Да бидам реален - јас сум за учество на оваа манифестација и покрај високите трошоци, но сум секако против против за учество колку само некој да се прошета. Залудно се трошат народни пари кога имаме лоша делегација и лоши пласмани. Искрено би сакал едно 2 - 3 години да направиме пауза, а потоа да се вратиме со нови членови во делегацијата кои вистински би се посветиле во работата.
Жал ми е што нема да учествуваме на Евровизија оти многу млади личности ја изгубија шансата да излезат на милионска сцена и да се претстават и себеси и државата, плус стварно е убаво кога гледаш свој претставник, навиваш за него, па тензија ќе влезе ли нема ли да влезе... Нејсе, ок е постапката да се повлечеме од учество, оти стварно немаат добар начин за бирање претставник, буџетот ни е мал, а и комисијата што бира претставник не е некоја што знае каква песна би успеала надвор од Македонија. Е сега, ако одлучат во 2024 да учествуваме, дали народот треба да бира претставник? НЕ, не треба, оти овој народ ќе го бира Виктор и такви ко Виктор, ко за у Задруговизија. Ни треба нова, млада комисија со свежи музички вкусови. И ужасно многу ни треба нов шеф на делегацијата.
Мене ми е океј одлуката. А за избор на песна мене ми е многу подобар начин да е со фестивал и избор од публика и жири. Зошто со настап на сцена добиваш впечаток и каков изведувач, забавувач а не само пејач е избраниот кандидат. Знае ли да пее во живо, каков му е сценскиот настап и како се поврзува со публиката пред камера и во сала. Таква е и Евровизија, не е избор на глас, композиција или видео спот.
Во ред ми е што се повлекоа, колку и да сакам ние да имаме свој претставник, да, одењето во Ливерпул секако би било доста поскапо од на пример лани во Торино. Но, може да е и пропуштена прилика, зашто годинава како што изгледа конкуренцијата ќе е помала. Засега има само 34 потврдени учесници, со тоа што од нив 28 се за во полуфиналињата. А рокот за потврдување на учество се наближува. Криво ми е што и по откажувањето од учество, на истиот народ кој до лани негодуваше Евровизија и бараше повлекување, сега не му чини ни повлекувањето.
Колку ќе покријат 40 илјади евра жити сѐ? Еден ден? Мислам, океј е одлукава, ама причината е малку...
Добро сега, не се само 40 илјади еур., тоа е само котизација. Треба песна, спот, настап кој чини многу, патување во Ливерпул, визи, чуда. Ама да, подобро ќе беше да кажат дека е добро да направиме една година пауза поради недоволна домашна поддршка кон настанот пред сè, потоа да анализираме зошто не успеваме и да се реформира тимот, зашто оваа причина е како повлекувањето на Црна Гора поради коли, пред некоја година.
Сум за да не настапуваме . Причини има милон. Почнувајќи од сам старт при избор на песна ( на кој начин и кој избира која песна или кој ќе не претставува) до самиот крај на оваа фама наречена Евровизија. Не ми се допаѓа што со парите на народот некој одлучува кој да оди и која песна да ја пее. Не ми се допаѓа што во делегацијата што оди има поголем број на луѓе што немаат допирна точка со организирање на настанот туку така пуштени нормално преку врски да си се шетаат со наши пари. Не ми се допаѓа ама баш ништо освен еуфоријата која трае неколку денови иако знаеме дека ние немаме победник да понудиме на Евровизија. Зборам за последниве години. А за париве дека ќе бидат наменети за струја, нема шанси. Ќе се почастат некој од луксузите на кои се навикнати.
Време беше веќе да не одиме и да не му правиме забава на цела Европа со нашите таканаречени идиоти кои секоја година прават по некој блам. Едно е лошо во целата ситуација, парите нема да се искористат за целата која е кажано туку ќе си влезат во некој функционерски џеб.