Египет имаа добар почеток не викам не, водеа со 4 разлика. Но, Данска се врати и моментално е изедначено, супер. Навивам за Данска
Полуфинале Данска - Шпанија Унгарија - Шведска Финале Шпанија - Унгарија Ништо чудно маџарите и да освојат.
Мене не би ме чудело Унгарија да изненади и да ја победи Франција која без Карабатиќ е ослабена. Унгарците имаат многу добра игра со одлични млади перспективни ракометари. Ако ги победат Французите, дефинитивно ќе се фаворит над Швеѓаните ( или евентуално Катар), па нема да ми е изненадувачки да стигнат до финалето. Од друга страна Шпанија со намера ја одбра Норвешка, со која има скор 9-0 во натпреварите. Може ова ќе е шанса Норвежаните да ја имаат првата победа над Шпанците.
Колку само сум бил во право, иако контроверзиите не беа од страна на судиите, колку што беа од аматеризам на двете репрезентации. Два пати Данциве имаа шанса да победат. Два пати прокоцкаа. Сега Египет се во предност да победат... Ќе има ли ова крај? Ех Хансене, Хансене.
Пеналчиња.. На данциве му падна концентрацијата, јас мислев со скандинавско-германски менталитет ќе издржат али испаѓа египјаниве по спремни. Ипак, Данска е Данска .
Утакмицава е закачена Ама најјакото е шо и двајцата играчи шо добија црвени картони се бр 24 Има нешо тука
Сепак нордиската енергија преовлада.. Данска има искуство а искуството си го направи своето Данска во 1/2
Навивам за Данска, ама Египет што го пуштија овој последниот играч за да шутира пенал... а ќе победеја
И мене ми е фаворит. Би било добро и Кире да му биде асистент,за да навлезе во системот. Иако мислам дека би било тешко. Поголема веројатност е во Вардар да се врати,таму играчите многу го почитуваат. А и он постојано изјавува дека му фали Мк.