Да ве прашам тие што повеќе следите спорт, екипава на Египет стварно се толку јаки или не најдоа над кутрите да не суредат? И зошто Кире седи на клупа? Да не им се разлути
Не се во ранг на најаките Шпанија, Данска, Хрватска али имаат добра генерација и имаат вложено во првенството, Парондо им е тренер цела година се спремаат. Оваа наша тутурутка се гледа што спремил цела год. А ние сме си резил. Најсмешното е што имаат шанси да се пласираат на Европското следната година.
Не се толку јаки, ниту ние сме толку слаби колку нашиве што решиле да си отидат на одмор таму. Ниту трошка жар во себе немаат. Од играчи до тренер, резил. Кире изгледа го оставија на клупа кога видоа дека отиде оваа утакмица низ раце да чува сили за со Чиле. Ама како играме, има и од нив да изгубиме.
Нека сме. Огромна загуба ќе биде ако изгубиме од Чиле. ОГРОМНА! Ќе значи крај за нас на големи натпреварувања. Не дека и овака не значи, ама освен морален буст, ќе влијае и на ранкингот за следните првенства. Вајлд карти, први замени итн. итн. ќе е сон за нас. Лошо е тоа. Оваа репрезентација ќе напредува единствено ако игра на некое првенство. Ако не, ќе потонеме како во кошарката.
Еј, еј ги виде пирамидите? Ајдее да се сликаме. Ај сеа една спонтана. Дојдете сеа као шутираме да се сликаме.