Е затоа во второ и нападот беше дупка. Сите како фатени во рачињата и онака само си подаваат меѓу себе, на ти ја - дај ми ја. Ниту пробив, ниту влез, ниту вишок да прават. Има ли некој од овие да превземе одговорност, да се издигне на шут, да оди во пробив како Филип Миркуловски што правеше или да проигра со пикер? Како и секогаш, се да се чека од Лазаров. Одбранава пак, што да кажам... Ване ни даде сам 11 гола. Еееј, Ване... Овој у живот нема толку дадено на еден натпревар. Пола репрезентација им фали и не тепаат 11 разлика. Кореа со децана помалце се избрукаа со Словенија. После Кире ќе бидеме Б тим. Не, не. Ние сега сме Б тим, после него нема да постоиме на ракометната мапа, ќе потониме како Грчка. Со Египет нема шанса, а како играа Чиле, ништо чудно и тие да не изненадат. Салинас ќе оди на 7+ сигурно. Ептен се разочарав, ептен. И таа малку надеж што ја имав, и таа ми ја срушија. Ништо од овие. Дајте нови деца.
Томоски одличен, Митрески ок. Нападот премногу грешки, одбраната промаја дува од сите страни. Контра непостоечка. Селектор дрво зелено. Краен заклучок: Вратете го Шундовски. П.С. Јас стварно сакам да им дадам шанса на младиве да изненадат позитивно, па ќе речам неочекуваниот пресврт на случувањата во микс со лошата организација и уморот, резултираше вака. Понатака верувам подобра игра ќе има. Поддршка од мене.
Дали направив грев што толку гласно се засмеав? Ако ништо друго барем на маката да се посмееме онака.
Многу од ракометарите што играат веќе неколку години правеа многу глупави грешки. А Талески дома да си оди, топка во раце не знае да држи.
Мене не ми е јасно зошто е во репрезентацијата, ај до мината година пак во ред, ама после тоа мината година пак да го викнат.
Овие па Словенија-Кореја може си шутирале само од гол на гол, ама попрецизни биле словенциве. 51-29, бруки човече.
Ќути подобро што се откажаа Сад тоа да видевте што ќе беше. Чекајте сега зеленортски остовчиња може поголем рекорд да направат.
Со младинците играа. Баш пуштив од стримов, словенциве сите 2м високи, 2м широки. А корејчињава 1.50 м, слаби, малечки. И такви стигнаа до 29 гола.