Абе кај мене нема за резултат гледање ќе го треснам тв низ пенџер! Дај кажете колку е резултатот, коментаторов илјада бројки во стотинка кажува.
Нападот така - така, одбраната дупка. И тие што не влегоа, или Митревски зицер им скина, или промашија Швеѓаните. Тешко оваа. Ама не и дека очекуваше некој повеќе.
Посебна одлика на сите наши тимови во сите спортови е тромавоста. Ама со нас никогаш не се знае, ќе видиме што ќе испадне до крај.
Мислам дека уште не се опуштени младиве. Најдобро што би можеле веројатно реми да извлечеме. Победа нема шанси, јасно е.
А да, и многу се изнервирав што 70% од головите на ист начин ги примаме, а нашиве ништо не превземаат.
Оној на лево крило што ја промаши последната чиста шанса, Дарко Димитриевски или како и да беше, на 27 години дебитира за репрезентацијата. Млада надеж, нема што.
Како смо се надали, нисмо се добро удали. Или како и да беше. Многу слабо, многу. На сте позиции-чорба, напад/одбрана пак чорба. Иксрено ми е жал да ги гледам кај шо се мачат. Да ја добиеме Чиле и доста ни е мислам, толку ни се силите. Се плашам дека црно ни се пиши после пензионирањето на Кире, тешко дека пак ќе заиграме на некое прсвенство.
Крилана не се замараат ни да ги бранат веќе, само прашина фаќаат. Се сложувам со @Billy Idol , одбраната е таа што најчесто не вади. Ама до сега слабо.
Кој го лаже бе Талески уште дека го бива Во одбрана промаја шиба највеќе кај него, напад само статира. И аман веќе сите сфатиме дека неможат во нападот да играат заедно Кузмановски и Талески ама само селекторот никако да сфати.