Само ќе речам, Били Ванѓа. Гатам, тргам уроци и гледам иднина на бело вино по поволна цена. Виното од вас. Шала на страна, победава беше скроз очекувана за мене. Поквалитетна репрезентација сме од Чиле и ништо помалце од ова немаше да биде доволно. Можат сега да си се вратат на Андите браќата Фојтман и небраќата Салинас да ги пасат Ламите. Во прво ме разочара одбраната, ама во второ одлично ги стегна Брестовац и тактички ја доби утакмицата. Клучни беа одбраните и на Митревски и седмерците на Томовски. Морам да го пофалам и Кузмановски кој одлично изигра и имаше клучни асистенции и 4/4 гола. Како и Жаре Пешевски. Тенк. Буквално несопирлив беше. На крај, цепелинот на Кире, со стил. So smooth. Во следната фаза ќе играме со Русија, Белорусија и Словенија. Секој позитивен резултат за мене ќе биде добредојден. Влегувам без никакви очекувања и ќе бидам крајно задоволен ако пружиме борба против овие три селекции. Голема загуба ќе е повредата на Танкоски, а ми изгледаше сериозна, пошто видовме дека Талето не е спремен првенствово.
Мислам дека задутре ќе биде. И со еден гол разлика да победевме, пак ќе бев пресреќна. Победата е најмила Aх, сега видов, следниот ќе биде задутре, па на 22, па на 24 јануари.
Реално во право е @Billy Idol, натпреварот го добивме благодарение на сранците Кузмановски, Митревски, Томовски, Пешевски, Крстевски, Кире и Столе со искуството. Другите се неспремни физички за првенството, одложувањето натпревари и неиграњето на Сеха лигата е видливо кај домашните играчи. Мислам дека клучно беше земањето на Крстевски од трибините.
Големо браво за Митревски, Томовски, Лазаров, Костески, Кузмановски,Пешевски.. Томовски докажа дека припаѓа во репрезантацијата, голема придобивка за нас е Костески. Го засени Попоски, а имал само 19 години. Браво за храброста ( 5 гола даде, првиот го промаши, се гледа дека игра со карактер) Мислам дека важна улога во победата даде и Крстевски, допринесе за подобра игра во напад.
Не го гледав натпреварот, убаво што победивме, ама изгледа тоа ќе е една и единствена победа на првенствово. Објективно, толку ни се силите. Се надевам дека на следниот натпревар, нема да има дебакл од 20 голови разлика. Нека е ова лекција, ако ја разберат. Заостануваме многу, едноставно се гледа дека сме како заталкани рекреативци на СП.
20.01 со Словенија; 22.01 со Русија; и 24.01 со Белорусија. Со среќа! И браво за денес , иако не гледав