Секаде има лош народ како тука така и на друго место т.е во друга држава, но најголемиот проблем овде во нашата држава се парите и работата. Не е платен доволно трудот на народот, некои да се платени но да дојдеш до таа работа ти требаат врски бидејќи поинаку тука не функционира, а тие што си немаат врски ќе си работат некаде за некоја мизерна плата или пак на крај ќе си извадат бг пасош и си одат од државата. Можеби некои си имаат среќа си наоѓаат добра работи без врски, досега за такви несум слушнала,но можеби има. Живи здрави да оди се како што треба и јас за некоја година би се отселила од тука, вака како што е не вреди животот тука да го поминам со мизерна плата и да трпам за се зошто затоа што немам доволно пари. Да имам добро платена работа, а и дечко ми исто и зошто да си одиме од државата кога можеме и тука да успееме.
Мене лично убав ми е. Тоа што мора да се промени се институциите да почнат коректно да си работат, компетентни кадри, правично судство и сл. Премногу си ја сакам земјава.
Животот во МаЌедонија им е убав на оние кои имаат пари во џеб и се задоволуваат со разни задоволства. Прашајте некој што работи за 200 евра од кои 100 евра му идат за сметки, дали му е убав животот. Дали ми е убав животот тука? Не! Не го сакам народов тука ниту земјава не ја сакам.
Колку повеќе размислувам толку повеќе доаѓам до заклучок, дека Македонецот на Македонецот му е волк. Тоа е точно. Кога одите да работите за 200 евра, кој тоа го искористува вашиот труд? Македонецот. Кога одите во институција и таму некој дреме и не сака да ви заврши работа, кој тоа го прави? Македонецот. Кога колегата гледа на ваш да профитира, да тоа го прави Македонецот. Кога одите на лекар, а лекарот ве гледа само како бројка и бизнис, а не да ве лекува како што треба, па кој тоа го прави? Македонецот. Добро вели една другарка моја „Што добро видов од овој народ и оваа држава? Ништо. Живеевме за тетки, стрини, комшии, а за нас кога ќе живееме? Никој не ме вика на едно кафе денес“.
Тоа е добро познато за македонскиот народ дека е предавнички, да бевме сплотени и да си помагавме едни со други сосема друга приказна ќе беше.
Тортура трпиме од своите. Лошиот живот е од нашите. Нашите политичари не уништија. Дури и за малограѓанството исто е. Одиш кај некого да работиш, тој се занимава од каде си, имаш ли автомобил, каде твоите работат за да процени дали си финансиски моќен или може да си игра со тебе, те прашува за брачен статус за да има што да коментира. Многу лошо. Роднината ти доаѓа кога имаш проблем за да ти се меша, во секоја втора куќа се дели имот со зулуми и кавги.
Најблиските,друштвото и земјата како место, е она што ми прави да се чувствувам исполнето овде. А како држава, услови, системот, просто ми се плаче од разликата колку сме далеку назад спрема некои држави.И уште доооолго ќе бидеме за нигде.За нерасположениот народ,немаштијата,нема муабет. Самиот начин на живот,доведе до ова едни на други душмани,секој гледа за себе да се снајди.ЧункИ денес има, утре којзнае. Сакам заради она во првата реченица да живеам овде,ама тешко,повеќе не' тера да бегаме некаде.
Убавини невидени да му е мерак на чоек да живее во Македонија во време кога дојде ред да работиме само за сметки, и кредити.
Мене лично ми е ОК, сега за сега. Работа имаме и јас и мм. Двајцата сме приватно вработени, на постручни и специфични позиции, затоа платите се солидни . Стан имаме, кола имаме Малата ми оди во приватна градинка, инаку моите помагаат понекогаш за чување за втора смена. На кафе одам со другарки секој 2-3 ден, фамилијарно ручаме во ресторанво викенди, често. На одмор одиме секоја година, во хотел со јадење. Се додека ми е ваков животот, не можам да се пожалам, ама ситуацијата се менува, па не знаеме што носи иднината. Денес имаш, утре немаш!
Имав шанса да после добри над 10 години поминати во странство да се вратам во македонија на 3 месеци, дали од што јас ја загубив навиката да има 100 души околу мене, да слушам квази оговарачки муабети на секој чекор, да кога излегувам од дома ме изгледаат 20 комшики по цел ден седнати на клупа како зјапаат и кокодакаат, да слушам глупи бабини муабети и бош нелогични ствари и да сум преиморана истите да ги правам за мир у куки и почит, да кога излагам со маж секој втор ден ја переме колава од што е прегадна внатре од кал и камења, да одам и газам нон стоп на вода од пукнати цефки, на кал под нозе, на распаднат асфалт, да гледам згради куќи и објекти пред распаѓање или во лоша состојба итн итн.. Јас за само 5 дена реков дека ќе се вратам. Не од што јас не сум родена во македонија и не сум живеела таму, не оти се прценувам ами оти сум навиканата на нормален живот, на солиден, со нормални асфалтирани улици, градби, без ѓубре на секој чекор, без улични животни кои што лаат по цела ноќ, без народ што не разбира за осет и усул нит најмалку на култура итн.. Не знам.. едноставно сме назад со времето уште од на тито кога успеал да направи.. се друго е слабо и воопшто не пипнато и нечепнато.. Некако е навистина многу преполно со ѓубре, загадено.. народот е тој од пред 100 години заглавен во бабини деветини од 18 век, за нешто поразлично не сака ни да слушне. Многу, многу сме назад со времето а сите сакаат промени а тешко дека ќе ги има. Тешко дека ќе се искорени менталитетот на народот бидејки жениве се приморани на куп глупи и нелогични нешта за мир у куќи и спогодба спремни да дораскажат на поколението за глупости. За платите шо да се каже? Некој имаат превише други не можат ни струја да платат патем што е енормна, 6000 денари во конфекции за повеќе треба стварно да те бива и да шиеш не знам што за да се добие 10 000. Квази работни места со квази плати, исмејувачки плати. Ненормални плати би рекла Башка ако зборуваме за маркети цениве исти се ко тука па и поефтини би рекла за разлика од таму за 12000 плата. Ова ќе беше смешно да не беш тооолку жално.. Државава само со глупости се замара, се замара односно за работи што им носат пари на нив, да грабнат кој колку може повеќ народот овци се па ќе стрижат до кај и колку можат Ужас сме ко држава, ужас!! Друг збор не постои. Затоа и сме таму каде што сме заглавени со се живо и диво. Во 19 век И нема да се опоравиме само што надежта како надеж во човечката психологија последна умира нели.. Една е македонија. Се разликувс она по се. Само па ми е жал чат пат да отидам на не повеќе од недела да видам свои, да апнам, да прошетам, да слушнам свои, да одморам од се.. Е за тоа ја бива сигурно.
Љубовта кон фамилијата и пријателите е единственото нешто што ме врзува тука, но само од љубов не се живее. Имам шанса да си заминам и ќе ја фатам со двете раце.
Простиот народ е нус-производ на бедата. Немањето средства и животот во рурални средини или неразвиени градчиња се причината.Никој не е крив ако се роди во сиромашно земјоделско семејство и мора да работи на нива за парче леб од рана возраст.Него не го интересира образование, ами бара начин како да се прехрани.Истиот тој човек ќе има фамилија и можеби ќе се пресели во град, ќе има внуци и чукун внуци. И ете, можеби еден од тие чукун внуци сум јас или било кој член од форумот. Која е генезата на менталниот склоп? Што "културно" имаме пренесено или наследено од нашите предци? Сето тоа има некој развој, но тој е многу мал... Простаклукот и малограѓанштината не исчезнуваат во Германија, Швајцарија, Австрија или каде било и да сте , ами се носат со себе и тешко, скоро невозможно е да се искоренат. Подобро со простаклукот меѓу прости, него меѓу културни и еманципирани граѓани. Колку и да не сакате да си признаете, колку и да се убедувате дека "вие не сте такви", за жал, занимавањето со туѓи животи и оговарањето се составен дел од склопот на една жена со потекло од Балканот. Ние си мафтаме со рацете дур зборуваме гласно, се придераваме по нашите деца во маркет, се караме со комшијата, и завидуваме на најдобрата другарка и мислиме се најлошо за свекрвата. Доста ги фалите западните земји, кога ништо западно не носите кога доаѓате. Простакот во Прдејци со скинати панталони го има истиот ментален склоп кога шета низ Минхен во адидас. Можеби ќе заработувате доволно за да си дозволите убав автомобил, телефон и гардероба, пристоен живот, но тоа не може да ја прикрие малограѓанштината. Се согласувам со @worrieddd кога рече дека животот е секаде тој - тоа е изреката на мајка ми, таа веќе подолго време не живее во земјава. Во врска со немањето време за блиските - па замислете колку време би имале доколку би работеле во странство, по 12 часа дневно... Не мислев никој да навредам, не се обраќам никому директно, само искажав свое мислење...
У Македонија е топ, задоволен сум. Работам у државна институција и заработувам таман за 4 члено семејство, а платата на жената ја штедиме секој месец и пичиме на одмор. Се има со напорна работа се може да се успее. Грпеливи видете и по малце тврдокорни не бе мислев на тврдоглави. RuN
Сега засега живееме од една плата и дополнително сопругот што работи.Јас колку можам не трошам,штедам на се што се може.Нема да речам дека е лесно,но имаме своја куќа,своја кола,фала му на Бога,немаме кредити сега засега па мирно спиеме.Децата ми се најадени,облечени,прошетани.Е сега немаме за Дизниленд, но со работа и труд може и тоа ќе постигнеме.За година две и јас ќе работам.Доколку најдам работа по струката,верувам дека би живееле супер со двете плати и нешто плус што би извадиле. Тоа од финансиски аспект. Како што некој пиша погоре и мене ме нервираат нашиве патишта од кои коли се кршат,ѓубре на сите страни (а верувајте имам комшии кои си го фрлаат ѓубрето буквално пред двор).Ме нервираат заостанати муабети и менталитет,но тоа е. Но,исто ме нервираат и младиве (не дека јас сум стара) кои само се жалат дека немаат пари,па ги молзат родителите или лупај кредити во банка за на одмор,или за друго,па после кукаат немаме. Јас сум од помал град од кој половина народ се исели во Скопје,пола во странство. Не би го дала мирот кој го имам и гужвата која ја нема по улици,по банки,по маркети,за да живеам во Скопје,да плаќам кредити.Тука со убави плати може супер да живееш и кога сакаш кај сакаш да шеташ. Се согласувам дека трудот на работникот кај нас не се вреднува и затоа заминуваат млади.Кога ќе се освестат газдите на приватни фирми дека не се Господ може ќе биде поинаку. Горе долу, мое мислење е дека и тука се живее убаво но со две солидни плати,без кредити и со свој покрив на глава.
Добро е. Не можам да се пожалам. И двајцата сме вработени. Не се расфрламе со пари. Знаеме да штедиме. А за културата во државава немам зборови. Ужас. Луѓево нит се водат, нит се тераат.
Колку за нормален живот, преубаво ми е.. а тоа со политката каква ни е не се замарам. Зашто државава не ја бива со вакви политичари.