Не ме зезај молим те Се плашам од овие три репрезентации. Русија се со многу добра постава, дури и Словенија не успеа против нив.
Не сакам да набавам многу силни таблетки за смирување за наредниве неколку натпревари, ќе се комирам целосно. Нешто послабо.
Јас престанав да се стресирам уште од првиот натпревар со Шведска. Ако видам дека од прво полувреме забушават, лабаво си гасам и правам нешто друго. И онака периодов сум екстра под стрес, уште ова ми фали.
Искрено заслужуваа барем една победа,им честитам.Да се надеваме на уште една победа во следната фаза.
Пред да испаднам хејтер и инаетчија да напоменам дека пред почетокот на групнава фаза напишав дека немам никакви очекувања но секако дека ќе се радувам на добрата игра и позитивните резултати. Работа беше што очекував дека нема да бидеме супериорни, но сметав дека егалот ќе го играме против Шведска и Египет а не против Чиле. Како и да е отидовме во следната фаза како предпоследна најлоша репрезентација според гол разликата. Послаби од нас во следново коло се само аматерите Уругвај кои поминаа благодарение на тоа што се откажаа од првенствово Зеленортската Република заради Корона. Во вторава група налетуваме на три скоро изедначени репрезентации според досегашните нивни меѓусебни резултти. Сите 3 би требало да се тука некаде со квалитетот па дури и малку полоши од нас доколку ние до сега се прикажевме во најдобрата форма. Со оглед на тоа што се покажавме во многу ужасно издание јас за успех ќе сметам 1 нерешено или сите 3 изгубени со мала разлика. Големи се шансите пак да доживееме бродолом како што доживеавме против Шведска и Египет. Огромна среќа а и подготовка и 150% давање над можностите ќе ни треба за да издвојуваме победа против било која од нив. Пред да ме нападнете дека сум негативен и хејтер пак ќе повторам да ме цитирате кога ќе завршат трите натпревари. Реално гледам на работите дека ова што го постигнавме против Чиле не смее да се смета за успех кога ќе се земе во предвид дека пред неколку години скоро истиве играчи со 2-3 разлика знаеа да победат многу, многу посилни репрезентации. А секако ако сакаме напредок мора да ме објективни наместо да бидеме пристрасни.
Денес завршија и последните натпревари од првата фаза. Имаме уште едно изненадување на првенството, Унгарија ја победи Германија, иако за мене поголемо изненадување е победата на Полска над Бразил. Сепак, во наредната фаза одат сите репрезентации што требаше да одат, па во тој аспект нема некое изненадување. Се повреди Лука Циндрич и пишуваше дека за него е завршено првенството. Хрватска ќе биде баш десеткувана без неговото присуство. Не им се пишува добро. Ние вкрстуваме со Русија, Словенија и Белорусија, во група каде носиме 0 бодови од претходната, а другите сите носат по некој бод. Правилото за пренос на бодови: Се сметаат оние бодови што ги има секоја селекција освоено во натпреварите помеѓу селекциите кои продолжуваат понатаму. Пр: Во нашата група не се гледаат бодовите што ги освоиле селекциите против Чиле, затоа што отпадна, и затоа ние носиме 0 бодови, Египет носи 2 (победа со нас) и Шведска 4 (победа над нас и Египет. Во другата група Русија носи 3 бода (победа над Словенија и реми со Белорусија), Словенија 2 (победа над Белорусија) и Белорусија 1 од ремито со Русија. Во следна фаза одат првите 2 пласирани. Значи, ние понатаму дури и теоретски имаме слаба шанса да се пласираме. Според мене, фаворити за понатаму се Шведска, и мислам дека Словенија ќе изненади, а Русија ќе киксне. Не знам зошто, но Русија имаат многу ослабен состав, немаат клучни играчи во ростер и баш ме изненади нивната победа над словенците. Нашите шанси за победа над некоја селекција се, би рекол минимални и за мене позитивен исход ќе е ако немаме 3 порази. Негативен е ако сите 3 порази бидат со 7+ разлика. Со Словенија не гледам да имаме шанса. Не ни одговара тој ракомет кои го играат они и ако некаде гледам дека ќе бидеме декласирани, тоа ќе е на овој натпревар. Со Русија донекаде мислам дека имаме поголема шанса, бар за некој помал пораз со под 5 разлика и утакмица која некое време ќе се држиме. Иако, донекаде нивниот ракомет, кој е спор, грамаден, како нашиот ни одговара повеќе. Со Белорусија очекувам најголеми шанси за некое изненадување. Иако ги немам гледано одамна уште од времето на Сергеј Рутенка, а сега слушнав само пофални зборови за нив дека играле добар и брз ракомет. Сепак, ако некаде бараме бодови, треба да бараме овде. Кои се вашите очекувања? Што мислите утре за утакмицата со Словенија?
Многу незгодно време на натпревариве, на работа сум и не можам да следам. Мислам дека ќе изгубиме, само и Словенците нешто нема 100% да даваат од себе - сигурне ќе се штедат. Тоа важи и за Русија и Белорусија, со по 3 - 4 голови разлика ќе не победат, колку да не држат одлепени
За минатиот натпревар нема да пишувам анализа, зошто речиси се сте опфатиле. Ќе кажам само дека одлична одлука беше што Талески не играше во најголемиот дел од времето, зошто реално дечкото е изгубен случај на првенствово. Ако добро се сеќавам порано покажуваше подобра игра, а сега што му се случува не знам, но сметам дека не треба премногу да се ризикува ако и денес не е добар. Исто одлична одлука е тоа што за голаман го немаат земано Борко, зошто последниве првенства мислам дека повеќе се фрлаше без врска ради атракција и драматичен ефект, отколку што беше концентриран да одбрани нешто сериозно. За денешната утакмица и сите следни, се надевам само дека ќе бидат на нивото од минатиот пат, па и подобро. Се повторувам неколку пати, но сакам само да се мотивирани и разиграни. Сакам да ја искористат шансата која им се укажува на младиве да се стекнат со искуство во игра против репрезентации од различни земји, за да сфатат во кои аспекти треба да се усовршуваат во иднина. Резултатот денес во најдобар случај реми, во најлош нешто ко со Египет. Против Русија исто мислам дека тешко ќе оди и ќе се бара особено врвна одбрана. Белорусија можеби би ни била некоја надеж за победа, ама ова ми е само онака претпоставка зошто многу малку ги имам следено белорусите на првенства воопшто. Во секој случај, пуштам среќа на нашите. Јас сум спремна за навивање.
Не знам дали го слушаше на МТВ во студио кога кажа дека грешка било што не ги земале нив постарите, пошто ќе можеле да дадат совети на помладите, да ги фатат за уши на полувреме и други работи што рече не се за пред јавност. Колку одвратен карактер ми е. Да го викнеа, само токсична атмосфера ќе правеше.
Борко џабе толку години голман, кога воопшто не може да се спореди со Томовски кој е одличен, а млад.
Доцна уклучив тв тогаш кога беше во студио, па не фатив баш што кажуваше. Штом вака говорел, само си потврдува дека добро направија што не го земаа. А што се однесува на совети од искуство, реално никој друг не им треба кога го имаат најдобриот со нив (Кире секако) , па што и да треба да им се упати како критика, сигурно веќе е сторено.
Имаше Борко добри партии кога беше млад и Кире го зема со него во Барселона. Едно време нели и министер на одбрана го викаа. Ама ич не беше константен, ич. И многу токсичен карактер е. Нема со кој се нема испокарано, освен со цимер му, Кире. Поради него и се влечеше во репрезентацијата толку време. Му помина времето одамна него. Се сложувам со тебе дека Томовски е одличен голман, посебно за пенали. Дечкото колку добро чита, секоја му чест. Го имаме и Кизиќ за Вардар што брани и е одличен голман. Екстремно млад и го сметам за иден дел од репрезентацијата. Мислев и сега ќе го викнат како трет голман. Одлично сме покриени на голманската позиција за следните 10 години.
Мене многу ми е страв од сите три репрезентации, на повисоко ниво се од претходните со кои игравме. Посебно денес против Словенија, ненормално брзи се. Само да не се случи истото со Египет. И Белорусија и Русија не се тоа што беа, играат модерен и брз ракомет. Секој пораз со помалку од 10 разлика е успех. Мислев дека Борко сам се откажал и е во добри односи со Брестовац, бидејќи му беше цимер. Ама не е необично за него да се скара со цимерите Така да ништо чудно.
Се скара и со Кире уште од времето кога беа Барселона. Одамна не се цимери. Кире не му беше на свадбата, а Борко не беше на дипломската на Кире.
Ауу не сум го знаел ова. Се гледа декa последниве години не сум во тек со случувањата... Ете зошто повеќе не го повикуваат во репрезентацијата. Претходно се влечеше поради Кире. Најдобра одлука е што го нема. За мене Диви ќе остане секогаш подобар голман од него.