Миркуловски се пензионираше од репрезентацијата, а и во клубот каде е, игра помалку и има улога на помошник тренер- играч. Полека се спрема за тренер, мислам дека уште оваа сезона ќе игра па ќе се пензионира. А Манасков беше повикан ама сам одлучил да не оди, иако играше за клубот скоро. Наводно бил повреден па ако треба ќе се приклучел во втората фаза,иако истото го велеше и за првенството ако не повикаат.
Денес две "изненадувања" на првенството. Пишувам во наводници затоа што ниту Бразил, ниту Јапонија се слаби репрезентации, па да се до оволку неочекувани резултатите. Јапонија цело време водеше со Хрватска, и на крај успеа да изгуби водство. Ќе има уште овакви резултати на првенствово. Хаос ќе е и секој може секого да изненади. Не би ме чудело на крај некоја репрезентација од сенка да се протне меѓу најдобрите 4.
Mора да играат помотивирано, поборбено, да напаѓаат брзо да се враќаат. Да имаат поцврста одбрана, некои наши играчи како Кузмановски, Талевски, морада играат попаметно а не како вчера да почнале да играат ракомет. Мора поборбено ако сакаат понатаму да идат.
Една одлична анализа на Пепи Манасков за првата утакмица. Сѐ што коментиравме, сумирано во едно. Не беа за фалба, што си е за право, за право си е. Можат многу подобро, ама пак не знам што да се очекува вечер кога се игра со домаќинот. Права среќа е што е без публика, па барем тој притисок ќе го немаат.
Не смее да ни се случи ова што ни се случи со Шведска. Брестовац направи огромна грешка што не го зеде Манасков затоа што тој е брз, а за контра-напади требаат токму такви, а ние со Шведска немавме ниеден. Вистина е дека ни фали игра. Штета што Парондо е тренер на нашиот денешен противник. Не заради Вардар, туку заради тоа што е смирен и сталожен човек, а нам ни треба токму таков затоа што мислам дека и тоа имаше удел во успехот на Вардар. Играчите го прават тимот, да, ама и тренерот има влијание.
Мислам дека Манасков бил повикан,но ја одбил понудата наводно поради повреда.Па да се надеваме вечерва на победа со домаќинот
Островчињата службено ќе го загубат натпреварот со Германија. Симпатични ми станаа. Иако незнам каде се наоѓаат. Имаат уште двајца позитивни, им остануваат сега само 9 играчи. Вчера како се бореа, гризеа на терен, секоја им чест. Пријатно ме изненадија мислев дека врска немаат и ќе билдаат разлика на нив. А тие контри, шутеви, се фрлаа по топки. И на крај со 11играчи изгубија 7 разлика. Камо среќа нашиве така да се борат. Не очекувам реално победа денес премија ќе биде пораз од - 10 разлика. Капак на се и близначките ќе ни судат