Муахаххахах Браво, така е...ин јор дримс. Не знам за другите, за себе знам. Нит студирам на треторазреден факс, нит сум ауткаст, а се изнашетав квалитетно, повеќе од било кога. Ах да, и стан купивме. Стан имав и во мк, па не е баш ради станот цела радост. Гмацање, курчење и другите ствари, не ги фермам баш, а и не ги препозонавам во другите. Понекогаш се прашувам, какви по ѓаволите роднини и пријатели имате надвор. Хилбилиеви или " keep up with the Joneses".
Убав. Имам маж што ме сака, убаво дете, наша куќа, мир. Плата една плус маж приватно си работи, приватна градинка за дете... за народот каков е Не ми е гајле. Дома да ми е арно. Е сеа... има кредити и хипотеки, нема одмори, нема нова гардероба и луксузен намештај. Ама со оглед на тоа дека се што имаме имаме без помош од никој, сами купивме плац и куќа, сами се вработиме, сами се едуциравме после факс, ни ден боледување ни ден отсуства од работа, работење прекувремено...Добро е. Се надеваме дека ние ќе имаме повеќе за оставиме за детето за она да не се мачи ко ние.
И во Мк може добро да се живее, само што многу нешта фалат, системот не функционира, никако да профункционира правната држава, се води насилничка политика, отсуство на еднаквост на граѓаните и демократија, перење пари, мито и корупција, непотизам, низок стандард на живеење, ниска стапка на вработеност, култура на најниско можно ниво, загаден воздух, никаков здравствен и правосуден систем и да не набројувам уште. Инаку, Македонија ко земја си е супер.
Па за од материјален аспект мене ми е ок сега за сега, фала му на бога моите од ништо не ме скратуваат што сакам имам за од материјална состојба, но за жал овде луѓето се мизерија гледаат само да ти наштетат, на запад никој со никој не се замара не се оптеретува дека комшијата си дошол во 4 наутро, а не во 9 навечер. Искрено би сакала да живеам во странство некаде и од секогаш тоа го посакував, зошто овде во Македонија се е отидено во пропаст..
Преубаво ми е во Македонија никогаш не би ја напуштил , како што гледам се помалку и помалку младите ја напуштаат тоа ми се допага младите заработуваат од интернет сега многу има јутубери , фриленсери , дизајнери , програмери , работат се и сешто по интернетов, се отвараат многу продавници , трговски центри работа има . Преубава земја сме Скопје , Охрид , Маврово , Битола , Стумица планини и зеленило , и итн и се повеке и повеке патриоти се младите од машко до женско одат по спортски натпревари . Надвор каде и да одиш си станец а не се ништо поразвиени од нас а си бил во Скопје исто како да си бил во цела европа по големите градови .Одат за пари пример зимаат 1000 евра плата а за кирија и пат им одат 700 евра зависи каде. И тука има работа за тој што му се работи единсвен проблем е политиката да се смени тоа кје цветаме