За жалење сме, а се фалиме со добар ракомет. Ај што се шверцувавме на првенствово, ај што репрезентации се откажаа, а тие што учествуваат се со некоја 20-та постава, ама до волку незаинтересирани за игра, не очекував од нашиве. Мислиш како некој да им ја дал случајно топката, па не знаат што прават со неа. Изгубени и како туристи кои дошле онака, да се прошетаат. Знаев дека ќе изгубат, ама дека ќе бидат статисти на натпреваров, не очекував.
Многу ми е жал за нашиве, особено за Кире... Морам малку да ги искритикувам нашиве, неможе само Кире на 40 год да игра, потребна е иницијатива од другите... Талевски ме разорача, не се воооштп добар тандем со Кузмановски. Единствено позитивно ме изненадија Мартин Томовски и Ненад Костески.
Целосно ги почитувам оние ракометари кои знаеле дека не се спремни и се одлучиле да не учествуваат, да си седат дома, како Борко, Манасков, Гоце. Сосема е очекувано еден тим којшто цела година не тренирал толку лошо да игра. Но, зошто ја прифатиле поканата да учествуваат доколку не се спремни? Па ова што се прикажа денес беше апсурдност. Едно е желбата, друго е капацитетот. Жално за Кире, толкава ѕвезда се губи меѓу другиве ракометари. Единствена почит за голманите, особено за Мартин Томовски, повеќе од одличен е. А другиве без никаква идеја се движеа, се плашеа да одат во контра, да замавнат со топката. Вака на Светско не се игра, другари.
Тоа е нема назад, не е ни прв ни последен одигран лош натпревар.Да се надеваме на добар резултат со Египет и Чиле.
Ја мислам дека треба да го искористат негативниот тест од пред 1 ден и да си се вратат назад без да ги играат останатите два натпревари. Катастрофа игра. Шведска не покажа никаква сила туку ние бевме катастрофални.
Оф топик ама оти сте толку злобни? Може и тие читаат коментари, арно ќе ви е вас да гледате слики дека личите на цртани карикатури?
Не беше намера за навреда или слично, малку да се пошегуваме. Ако личам на лик од цртан филм, личам, и не би се навредила.
Не се сите исти, може ти нема да се навредиш ама некој друг може ќе се осети лошо или навреди од такви коментари. Треба и на тоа да се мисли.
Аман не го бранете,за цртан лик се фативте. Отвори на други места пуздер ги прават, фб врие. Дечкото е цел живот маскота во репрезентацијата и ништо повеќе. А тие што се навредени нека го советуваат да си смени професија за негово добро и тие околу него, кога веќе толку се навредуваат.