Денеcка беше најтешко да се гледа... Браво за сите оние кои го изгледаа целиот натпревар (јас неможев)... Бевме очајни. Да не беше Кузмановски, Митревски, Томовски ќе губевме уште повеќе. На ова СП се виде дека некои од младите не заслужуваат да бидат дел од репрезентацијата. На ова мислам поради Георгиевски (човекот промаши еднаш од 9 метри, истото го направи во следниот напад, да се докаже и успеа да ја зголеми разликата на -12. Тоа е себичност,наместо да шутира можеше да подаде, да се создаде шанса ). Во нападот немаме иницијатива, ако вака продолжиме незнам каде ќе стигнеме. Кузмановски не смее да биде среден бек, на оваа позиција мора да се бара решение. За Талевски мислам дека треба да паузира малку (да ја помине депресијата, па после да се приклучи). Од младите место во репрезентацијата заслужија само Томовски,Костески (иако денеска не беше воопшто сјаен),Крстевски, Серафимов (денес покажа волја, мора да работи на шутот од 9 м).
Уште еден рутински пораз. Јас да сум на местото на играчиве ( нели неискусни), ќе седам у публика и ќе гледам како се игра од другите репрезентации. Вака, баш арчат време без врска и тотално се незаинтересирани. Овие бре немаат елементарен спортски дух.
Денес не бев во можност да гледам, но сега како што читам добро сум направила. Добро бе дечки што се деси?
Не гледам јас од после првите две со Шведска и Египет и да ти кажам многу подобро се чуствувам. Супер што не си гледала инаку, сигурно си завршила некоја попаметна работа место да губиш време, нерви и здравје. По разликава -12 можеш само да замислиш но јас мислам дека ова била реприза на првиот натпревар со Шведска .
Леле, ја па се надевав на позитивна историја да напишеме, не ова. Зошто воопшто зареков на самиот почеток? И тоа баш тука во оваа тема. Добро што не гледав.
Не зарече. Едноставно ако приметуваш дека не не бива тоа е факт зошто не си единствена. Инаку и јас пред почетокот пишав дека не очекувам никакви успеси , дека само ќе чекам изненадување. И добив изненадување. За жал непријатно
Спремни за последната утакмица? Јас немам баш некој оптимизам, па ќе се воздржам од претпоставки. Што типувате вие?
Во пеењето на химната сме најдобри на првенството, па ако ништо друго, награда да ни дадат за најраспеана репрезентација