Дечките стварно изгубија со многу голема разлика, ако не се лажам пред 5-6 години нашата репрезентација издвојуваше победа против истиот тој Египет, но тогаш играа други играчи како Манасков, Георгиевски, Лазаров...имаше сплотеност, тимска игра... Сега не сум зачудена од поразите, но исто не сум и воодушевена од нашата игра. Како ради реда, да едвај се чека да се заврши се. Или дојдовме - видовме до кај можеме. Дечките се млади, нови дел и неискусни па ајде за овој пат нека е простено и шо побргу заборавено. Ако ветат наредно ЕП дека ќе сме 1ви во група
Не е проблемот што губат, туку начинот и незаинтересираноста иритира. И нека не се вадат со изјави биле неподготвени кога истиов селектор пред да отидат рече дека се спремни и тренирале како да се пласирани. Условите беа исти за сите. Капак на се изјави дека оваа репрезентација својот максимум ќе го покаже на Европското наредната год. Море несреќо што ќе покажуваш кога немаш добра основа поставено!? Се чудам со кој памет те ставија за селектор, кога немаш ни еден успех направено. Па дури еден период беше селектор на сите машки репрезентации!? Што го нема нигде во свет. Мислам дека тој е најголемиот проблем, според мене најдобро е да се постави странец селектор кој ќе работи цела година, по можност шпанец.А овој ако сака нека учи од него,што чисто се сомневам дека суетата ќе му дозволи. Зошто еден асален тренер немаме со модерни сфаќања за ракомет, играме ракомет од 20век кој е веќе изумрен. Исто така сега е моментот кога Кире ќе пресече дали ќе игра уште една година или ќе биднува тренер. Сигурна сум дека одма не би се нафатил да биде селектор. Во однос на Талески и Кузмановски, од Кузмановски се гледа дека ќе бидне барем пристоен играч, покажа жар вчера ама го исклучија. Ама Талески е во тотален пад ако продолжи вака ќе може само аматерски да си игра го нашава лига. Овдека коренот на проблемот е мн подлабок. Само нека не ни продава приказни Ѓоргоновски дека немале услови, инфраструктура исл. Што поголеми услови имаат одбојкарите?? Една аматерска лига која секоја год едвај собира екипи да се одржи првенството. Репрезентација која патуваше со расипан автобус, што никој не ја погледна ниту пречека. Овие добија од пиле млеко, нема што немаат добиено а имаат побарано. Ептен ги разгали Мукаетов. Отворија ракометни школи-бизниси. Сите мамини и татини што од дома ги тераат да играат. Ете ги истите играат и резултатите се тие.
Какви дрва се ејј, со 19 разлика изгубија. Не требаше ни да одат ако не се спремни, барем да не се резилеа за џабе.
Не се сложувам зошто очигледно е дека не даваат. Прво нешто, кога знаеш дека си прв пик за замена а очигледно е дека голем дел од репрезентациите имаат проблеми со отсуство на играчи и очигледно е дека ќе влезеш како замена , зошто не почнеш да се спремаш со време ? Значи овој факт го знае тие најмалце пола година. Пола година ќе се спремеа за титула а наместо тоа тие за Нова Година и празнициве испиле 4 винарии и изеле 10 супермаркети и сега за 3 дена сакаат да се подготват. Значи несериознозност е првиот и најголем проблем. После се останато. Кога збориме веќе за сериозност Јужна Кореја игра со втора постава зошто првата ја чува за Олимпијадата да биде здрава па пак подобри резултати извадија од нас што игравме со птва постава. Јапонците кои исто така се антиталенти за спортов си земаа искусен селектор и со многу дисциплина и труд успеаа да извадат нерешено со една Хрватска која што е еден од првите фаворити за титулата. На крај краева едни Конго, Мароко и Зеленортска Република се тотални аматери ама барем се трудат. Овие нашиве со Шведска -5 разлика се откажаа, со Египет на -8 разлика. Што повеќе да се каже ?
Се надевав на подобар резултат искрено и со Шведска и со Египет,но тоа е што е,барем со Чиле да победат да не бидеме ептен ужас на ова првенство.Барем со одбојкариве вчера се израдувавме,секоја чест за нив.
Стојам на тоа дека сме подобра репрезентација. Ама подобриот не победува секогаш. Со оваа незаинтересираност никого неможат да победат. Не ни очекував дека лесно ќе ги победат, доволно минимално на пр. 2 разлика. Свесна сум дека се тапа и очекував високи порази, ама ноншалантноста не ја очекував.
Ни се подобри ни за нешто ги бива една топка не можат во рака да држат а ти ми кажуваш дека не се заинтересирани, можеби не се заинтересирани но не може да им паѓа топка од тие причини мора да се крие и нешто друго. Но не е тоа до нас да го откриваме туку до она дрвоно на клупа така наречено селектор.
Факт е дека играме лошо и на ова и на минатото првенството, и не поради играчите туку поради селекторот. Џабе ни се и најдобрите играчи ако имаме лош тренер. Египет, Јапонија, Катар се доказ за тоа, имаат одлични тренери и покажуваат одлична игра иако реално не се толку силни. Истото ни се случи и нам кога Раул ни беше селектор. Во спортот селекторот е многу поважен од играчите. За жал ние немаме квалитетен селектор, имаме многу млади играчи со недоволно искуство и знаење, поради што до израз доаѓа селекторот. За жал нашиот селектор има слабо знаење и со тоа доаѓаат и ужасните резултати. Ако не читаш, ништо лично ама моментално имаме потреба од добар и квалитетен селектор, а ти за жал не си ова.
Се крие катастрофално селектирање на играчи. Некои од нив се заштитени како бели мечки, се повикуваат безразлика на формата и минутажата. Од тука и произлегува ноншалантноста. Селекторот е тој што треба да го извади најдоброто од играчите. А што да очекуваме од некој што од вчера почна да глуми тренер благодарение на некое купено софтверче. Лани со кадетите толку фалена генерација се избламира и тоа на домашен терен. Едноставно не е дораснат за да биде селектор. Затоа тој е најголемиот виновник. @smile:) нема зошто да се извинуваш таа е вистината.
Спремниии ли стееее? Што типувате? Јас, победа на Македонија со 2-3 разлика. Тесна и стресна утакмица со доста пресврти и голови.
Фала богу ги смениле дресовите, она на ништо не личеше. Ај ваљда ќе им донесат среќа. Било каква победа е огромен успех, дури и реми како тргнала работата. Само нека се борат доволно е.