Кузмановски е сеоски Карабатиќ. Има градба, додека му фали интелигенција. Спортска Што на пример ја има Крстевски, ама физички е лимитиран тој.
На местото од селектор дрво да ставеа, подобро ќе ги насочеше. Вака со споредба што му правиш навистина дрвото го вреѓаш. Да се насмееме малку.
Толку е. Очекувано дека ќе ја предадеме утакмицава во второ. Кој се надеваше на повеќе овде или е премногу оптимист, или пак не прати ракомет. Немаме квалитет за повеќе, добро е да им се даде на децата минутажа и да се зачуваат силите. Кире веќе облече тренерка и ќе се чува за со Русија/Белорусија. Јас сум задоволен како им се држевме во прво, со оглед на клучни судиски грешки кога се кршеше натпреварот. И некои светли точки што ги видов кај младите и Талески. Имаат екстремно добри технички потковани бекови во Зарабец, Бомбач и Јуре Доленец кој е светска класа на бек. Габер, Благотиншек и Мачковшек се сите огромни над 2м со над 110 кг, Столе не можеше да се пробие со нив. Скроз во право е што рече @Роберт 7 дека ние сме физички инфериорни и по висина, и по силина. Треба далеку повеќе да се работи на физичкиот дел уште од најмлади години, теретани, нутрициски режими. Мора уште од самите почетоци да се посветат на спортот, а не секој викенд да се опиваат во клубови и не внимаваат на исхраната. Кире, поради својот професионализам на 40 години игра. Нека биде пример за младите дечки, Серафимов, Костески, Танкоски. Само така има успех.
Овие тројца се како оние ликови во видео игрите што се на највисок левел и се најтешки да ги биеш. Тешко е навистина за пробивање.
Ова беше очекувано.Па да видиме со Русија и Белорусија,се надевам бар на една победа,но и тоа тешко, или пак реми доволно е.
Жаре Пешевски мислам е 33. Пикер, замена за Столе Стоилов. Десен бек го пушти Серафимов како трета опција што ни е. 19 години има дечкото и огромен потенцијал. Велковски е втората опција таму. Приметив дека доста добро разигрува и асистира, ама слаб е со шут од 9 м.
Леле премотај ако можеш, врвен момент на утакмицава ми беше. Инаку мој впечаток е дека дечкиве беа навистина добри денес. Јас за ништо не им замерувам, иако направија и некои грешки, сепак достојно се боревме до крај. Словенците имаа одлична одбрана, така што после предноста беше веќе и психолошки тешко да се пробие. Ми се допадна на крај играта на младиве, иако губевме со 8-9. Треба да учат уште доста, но имаат сега барем некаква основа од што да учат. Браво момци.