Утре (13 Јануари 2021) година започнува 27то Светско Првенство во Ракомет (мажи) во Египет. Поради ситуацијата со Ковид вирусот, во последен момент, Македонската Репрезентација, која не се пласираше на првенството доби повик да учествува по откажувањето на Чешка од истото поради заболени ракометари од вирусот. На Светското Првенство ќе настапат 32 репрезентации поделени во 8 групи, по 4 репрезентации во секоја група. Поради вирусот, може да има уште некоја промена во распоредот, како последните вести што укажуваат дека може и тимот на САД да се откаже од истото, а на нивно место да биде повикана Швајцарија. За сега, групите изгледаат овака: Со тоа што во групата Е, како тим од Северна Америка ќе учевствува САД (освен ако не откажат), а во групата Г како тим од Јужна Америка учествува репрезентацијата на Чиле. Македонија, го завзема местото на Чешка во групата Г, и ќе го игра првиот меч за 48 часа против Шведска. Распоредот на мечевите, кои ќе одат во живо на МТВ е следниот: 14 јануари – Шведска – Македонија во 21:30 часот 16 јануари – Египет – Македонија во 19:00 часот 18 јануари – Македонија – Чиле во 16:30 часот Македонската репрезентација активно ја следеше периодов разврската со позитивните од Ковид и се спремаше за можност да биде повикана за настап, па имаше две контролни средби со Чиле (со кои играме за 5 дена) кои ги победивме. Официјалниот список со кој ќе настапи нашата репрезентација: СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА ГОЛМАНИ: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Никола Даниловски (Охрид) ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитроски (Вардар), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2) ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски (Амичитија Цирих), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески (Вардар), Марко Мишевски (Вардар), Дарко Георгиевски (Анжер), Михајло Младеновиќ (Металург) ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски (Хановер), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер), Горан Крстевски (Фочани) ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Нант), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Металург) ПИВОТИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Жарко Пешевски (Штутгарт) На него не се најдоа Манасков, Ѓорѓиевски, Веле Марковски и Борко Ристевски. Шведска кои се фаворити во нашата група исто така ќе бидат ослабени за дури 9 ракометари кои се позитивни или се откажаа од својот настап. Никлас Екберг, Јеспер Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон и Лукас Нилсон се откажаа од настапот. Голманот Микаел Апелгрен е повреден, Антон Линдског ќе го пропушти исто така натпреварот со Македонија поради подоцнежен тренажен процес. Целосен список ќе има во утрешниот ден. Парондо, тренерот на Египет, домаѓинот на ова првенство, објави списокот на ракометари кои ќе настапат за неговиот тим. Spoiler: Составот на Египет За тимот на Чиле сеуште нема официјални податоци кој тим ќе настапи, но списокот на ракометари е следниот: Spoiler: Team Chile Diego Arancibia, Daniel Ayala, Felipe Barrientos, Julio Baumann, Benjamin Calleja, Diego CaroSebastian Ceballos, Aaron Codina, Arian Delgado, Victor Donoso, Harald Feuchtmann, Erwin Feuchtmann, Emil Feuchtmann, Javier Frelijj, Felipe Garcia, Vicente Gonzalez, Benjamin Illesca, Marco OnetoSebastian Pavez, Matias Paya, Diego Perez, Diego Reyes, Danilo Salgado, Esteban Salinas, Rodrigo Salinas, Emilio Valenzuela ФОРМАТ: Нашата група G ќе вкрсти со групата H каде се наоѓаат репрезентациите на Русија, Словенија, Белорусија и Јужна Кореја. Репрезентации со кои можеме да се носиме, а со што и да имаме подобар пласман понатаму. Најдобрите 3 од секоја група одат во втора фаза каде се прават 4 групи од по 6 репрезентации. Најдобрите две од таму од секоја група одат во нокаут фазата (1/4 финале). Најлошите репрезентации од првата фаза разигруваат во "president cup" Ова ќе е воедно и последно првенство за Кире Лазаров, нашиот капитен и најдобар ракометар на сите времиња кој најави дека после него ќе се пензионира од репрезентацијата. Своето деби за Македонија на светските првенства го имаше токму во Египет пред 22 години на 19 годишна возраст прв пат настапи за нашата репрезентација. Да се надеваме дека нашите млади сили ќе се носат добро на ова првенство и ќе му приредат одлично збогување на нашиот капитен. Имаме одлични млади надежи кои ќе имаат шанса да дебитираат сега, а можеби во некои од нив се крие и идниот лидер на Македонија? Што очекувате вие од првенствово? Кои се вашите прогнози? Ќе ја пратите ли нашата репрезентација? ВОЗБУДЕНИ ЛИ СТЕЕЕ?!!! НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!! Spoiler @Purplelilac , @темјанушка , @bicycle , @Spit @monibejbi Можеме да продолжиме со коментирање и бодрење оваму. ,
Одличен вовед на темава. Воедно да си кажам дека додека го читав, особено деловите дека за Шведска дури 9мина се откажале поради корона, плус голманот повреден, плус играч кој ќе го пропушти натпреварот со нас, плус сите други репрезентации исто ослабени поради моменталните случувања, ми иде само една мисла во глава: Сега е шансата да станеме Светски прваци. Шала на страна, иако ми е жал што многумина ќе го пропуштат првенствово поради здравствени проблеми, сепак исто толку ми е мило што ние добивме шанса да се најдеме како дел од него и уште еднаш да докажеме дека имаме квалитети во овој спорт. Моите очекувања се дека ќе успееме сигурно да влеземе во следната фаза т.е. во тие 24 екипи. Против Шведска иако можеби имаат ослабен тим, сепак мислам дека ќе се бара добра игра за да можеме ако ништо друго барем да завршиме со изедначен резултат. Египет исто мислам дека нема да биде лесен противник, па веројатно и тука ќе треба тактизирање и добро осмислени акции, без грешки од брзање. Единствено за Чиле би рекла дека 99% сум сигурна дека ќе ги добиеме. За понатака, дефинитивно вкрстуваме со тешка група. Но, се надевам дека младиве ќе покажат и некоја поголема брзина и иновативност во играта. Сепак со подетални прогнози за понатамошните утакмици, после групнава фаза. Да се надоврзам исто на Бајси. И јас сакам овојпат да се искористи максимално укажаната шанса за некој повисок пласман. Ептен, ептен се радувам кога ќе видам дека можеме да се носиме со репрезентации од земји кои се 5, 10 или уште повеќе пати поголеми од нашево државиче. Се надевам дека ќе се направи правилен избор.
Од кога прочитав вчера сум во шок. Од каде испадна ова? Не живеам во дупка, жими сВе. Многу ми е криво оти Кире ќе се пензионира.
Репрезентацијата на Чешка има многу заболени играчи, па дури и тренерите се заболени. Поради ова тие се откажуваат од настапот, а ние влегуваме на нивно место.
Се наоѓа по нешто. плус шеќер и вода не е на одмет. Два дијазепами пред старт нема да биде лоша идеа.
Доста нови имиња гледам, што е добро Ни требаат нови играчи, да се освежи репрезентацијата. Под водство на Кире, верувам дека ќе постигнат успех. А зошто ги нема Манасков и останатите? Поради вирусот или намерно се изоставени? Едвај чекам да почнеме, спремна сум за навивање @bicycle викни ја на помош @Stephen Amell за пцовки
Само позитивно друштво. Ќе имаме успех, ајде. Ако нешто сега зареков и не бидне, слободно кривете ме мене.
Манасков влечел повреда од фајнал 4. Може ќе ни се придружи во следната фаза. Маџовски кој требаше да го замени исто се повреди. Другите изгледа се изоставени.
А, има информации каде ќе ги даваат преносите? Знам дека претходниве неколку години ракометот на Телма го даваа ама сега гледам нема ништо во програмата, или можеби подоцна ќе менуваат.
Мора видеово да го погледнете пред натпреварот утре. ДЕБИ НАСТАПИТЕ НА КИРЕ НА СП 1999 ВО ЕГИПЕТ СО КОМЕНТАР НА КАЛИНСКИ Уфффф која класа бил уште тогаш. 8 голови им дал на Египет, а овие топ 10 завршиле тогаш. Ко утре Серафимов да им даде толку на Шведска. 22 години на врвот. Во тимот на декадата. Наш најдобар ракометар на сите времиња. Тешко некој некогаш да го замени Лазаров.
Браво Били за воведот, топ. Спремни смеее. Уште сега почнувам да се нервирам кој ќе го трпи Талески жити се Инаку имам некое позитивно чувство, исто како и дека ќе се пласираме. Вака е добро без притисок и најави по цели месеци. Очекувам сигурно да се пласираме во другата фаза, Чиле го победивме во подготовките со пола сили. Со Шведска очекувам да се помачиме сепак сме подмладени, а со Египет искрено мислам дека нема што да бареме тие се во најсилен состав и атакуваат на медал впрочем и Парондо им е тренер имаат многу пари вложено во првенствово. Најсреќна ќе бидам ако младите навистина го преземат товарот од Кире, понекогаш ни е жал да го гледам како уште не влече на тие години.
Искрено позитивно се изненадив кога ја видов темава а уште повеќе кога гледам колку девојки пратат спорт иако сеуште голем дел од народов наш спортот го смета за машка работа. Мој број еден фаворит за освојување е Хрватска. Одличен искусен селектор со ракометари во животна форма и со доволно искуство за да ги победат најбитните мечеви. За нас немам очекувања иако ќе се радувам на секој успех. Мислам дека ако не кикснеме и сами не се заебеме (како што знаеме доста често во многу спортови да го направиме тоа) ќе ја поминеме групата заедно со Шведска и Чиле.