Толку убав што како коњ работам за да стекнам доволно искуство и стручност засекогаш да се оддувам оттука. И не, не го кажувам ова со надменост или некое чувство на повисока вредност, бидејќи такво чувство и немам. Го кажувам со тага, жал, прекор. И јас сакав се што ми треба да си најдам во својот дом, но и работата и во приватниов живот случувањава ме набркаа на некој начин. Барем таму некаде ќе се изборам за убава кариера и лагоден живот, а кога ќе излезам некаде ќе имам милион начини за убаво да го поминувам времето. Барем тоа да ме теши. И политичарите немаат никаква врска со оваа ситуација. По менталитет сме такви, секоја чест на исклучоци, склони кон деструкција. Прошетав по белиов свет колку толку и во држави што важат за поутепани од нашата, во парк јаде, грицка, пусти, ама околу него нема "декорација" од лушпи од јаткасти плодови. Си носи кеси и си го фрла ѓубрето. Таму некаде на вештачки начин прават плажи, ние со природно богатство изобилуваме не се седи на некои места од што е нечисто. Секоја чест на исклучоци, ако се роди машко дете "мил на мајка и татко, што и да прави, кеифовите да му се на место секогаш", а женското се воспитува да биде слуга на тие кеифови и така добиваш бескичмењаци мажи и полни со фрустрации жени кои или ќе се преобразат во "очајна домачица" или во како пуштено наеднаш од ланец бесно куче што прави интриги бетер од оние во турскине серии.
Една од работите кои навистина ме иритираат е екстремно ниската свест за јавната и личната хигиена, бон тонот и културата на однесување во јавни институции како продавница, банка, болница. За корупцијата и митото да не зборувам. Буквално нередот и недисциплината која владее на секој чекор. Квалитетно урбано планирање во ЕУ Македонија реалност Погледнете на што личи на пример Тетово или Гостивар. Страшно.
Тоа е најголемата лага што му ја сервираат на просечно интелегентното Македонче дека ние имаме природна убавина за извоз. Напротив ние немаше ништо. Имаме само еден Охрид кој е убав и друго ништо вредно за посетување. Градовите и селата ни изгледаат ко стока да живее во нив, а не цивилизирани луѓе.
Финансиски стојам солидно, застанав на нозе годинава некако, после неколку фејлнувања во работни потфати каде што ме закрпија за мои пари. Солидно ама само за мои потреби. Не би можела да ранам уште една уста со платава и да осигурам комфортен живот за двајца. Од државава ги сакам само мојот круг на луѓе, тие ми подразбираат дом, а не Македонија како географско подрачје. Зошто? - затоа што владее огромна простотија и да ти држат животни предавања се дрзнуваат луѓе со ментален склоп од 15от век, секој за секого знае подобро отколку тој сам и попрво би те повлекле со нив на дно, отколку да те гледаат дека се искачуваш нагоре. -образованието го сведоа на купени дипломи, не се ценат воопшто талентираните ниту образованиот кадар. - затоа што владее голема сиромаштија и нвеработеност - затоа што политиката е вмешана во секој сегмент од нашите животи и деца се трујат уште од мали нозе со партиски бљувотини -каде и да мрднеш, што и да ти е потребно, без 'свој ' човек да ја подгурне работата, пиши пропало . - затоа што сме задужени и презадужени, на ниво на држава и индивидуално. - затоа што може да умрете додека дочекате мој термин, освен ако не пикнете 100 евриќи во џебот на докторот. - затоа што луѓето се заглавени во минатото, се гордеат со некаква си историја, пошто сегашноста ни е за потсмев и немаат никаква идеја за иднината - менталитет 'да му цркне кравата на комшијата ', мито и корупција, лоповлук, неписменост, шовинисти, сексисти,расисти секој втор. -огромна загаденост, нечистотија по улици, депонии во сред населени места -тоа што главниот град се форсира, а помалите градчиња може комотно да се наречат села -огромното незаконие и тотално нефунцкионирање на сите институции комплет, судења по принцип чив си. Работам на случајот да заминам од тука, во една цивилизирана држава, каде што веќе работев претходно и се почувстував како човек кој го ценат пред се заради способностите и не му бараат книшка или нешто друго преку рака, каде луѓето со тебе се луѓе и не ги занима што си по националност или пак вера. Кој мрднал малце на страна, знае дека сум во право. Дури тогаш се согледуваат сите негативности од нашава златна Македонија.
Ја па би рекла кој мрднал малку на страна ќе знае дека сегде е исто. Во Холандија, Германија, Шведска, Финска сум престојувала поголем период па од искуство знам каква дискриминација владее по раса и сексуална ориентација посебно, политиките исто за свои интереси работат нон стоп има протести посебно Шведска поголеми расисти само на филм втора светска сум видела, + се селат младите се повеќе коа запраев муабет со Швеѓаниве викам баш сум изненадена кај нас ШвеЦка е синоним за совршена држава и она само ми одговори magic medias. Мене посебно не ми се допадна опасноста која владее у секоја од овие земји после 7 нема ништо факинг отворено сите дома. Само во главните градови и тоа у центар, другово мртвило.
Твое мислење, во ред, ама не можам никако да се сложам со тебе. Ти направи дека ние сме уствари боље од нив у човечки фактор или јас не те разбрав ?
Не сме боље исти сме, горе долу у некои сфери има разлика нормално како секоја нација/култура ако се мисли на традиција/верувања има свои специфичности али од лично искуство увидов дека со истите проблеми се соочуваат.
Да се сложиме дека не се сложуваме. Бев добар период на страна и можам со полна одговорност да кажам дека ниту еден граѓанин во некоја од тие цивилизрани земји, на дневна база не се соочува со проблеми со какви што се соочува просечниот Македонец.
Не сме исти. Далеку се подобри од нас во секој сегмент на општеството, затоа што имале далеку повеќе време да се формираат како нации и држави. Во Македонија освен пар убаво уредени населби во Скопје се другото е тешка мизерија.
Ок не ја исклучувам можноста дека може ја лошо искуство сум имала и лоши искуства сум слушнала тоа е мој личен впечаток.
Пред некој ден поминував во една улица и забележав една нова зграда која се гради со 3 ката вишок од потребното. Значи не треба да си архитект за да видиш дека е дивоградба. И никој не ја чепка. Значи инвеститорот добил дозвола, некој му потпишал, некој зел дебело мито за дозвола. Зашто бегаат сите инвеститори од кај нас? Затоа што политичарите и локалните градоначалници, т.е. шерифи бараат големо мито за да им дадат дозвола да градат фабрика.
Убав ми е животот. Убава работа, солидна плата, се издржавам сама и не штедам на ништо. И така. Убаво е ако седиш во државата. Ако решиш барем еднаш да излезеш од Балканот, макар и само на одмор, веднаш сфаќаш колку е "убаво". Македонија е убава ако живееш со ставот "ќути, може и полошо". Услови за патување немаш речиси никакви. Ем тотално неповрзани, ем ништо не ти одговара со стандардот. Седи, работи, ќути си и иди до Германија, Италија и Швајцарија па фали се дека си се прошетал. Некако тешко е само со тоа да се задоволиш.
Добро утро,ги читам вашите мислење и пак ке кажам не е до Македонија,туку до нас што зивеме тука,лугето ја градат државата.јас сум одел и по други држави да не ги набројувам сега,ама да ви кажам каде и што има поголем дел балканци е исто како во МКД,во смисол на култура и во смисол на озборувње,само таму што им се поголеми казни и ги удират по џеп па и им дојде умот.
Во право си мора да придонесеме сите. Ако не за друго, за хигиена можеме, да не фрламе хартии на сите страни.
Постојат луѓе и луѓе. Но кога генерализираме мораме да признааеме дека европска унија поготово шветска е дааааалеку милениуми од нас. Не се споредува, не. Почни од финансии заврши до урбанизација. Два тотално различни света. Не само шветска туку се нагоре од сербија ти е бајка во спореба со нас. Таа е вистината. Ако сакаме да се лажеме себе си тоа е друго веќе. Точно дека тукашниве луѓе кукаат ама знаеш зошто ? Бидејки тоа е нормално.. Човек сака се повеќе и повеќе Ама и така треба да е и они си имаат проблеми ама не вакви како нас страшни мизерни и нечовечни, секој со маките си е на крај на денот. И они знаат да се жалат протестираат итн.. Не е се овде совршено па и не може да е ама разликата е во проблемите Нашите проблеми се мизеријата, хаосот, беспарицата за леб итн.. Не е исто ама него тоа не го занима и не знае за нас туку он си има други проблеми како и секој човек впрочем. Мамли и тука си во право според мене Не дека немаме убавини но се занемарливи во споредба што постојат далеку поубави убавини во светот Сите оние што прошетале и виделе знаат А и за една убавина треба посвета и негување за да остане убавина или да се наогради е тоа за жал ние го немаме Затоа се пропаѓа во земја Се руши Оти за политичариве и народот е битно се друго освен реалните мизериски проблеми.
Океј. Ни е добро ни е до толку лошо за да плукам по животот. Работам во приватна фирма, не можам да се пожалам плата секогаш на 1ви, одмор 20 дена, празници викенди неработни, од работно време од 8-4 во петок со скратено работно време имам слобода да се посветам и на дуги нешта наместо да робувам. Плата океј, но може и подобро. Покрив над глава имам, стамбено прашање за во иднина обезбедено. Однос со пријатели, колеги и роднини исто така океј. Има пар луѓе со кои се дружам со години, колеги исто така со некој повеќе со некој помалце, со роднини исто така. Како стареам повеќе сакам да сум дома пред телевизор наместо со 100 души да се гужвам негде. Здравје фала богу ме служи а тоа е најбитно. Народот општо не ме занима. Дали е прост дали е беделничар, кој што прави е ме интересира. Гледам во мојот двор и гледам мојот живот да го живеам што е можно подобро. Животот тука не е идеален признавам. Секогаш може подобро, секогаш треба да се стремиме кон подобро. За странство не сум размислувала затоа ми останува тука да живеам најдобро што можам.