кажал ќе си чуеш од збор до збор. На дистанца стануваме.
     
    На PaLaVa, Feminka192, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    12.325
    Не ми се свиѓа нашиот менталитет. Жално е што не се стремиме кон подобро туку велиме има и полошо и убаво ни доаѓа на душичката. Пример вчера седиме на кафе со една личност која има вишок килограми и поминува една дебела жена и вика кога гледам какви има убаво на душата ми доаѓа. Јас останав вака :o
    Општо за се сме такви, мериме кој е подобар, поуспешен, се ситиме на туѓа несреќа.
    Сум во работен однос, но се уште немам добиено решение. Но, тука би сакала да ги растам моите деца, кога би се решило тоа би било полесно.
    Луѓето како што кажав се да му умре козата на комшијата. Бутаат нос во туѓи животи, прашуваат и што треба и што не треба. И колегите се нешто слично.
    Ама ако си се отрпнел како мене, нема да ти смета тоа многу. :)
    Задоволен може да бидеш од животот ако сам си го направиш така, си амбициозен, се трудиш, па и ако се склопи некоја коцкичка за да можеш да водиш пристоен живот. И да не ги гледаш другите (fingers)
     
    На JaneMarple, PaLaVa, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.059
    Допаѓања:
    160.596
    Пол:
    Женски
    Capture.PNG

    Tолку.
     
    На marlonbrando69, lovemme, Rose96 и 35 други им се допаѓа ова.
  5. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    2.289
    Пол:
    Женски
    Животот во Р. Македонија пред сѐ е О Д Л И Ч Е Н! Jaс не знам зошто слушам негативни коментари од поединци. Ама тоа е...мрчатори на секој ќош..

    Каков е вашиот живот овде? Немам зборови со кој би опишала каков ми е животот тука...
    [​IMG]
    [​IMG]
    Дали сте во работен однос - Никако, живеам од социјално, кое прилично е високо. Зошто би трошела од мојата скапоцена енергија за иста плата?!
    дали сте задоволни со вашиот живот овде - сум, ете пишува и горе.
    какви се вашите односи со пријатели, фамилија, колеги - meh [​IMG]

    Дали ви е баш толку лошо во оваа наша земја? ( настрана од политичка состојба) Никаде не напоменав дека ми е лошо, :^) а и зошто би ми било, ВЕМЕРОФКА до гроба!!!11
     
    На Dadusicka, Herrera, MarigoldA и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    7.717
    Пол:
    Женски
    Ја би се иселила ради пари, плус, просто кажано: многу прост народ. :) Навредувајте се колку сакате.
     
    На martinaa1998, PaLaVa, JaneMarple и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Sindell

    Sindell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    Беден, за жал.
    Работам во приватна фирма, не земам голема плата и сврзувам некако крај со крај, колку да се преживее.

    Но, највеќе ме боли тоа што живеам во средина каде што не се чуствувам сигурна и слободна кога излегувам од дома. Луѓето тука се некако заостанати, нецивилизарани, се однесуваат простачки.
    Некогаш ми е досадно дома и сакам да излезам да пешачам и нема ден да не преживеам некоја непријатна ситуација.
    Доволно е да прочиташ неколку коментари на фејсбук поврзани со политички настани и ќе сфатиш каков народ живее во оваа земја.
     
    На PaLaVa, JaneMarple, BoyL и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    18.778
    Пол:
    Женски
    Вака ко тинејџер искрено не ми фали ништо.Не е лошо овде за живеење, но искрено да имам прилика би се преселила негде во странство каде знам дека ќе имам подобар живот со подобри услови.
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.481
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Со малограѓанштина и прости муабети не се замарам а не ни регистрирам ни па стапувам во некој си контакт, не работам сеуште а моите имаат солидни примања па не ми фали ништо фала богу, нели секако би сакала повеќе (кој не сака) ама не сум аристократија нажалост.
    Се надевам еден ден дека сама ќе можам да си приуштам се што сакам.
    Искрено животот тука не е уопште лош ако имаш пари и можеш да си дозволиш одредени луксузи а да не се стискаш од први до први ама тоа ретко кој спаѓа во оваа категорија.
    Единствено што највеќе ме живцира е било која јавна институција, да не можеш работа да си завршиш на време ко човек и за се да мора врски да бркаш, буквално се од болница до суд вака функционира.|(Се чудам само зашто се сите тие вработени таму ставени, бар да си ја вршеа работата кога се таму.|(
     
    На BoyL, Feminka192, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    23.353
    Пол:
    Женски
    Материјално никогаш ништо не ми фалело, од тој апект сум задоволна. Солидно заработувам и можам да си го дозволам она кое ми е потребно. Знам дека некаде на друго место од тој аспект би била веројатно и многу позадоволна но имајќи во предвид дека секогаш би тежнееле кон нешто плус поради финансии не би се исселила. Она поради кое би се исселила е тоа што тука ништо не функционира како што треба почнувајќи од образование, па здравство, па судство...Мито и корупција на секој чекор. Врски колку сакаш. Не дај Боже човек да се разболи од нешто потешко, поисплатливо ќе му биде да си умре отколку да дозволи да му ги цицаат нервите и да го малтретираат од еден во друг прљав болнички ходник. Држава во која неписмените кои едвај основно прогурале седат во собраниски и директорски фотељи а високообразовани млади кадри гураат колички по маркетиве оти не успеале на време врска да фатат. За малограѓанштијата и заостанатите сваќања пак нема ни што да се коментира. Толку прост народ нема никаде му одговарало тоа на некој или не, вистината е таа. Битно сме се нафурале во Европа ќе одиме. Нема, не им требаме, далеку се пред нас.
     
    На PaLaVa, JaneMarple, Ivan4e04 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.695
    Допаѓања:
    144.565
    Ми пречи нефункционирањето на иснтитуциите, неспроведувањето на законите, митото и корупцијата која е одлика на 99% од граѓаните, неинформираноста, предрасудите, национализмот, шовинизмот итн итн
     
    На јolene, DontLetMedown, PaLaVa и 19 други им се допаѓа ова.
  12. power11

    power11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Машки
    Сум во работен однос. Земам надпросечна плата. Не сум во брак и таа плата ми е сосема доволна. Кога би створил семејство и не знам баш.
    Дали сум задоволен со работата? Епа не сум. Работам во приватен сектор. Кога работиш за приватници таму тешко дека работникот за нешто се прашува. На работа е тотален хаос, лоша организација. Се прифаќа работа и повеќе од што е реалниот капацитет на фирмата. Ама за пуст профит... Тоа е. Во таква ситуација често се останува прекувремено. Се работи од понеделник до сабота. По потреба и во недела. Ако дојдеш во недела, следен слободен ден ти е дури наредната недела. Што значи 13 дена без ден слободен.
    Односи со колеги катастрофа. Себичност, дрскост, безобразлук, малограѓанство, бесчуствителност, нечовечност, искомплексираност..
    Пријатели се помалку. Еден дел во странство, другиот во Скопје по работа. И тие што останавме немаме времи едни за други. Брзо темпо на живот. И тогаш кога ќе се видиме тоа е обично неквалитетно поминато време. Во кладилница? Во кафуле со главата во телефон? Нема повеќе маалски фудбал, нема викенд во природа, седенка во маало, возење велосипеди, пешачење до кале.
    Едноставно не можеме да се собереме.
    Фамилија.. Можеш да се видиш само за слави или свадби. Три пати во годината. Не си идеме едни кај други. Нема цврсти фамилијарни односи. Среќа па со никого не сме во нарушени односи.
    Соседите и околината.. Цел живот живеам тука и се помалку си кажуваме едни со други добар ден. Со многу само се разминуваме на улица. Со никого не сум во лоши односи барем.
    И кога се ќе се собере заклучокот е дека се живее еден досаден живот без многу причини да си задоволен.
    Ништо не се случува. Монотонија, безличност, разочараност, безнадежност, депресивност, отуѓеност, напнатост, тажни лица, намуртени усни, очи без сјај. Ете во таква средина живееме.
    За мене среќа е ако гледам среќни луѓе околу себе. Тогаш и јас сум среќен. Луѓе што ќе ти го разубават денот. Со позитивна енергија. А такви луѓе може да не сретнеш со денови.
     
    На toogood, PaLaVa, JaneMarple и 15 други им се допаѓа ова.
  13. PinkCactus

    PinkCactus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Не се жалам од мојата моментална ситуација, иако може да биде многу подобра. Имам покрив на глава и се што ми е потребно за нормален живот.
    Ама искрено јас во иднина не се гледам самата себе тука, во државава... Плус, како народ многу сме поназад, и со размислување и со се.
     
    На JaneMarple, Lolo5, power11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    4.883
    Пол:
    Женски
    Како млада девојка добар е животот финансиски, ама многу ми сметаат луѓето како да заглавиле во 18 век, ти диктираат кај треба да одиш, до колку да излегуваш, гледам секојдневно омаложување на жените и децата и животните, се е со врски да се плашиш повеќе од богатите отколку од господ, бидејчи можат да ти направат нешто и ништо да не и може државата, има многу работи кои ми сметаат..Некое време живеев во Швајцарија и едвај чекам пак да одам, овде е мизерија тешка, сеуште на свадби врати се бутаат.
     
    На PaLaVa, JaneMarple, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.875
    Допаѓања:
    106.174
    Пол:
    Женски
    Овде кај што раб во мкд никад нема да заработам толку.
    Затоа животот во мкд е одличен само на филм.
     
    На JaneMarple му/ѝ се допаѓа ова.
  16. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.781
    Пол:
    Женски
    Многу е затупен народот. Ептен.
    Од предрасуди си тапкаме во место. Никој не ни е крив.
     
    На Nigredo Odor, JaneMarple, BoyL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.435
    Омраза има многу, љубомора. Затоа се оддалечив од многу луѓе и не жалам.

    Oва е вистината. Социјален живот нула, а дури и да го има, е неквалитетен. Секој те бара од корист, никој не те бара од почит, од што те цени и да те види, ислуша. Сите сме во трка за пари, а на крај пари немаме. Луѓето во лоши врски, никакви бракови. Култура меѓу луѓе нула.
     
    Последна измена од модератор: 7 август 2018
    На PaLaVa и Mr. Right им се допаѓа ова.
  18. filip4

    filip4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Машки
    Edno ce kazam
    Site shto zaminuvaat vo stranstvo,zaminuvaat poradi materijalnoto,finansiite.
    Naka ne tupaat mn mn,sekade ima tup i zaostanat svet,ama tolku im cini i ne priznavaat za shto zaminale.
    Jas pred nekoi 10 god posegnav da zaminam od drzavava poradi tie finansii,a ne deka ovdeka zivee vakov ili takov svet,za zhal me zafrknaa prevaranti.
    A znaete zashto narodot vo makedonija vo globala go gledaat taka kako zaostanat ? Ne zashto e zaostanat,tuku strancite se pravat golemi umovi i pametnjaci,ete zatoa.
    Gi imam i znam koga ce dojdat od stranstvo kako se ponashaat,zatoa taka i pishav.
    Zhivotot vo makedonija ?
    Normala nekoja.
    Lugjeto,nekoi pametni,nekoi pametnjaci.
    Nekoi tupi,nekoi glupi.
    Nekoi prevaranti,nekoi lopovi.
    Paa neznam,za mene sam nemozham da kazham,za sekoj razlicen sum.
    Znam deka od normalna i opshta kultura,go pozdravuvam skoro sekoj eden na normalen i opsht nachin.
    Rabota ?
    Rabotam pon-pet,primanja mozhe da dadat neshto povekje od oava shto e,ama tolku im chini.
    Kolegi seper
    Shef na sekoj bi mu posakal da ima kako mojot,sekogash vo situacija da ne stavi nas kako lugje pred rabotata t.e da ne zashtiti.
    Shto drugo da kazham,osven toa deka chovek nikogash nema da e zadovolen so toa shto go ima i poseduva kolku i da go ima.
    Za zhal CHOVECHKOTO OKO NIKOGASH I SO NISHTO NE E NASITNO.
     
    На Herrera, toogood, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Парите го вртат светот но, среќата не е секогаш во парите. Секој си има проблеми каде и да се наоѓа. Можеби луѓето во странство се попрошетани бидејќи имаат добра финансиска состојба. Иначе никаде не е рај. Секаде има предности и недостатоци. Но навистина културата кај нас е на најниско ниво. Понекогаш мислам дека можеби на запад културата им е лажна, но сепак постојат некои правила наа однесување. А кај нас ништо не се почитува, никакви правила, луѓето немаат никаква свест ни за животната околина, ни за чувствата на другите луѓе, состојбата ни е катастрофална.
    Кај нас најмногу ми смета што знаењето и трудот не се ценат.
    А според мене животот е секаде тој : работа, дома, јадење, спиење, викенд да се прошета негде да се видиш со пријатели и пак во круг.
     
    На PaLaVa, JaneMarple, meggle и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    5.490
    Пол:
    Женски
    Ни во Малта не е совршено, слични плати има како во Софија.