Нешто што највеќе не ми се допаѓа кај Кире е што пцуе, па уште и кога ќе го фати камерата. Понекогаш се прашувам дали е навистина таков.
Леле колку се бунам со боите на дресовите, се изнервирав кога ја украде топката Поповски, мислев противниците се.
Онака солидно, ама не и баш најдобро. Одбраната ни е слаба, инаку можевме да имаме водство. Митревски единствено ми е супер.
Искрено да кажам се разочарав ептен ова првенство со нашиве,ама тоа е. Да се надеваме на Европско догодина дека ќе имаат подобра игра и ќе постигнат подобар резултат.
Значи можело да се игра. Не сме толкава катастрофа,само треба тоа да се спакува убаво. Се гледа дека фали добар селектор.
Мислам дека ова ќе е последно Светско првенство и долги години нема да ја гледаме нашата репрезентација. Ова е крај на една генерација, и на една ера во македонскиот ракомет.
Се ни се излизга низ прсти. Почнувајќи од шампионот Вардар па сега до репрезентацијава. Како можи олку да не се вложува во спорт не знам.
Не е проблемот толку во вложувањето, потребно е играчите и тренерите да вложуваат во себе, да имаат желба за напредок и надогрдување. Самото вложување не значи автоматски успех. Потребно е добро поставен план и цел, и само работа, работа и само работа..
Да тоа е точно, но мора да имаат некаква мотивација играчите, да ја добиваат од некаде. Знам дека тоа треба од нив самите да излезе, да се надоградуваат, ама има огромен ред на причини кои им пркосат да ја добијат потребната мотивацијата. Жално навистина, а имаме квалитетни деца, со можност за светла иднина.
Борето пак се скарал со "некој ". Меѓутоа, доколку навистина сакаме успех и иднина ќе мораме да многу трезвено и без лични суети да го анализираме сето ова и што доведе сè она што ние сме го граделе 15 години, „некој“ заради икс-причини (а мене добро познати) да ја донесе македонската репрезентација на ова ниво.
Денес се играат 1/4 финалните натпревари. Меѓу нив ќе има и едно огромно дерби кое е најинтересно за пратење, Норвешка - Шпанија. Моментално на тв почнува натпреварот Данска - Египет Кои се вашите очекувања? Кои репрезентаци мислите ќе одат во полуфиналето? За првава утакмица очекувам победа на Данска, тешко издвојувана со многу фаули и контроверзни судиски одлуки.