Нешто им се расипал калкулаторов на нашиве Ова ако е игра, само колку да се на терен, без желба, без страст, несериозност, ужас, мене ова ми е срам да го гледам. А и да бев на нивно место(на повеќето) не би ни играла веќе, не знам како не сфаќаат дека ова е професија и да треба да дадеш максимум и да се трудиш, а не ноншалантно да си играш и кога ќе кажат не ги навредувајте, кога ви беа добри ги фалевте кога освојуваа, па извини и јас вака да работам ќе ме плукаат сите. Срамота жива Млади од 20+ години ваков карактер имаат во нешто што треба да се најдобри?... Џабе отидоа
Били, колку и да звучи сурово, без Кире ништо не правеме.. На новите им е страв да шутнат кон голот, ја подаваат топката 10 минути и на крај пак мора Кире да шутира. Ако не беа истренирани и спремни за натпреварот, не ни требаа да доаѓат на првенството.
Се знае кога ќе играат со Чиле? Можеби ќе им тргне тогаш на дечките. Ма да, мислам дека овој состав може да победи само ако игра против некој антитален за спорт како мене.
Беше многу тешко да се гледа овој натпревар... Тренерот мора да се смени, вака веќе не оди... Потребни се квалитетни тренери, многу работа. Да се спремаат за првенствп повеќе месеци, така ќе направиме барем некој успех. Навистина премногу ми е за жал за Кире, таков играч да биде дел од репрезентација која за жал го доживеа најголемиот пораз. Младите не се прелоши, знаат да играат(некои се многу квалитетни), но мора многу повеќе да работат на себе, да се подобрат. Томовски покажа дека треба да биде дел од репрезентавија, за другите ...
Добро што не гледав денес, ќе требаше да го убијам другар ми. Туку @Billy Idol оваа страница не е иста со онаа порано, тогаш немав проблем да следам два натпревари паралелно, а сега ниеден. Некој мора да навива за Словенија
Претходната утакмица не ја гледав, денешната да. Лошо, многу лошо. Ај ќе видиме дали ќе се поправат со Чиле, ама не верувам дека нешто поинакво ќе видиме.
Додека вие губевте нерви со ракометот, јас се радував на одбојкарската репрезентација. Заслужено на Европско!!!
Подобро да изгубиме со Чиле и да се спакуваат отколку да поминеме и нервози уште 3 утакмици. Мене највеќе ми е тоа што имавме доста лесна (барем олеснета со короната), а ќе вкрстиме со Русија, Белорусија и Словенија што исто така не е тешка група. Ама ова и претходното првенство ни помогнаа да сфатиме дека сме далеку од формата во која бевме спремни за поголем успех. Така што куферите и дома.
Ракоментната репрезентација не е отидена по заслуга таму,туку на туѓа несреќа на Чесите што се разболиле , репрезентацијава нема капацитет за СП , ова со Египет беше срам !Голем срам! Кога ќе се пензионира Кире Лазаров во маќедоноја ракометот ќе цркне! Нема ниту еден ракометар приближно до него ! Ако не е тој можи и со 30 разлика ќе изгубеа! Срамота! Туристи во Египет!!!
Ништо од Словенците... Ги гледаше? Толку слабо изиграле? За жал, нема таков директен пренос како тогаш од мулти натпревари. Тоа на европско мислам дека беше... Инаку, читам многу негативни коментари на интернет за нашите репрезентативци, што и е очекувано после овакви два натпревари. Она што е шокантно е што не приредија воопшто борба и се откажаа многу рано, но, коментари како спакувајте си ги торбите и дома, не посрамотивте, не заслужувате да сте на светско и подобро да откажевте ако не сте биле спремни стварно не се океј. Пред најважниот натпревар за нас, со Чиле, стварно не треба да добиваат овакви долни коментари, посебно пак за овие два натпревари кои сеедно бевме во подредена улога и се очекуваа порази. Првенствата оваа година беа одложени. Домашното наше и СЕХА лигата каде што играат повеќето ракометари од репрезентацијата. Филип Талески од друга страна од Септември месец се мачи со корона. Дури читав и дека два пати ја фатил. Па гледате колку последици има кај еден обичен човек оваа болест каде со месеци потоа нема енергија, се задишува и не знам што. Замислите колку е ова клучно за ракометар кој нема тренирано со месеци, а оди директно на светско првенство да игра против селекции подобри од неговата. Да, за пофалба е што прифатил во една оваква ситуација и недоволно спремен физички да игра за нас, наместо да откаже како Манасков и Ѓорѓиевски. Лесно е да се повлечеш, тешко е да прифатиш и да го браниш својот дрес и во добро, и во лошо. Да, и јас сум разочаран од нивниот пристап и живци кинам, но воопшто не е океј да кажеш дека требало да се откажеме, кога, пази, имало прилика да бидеме повикани и тие дечки да направат искуство од ова првенство и да се појават покрај сите проблеми со кои се соочуваат. Гледајте го само Цветан Кузмановски. Дечкото игра за Еурофарм Пелистер 2. Не за првиот тим, за вториот тим. Дечко кој дебитира на едно овакво големо натпреварување со ден без тренинг и гордо прифаќа да настапи на него, да одговори на предизвикот додека далеку поискусен ракометар од него се крие дома. Да почекаме да видиме што ќе направат со Чиле. Може ова бил вкалкулиран ризик денес кога го исклучија Кузмановски и видоа дека нема шанса за победа да одморат сили за Понеделник. Утакмица која секако за нас и пред почетокот на првенството беше клучна дали ќе одиме во следна фаза или не. Се надевам дека ќе ги добиеме Чилеанците и ќе се пласираме понатаму, а таму, нека ни е со среќа. И 3 од 3 порази да имаме, повторно треба да сме задоволни. Бар ја би бил, ете, со победа над Чиле.