Сега му е мајката,Чешка се откажа од светско и ние можеме да направиме резултат. По логиката на нештата имаме шанси и за влез во ЕУ, по што нели Англија се откажа од ЕУ па место нејзе можеме ние
Важно е да се влезе на првенството, е сега како сме влегле е помалку важно Исто така и Швајцарија влезе на местото на САД. САД се откажа од учество на првенството поради многу заболени ракометари. Штета, по 20 години ќе учествуваа повторно, ама за жал ништо од тоа.
@bicycle ќе ми шепнеш некоја пцовка? И јас да научам. Да отидам до аптека дијазепам да купам и ќе бидам спремна. Нема да можам да пробам од винцето на @Purplelilac, па затоа јас ќе си ставам една чаша сок.
Mислам дека момците ќе направат нешто годинава, после ако појде нешто наопаку, да знаете јас ги зареков! Имам јас челични нерви. Шо се +20 дена со нервоза?
Само јас ли ќе си спремам пиво? Виното ми е некако премногу буржоаско за оваков прљав спорт. А и црвено вино повеќе НЕ. Не прашувајте зошто.
Тежок натпревар ќе биде вечер. Секако дека ќе се израдувам на победа но и нерешено да заврши нема да биде некој голем проблем доколку победиме против Египет и Чиле. @Stephen Amell не се сомневам дека ќе издржиш без нервози. Сепак последниве 10 години навивањето за Интер те има исчеличено ЈК Инаку општо со спорт повеќе оди пиво со некој чипс или некој слични грицкалици како нафора, брускети, или оние стапчињата со топен кашкавал. Вино може да оди евентуално со тенис или уметничко лизгање. Исклучок е белото вино (шприцерот) кои што може да се пие со фудбал.