Кај баш со Шведска прв натпревар Јас спремна, лекови не пијам, ама пиво обавезно за смирување ќе се најде и знамето, се разбира на тераса од денес - небаре веднаш победивме
Со оглед на ситуацијата во која е репрезентацијата на Шведска, мислам дека имаме добри шанси за победа. Се надевам дека младите ги научија грешките од минатата година и оваа година ќе го покажат својот квалитет. Сепак ова му е последен настап на Лазаров за нашата репрезентација, па се надевам дека неговата кариера во репрезентацијата ќе заврши како што капитенот заслужува.
Како што играат овие наши млади ракометари не очекувам да ја поминеме ни групата, затоа не треба многу да креваме еуфорија за после да не се акнеме од земја како скоро и секогаш што правиме.
Ауу па ја мислев ништо оваа година Браво за темава Голем фан на македонскиот ракомет, со душа чекам утре
Искрено и јас не очекувам да направат нешто големо, ама па и не до толку. Треба само Чиле да го победиме, а од нив никогаш немаме изгубено, башка ги победивме пред некој ден без Кире и Столе. Не сме толкава катастрофа што само на среќа влегла на првенството. Првенството ќе биде најтапа и најнеочекувано, сешто може да се случи.
Еве ќе ти кажам искрено на пријателски утакмици не можеш да гледаш како репер на нешто што е официјална утакмица на светско првенство таму никој не ги открива своите најсилни адути секој крие нешто, а ние богами немаме ништо да криеме секогаш одиме со исти карти на првенства и ништо не можеме да скриеме. Но посебно ме загрижува не ажурноста на нашите млади ракометари кои се залутани во ракометот по барање на мама и тате да ги пикнат да играат.
Мислам дека реално и треба да очекуваме дека ќе ја поминеме групата. 3 од 4 одат понатаму. Ваљда не сме толку боси? Е сега, не очекувам дека ќе пренесеме поени, затоа што ќе го победиме само Чиле. Овака оптимистички би рекол дека може да извадиме и некое реми, и тоа повеќе мислам дека можеме со Шведска да го направиме, отколку со Египет кои се домаќини, имаат јак тим и светски докажан тренер. Кој го гледал Парондо во Вардар, знае дека има добро познавање. Како што пиша Темјанушка, пари истурија за првенството и се плашам да не бидат како Катар кога беа домаќини. Швеѓаните ептен десеткувани влегуваат во првенствово и може ова е шанса да им се одмаздиме за нерешеното во Србија. Ние од друга страна, ептен сме слаби на лево крило. Промаја ќе е без Манасков и Маџовски. Другите позиции се тие, подобро немаме. Гоце и Борко стварно беа за пензија и драго ми е што конечно не добија повик. Поповски е солиден. Кузмановски се надевам ќе проработи на првенствово, а одлична замена ќе е и Танковски кој ќе ротира со него и Талевски на лев. Овој, не очекувам ништо од него, толку имам ниски очекувања, што се надевам дека тие нема да ми ги изневери. Голман стандард Николче Митревски, во одлична форма е. Капитенот, очекувам да изигра капитенски и како што доликува да се повлече од првенството. За следната фаза ќе играме со Словенија, Русија и Белорусија (претпоставка) и тука очекувам една победа. Толку, доста е. Со ова би бил задоволен. И секако некој од децава да се покаже, како Серафимов, Мишевски, Костески и Цветан Кузмановски. @SURF Охоо, и тоа какви само навивачки имаме на форумот кои редовно пратат ракомет, машки да им позавидат колку се информирани и во тек. И бивши ракоментарки имаме дури. Се надевам ќе ни се приклучат и они.
Пријателската беше од затворен тип, без пренос за да можат Чилеанците на раат да си пробуваат акции. И на нивно барање беше ова. А ние игравме со пола сили за да се одржи ритамот во случај да не повикаат. Е сега непланирано влеговме во нивна група. Слободно потпишувам дека ќе ги победиме.
Не претерувајте, ние знаеме дека нема да бидеме шампиони, ама Чиле сигурно можеме да го победиме. Не сме толку слаба репрезантација.
Пресреќна бев кога дознав дека ние ќе одиме на СП и јас сум многу возбудена како и сите други и се надевам дека утре ќе победиме. Но, противникот никогаш не смее да се потценува или преценува. Шведска е ослабена, но и покрај тоа не смее да се потценува. Само јас знам колку се имам нервирано кога нашите нема да дадат гол. Кире што има 40 години, а е се` уште бомбардер и неговото име треба со златни букви да биде напишано. Македонија И јас сум фан на ракометот (на форумот во тајност) и да, ме интересира спорт, ама ги избегнувам овие теми затоа што видов навреди за луѓето што се занимаваат со овој спорт (за ракометот зборувам). Ама оваа не можев да ја избегнам зашто веста дека Македонија ќе оди на СП премногу ме израдува.
Aко е така тогаш да не коментирам подобро за да не ми се смеат ако истресам некоја зелена Реално од ракомет следам само големи натпреварувања и не сум баш во тек со актуелностите. Составот на Хрватска само што го прочитав убеден сум дека прилично лесно можат да го освојат пехарот. Франција, Шпанија, Данска не се тие од предходните првенства. За нашиве поим немам зошто не следам клубски ракомет така што со самото тоа дека оваа година благодарение на откажувањето на Чешка сме се пласирале, не верувам дека ќе имаме некој голем успех. Заради тоа и немам никакви очекувања.
Навреди ?! Зошто навреди и од кого навреди ?! Зошто мислењето на малоумни би те спречило да коментираш на тема која што те интересира ?
Не ме бива мене премногу за пцовки. Ете го Зонето, таа си знае како се нервирате за фудбалот. Не се секирај, ќе ги тужиме.
Кога Вардар стана европски шампион, на некој член не му било јасно зошто сме се радувале за некои што во „глупав“ спорт освоиле прво место. Ама тоа е само еден дел од навредите, ме мрзи да барам стари мислења. Не дека ме спречуваат таквите мислења да коментирам, ама не сакам да си создавам дополнителни нервози.
Јас буквално ниеден натпревар не изгледав на Вардар тогаш ама отидов на плоштад зошто таков успех не може било кој клуб и било кога да постигне. Таквите лежерно и буквално ги одминувам со еден блок или unfriend ако е на некоја социјална мрежа и толку. Луѓе без живот се тоа што сакаат да се најдат у муабет или рандом си хејтаат. Инаку и мене такви ми се имаат закачено да ми објаснуваат за фудбал и колку мојот тим не го бива ама се однесувам како да не постојат. Дополнителни нервози ?!
Ја имаме и првата победа на турнирот, очекувано Египет го совлада Чиле со 35 - 29. Мечот не го гледав, а ќе го даваат реприза на МТВ од 21:30, можеби ако некој сака да го гледа.
Сега имаше снимка од СП во Египет од 99та и дебито на Кире, ми останаа во мисла зборовите на Калински како го најави " Кире Лазаров - талентот што може да се вивне до несвесни височини". Значи Златко дефинитивно те слушнал Господ.