За голманската позиција покриени за наредни 15 години, може и бековиве и крилата ќе се разиграа, ама пикери и одбрана после Столе, потоп. Го немаме веќе Ацо Јоновски, Марковски одамна не е во форма, а не гледам ама баш никаква светла точка кај некој од нашиве ракометари за позиција одбрана. Можеби Мишевски, ама далеку од тоа дека е одбрамбен играч, можеби за во домашно првенство ама не и за репрезентација или па лига на шампиони. Никој и не размислува на таа тема, сите бараат наследник на Кире а никој не размислува дека треба да се создадат 4-5 деца кои ќе ги интересира само одбраната. По составот а и по она што го гледам во домашна лига, наредниве генерации немаат ни висина ни сила која им е најмногу потребна да се спротивстават на противнички пикери и бекови, кои во секоја репрезентација се со висина на 200см и прилично солидна градба. Во македонскиот ракомет, (не за оние кои играат надвор) па и во кошарката исто, воопшто не се обрнува внимание на градба, висина, тежина, мускулна маса. А денес во сите спортови се гледа напредок токму во физичката подготвеност, висина и градба за игра на повеќе позиции што во напад што во одбрана. Неможе лев и десен бек да се со висина 180см и тежина 70кг, да се бара од нив гол од 9м и цврста игра во одбрана. Каков блок ќе постави тој играч на контра бек со висина од 200см и 100кг тежина. Своевремено Раул постави таква игра во Вардар. Создаде тим кој комплетно се менува на 10-15мин игра и истиот константно игра напад-одбрана без замени. Замените се помалку се користат во ракометот, тие се одлика на спора игра и недоволен избор на играчи, со што и брзата контра или брз центар во другите репрезентации доаѓаат до израз а кај нас не. Со за Македонија
Ми се чини дека Габер ако го земе на човек со топка, директно комиран би бил. Каква сила има човеков.
Солидни сме и го имаме потенцијалот да го свртиме натпреваров, само концентрација поголема и да не прават грешки.
Пошто само првата успеав да ја гледам, тајм аутот беше тотална катастрофа тогаш. Само им се дереше без врска. Комплекси си има некои човекот. Место да им даде конструктивен совет или да им го качи малку моралот. Играчите изгледаа ко депримирани, као само да се молат да заврши првенството и да си одат дома.
Игравме добро, им ја умртвивме играта и не дојде до израз нивната брзина. Ама штом почна да ротира ни направија разлика.
Се гледа разлика во класите. Овие нашиве или од страв не се решаваат и при чиста позиција да шутнат, или шутот им е како да се удираат по гз, млак и слаб. Типувам на тоа дека ќе дадеме отпор на почеток на полувреме и ако не даде резултат ќе ја предадеме утакмицата, да ги одмориме господата за наредните натпревари.
Абе добар е Кузманоски. Имаше некоја грешка, ама генерално на потребното ниво е. Сите се трудат реално, уиграни се и се подобрени како во одбрана така и во напад. Само овој што не знае кога да ги одмори и насочи, тоа друга ствар е. Врска си нема, најсериозно. Не знам како воопшто на некој му текнало да го земе во предвид како селектор. Само ги уназадува и депримира, па после губиме за џабе. Судиите исто имаа грешка ни досудија престап, а не ни имаше. Плус првично требаше да има пенал за нас, зошто Стоилов ќотек изеде. Ама тоа плус овој дрвово, резултатот е тој.