Не беше истиот од другите натпревари, ама овој секогаш е таков. Инаку снимка има вечер околу 23ч и утре на Мрт3, таму постојано ги репризираат.
Првите 15 минутки добро игравме,но потоа ништо,а и ништо неочекувано,на овој состав искрено,не дека сум песимист но толку им е капацитетот.Можеби догодина на Европско ќе покажат поразлична игра,ќе видиме.
Првите петнаесет мин предобри. Ме изнанадија нашиве, водеа со 2 разлика, одлични беа. Талевски после 3 натпревари добар беше, во првиот дел три убави гола, имаше придонес во одбраната, одличен беше. Се гледа дека кај него психичкиот момент е многу важен. Се надевам пополека ќе си ја врати формата. Искрено, многу ми е драго што не го земаа Борко. Карактерно вивнат во облаци, додека Митревски за него е чиста десетка. Томовски најдобар, многу ке придонесе во репрезентација,огромен талент. За крилата имаме добри опции, Костески одличен (карактерно многу наликува на Кире, има многу голем потенцијал. Се гледа дека е многу поквалитетен од Поповски). Лево крило го имаме Манасков (доколку игра, се надевам, најдобра опција),но тука го имаме и Димитриовски и Цветан Кузмановски (квалитетен играч, мислам дека е голем потенцијал). Кузмановски ме изненади позитивно на последните два натпревари, иако промашува и повремено не игра со глава се истакнува како лидер. Исто,Кузмановски мора да бидр лев бек, тој неможе да биде среден бек, само се гуши на таа позиција.
Кога играат двајцата со Талески, играта им е ужасна. Воопшто не си одговараат како пар и се гушат меѓу себе. Никако заедно. Многу подобро играат како комбинација со Крстевски, што за мене е право откровение на првенството. Кога влезе тој во игра добивме на мобилност и креација. Костески е многу добро крило во напад, ама е лош назад, Попоски е каде, каде подобар избор од него во одбрана и затоа го форсираат. Во одбраната мора да се има кохезија и сите да бранат, особено крилата тука се клучни пошто тие стојат меѓу противничкото крило и бек. Ова баш можеше да се види во прво полувреме со Костески кој имаше доста слаб одбранбен учинок и не убија Фојтман и Себаљос од таа страна. Второ го стави Поповски и ги затворивме. Не сакам да кажам дека Костески е лош, напротив, многу е млад и надежен, и се надевам ќе се подобри во одбраната. Ќе добиеме респектабилен играч во него во иднина. Манасков посебно е многу добро крило во одбрана. Во Веспрем одлично ги врши тие задачи, а и во напад знае да се придодаде како втор пикер. Ова не го гледам ниту од Димитриовски, ниту од Ц.Кузмановски. Фали таму и Маџовски кој ќе е пред нив.