Ако не го пратат Боби, не глеам. Брукање очекувам поново, пошо нишо и не знаеме. Сеа дека у Бугарија, па мораме да и' покажеме на Бугарија и на Европа колку вредиме Сами по себе сме бруки, не мора ни да праиме нешто
Мене ми е супер ако се врати Скопски. Мора да се врати и културата на фестивали , композиторите да почнат да творат квалитетна музика наместо да творат некаков српско цигански шунд турбофолкпоп ко песните на Антониа. Единствено гласањето
Освен во рангот на Копров и Дарко Димитров, не верувам дека ќе видиме нешто друго. А, овие се одамна прегазени од времето, а богами и застанати во 2000 и некоја
Копров, Димитров, Масевски, Лазар и Магдалена, Билбилов, други имаме ли? Јас веќе ги знам по звукот, кој што прави, Копров ми е најретро.
Дај боже да се врати концептот на Скопски, што е до мене би прифатил и победникот на Макфест да биде претставникот. Пред се народот ќе носи одлука кој ќе оди, на композиторите и артистите дополнително ќе се наметнува притисок да извадат што подобра песна и со тоа ќе имаме се повеќе музика, и се надевам уште една плодна година. Начинот на избор до сега беше смешен, а пари државава секако нема вака барем нека шетаат пеачите. )
Лоша одлука. Се согласувам со членката што пиша дека неколку држави се откажаа поради лошата политика на Евровизија што воопшто не треба ни да ја има, таму каде што има музика, а ние ќе се враќаме. Ги удри во глава еуфоријата на соседот што победи прв пат.
Треба да имаме нов формат за селекција.. да им дадеме шанса на нови жанрови, музички бендови и млади луѓе...
Е дојдов тука баш за да пишам дека ЈЈ милијарда посто Боби ќе го праќа. Ај па Бугарија ене ја кај е бар за патни трошкови да не ги мислиме.
Не разбирам зошто пак да се оди на евровизија кога секако пак ќе се избрукаме. Дали со скандал дали со глупа песна... единствена предност ќе има делегацијата која ќе оди. Пеачот/пеачката ќе си се промовираат композиторите и останатата клапа ќе си најдат можност за соработка/тезгарење.... немаме капацитет за композиција. Во последно време музиката ни е тукуречи колку нешто да се пушти во етер. Изведувачите повеќе од пола непознати.... едина шанса за нешто поквалитетно да се замоли Врчак да спреми аранжан па така нешто да се изведе.
Паметна девојка и мене Ге. ми беше отскочна штица за нешто понапредно и бајаги подалечно. Се бави се уште со музика таму дека нашиве тука што биле музички активни не се повеќе? На темава се согласувам со @Cosmi во врска со враќање на фестивал, но само под услов да е фер и ненаштимано гласањето. @Аргентина * ама брзо те послушаа и ти ја исполнија желбата од др. тема, баш памтам со тебе се допишувавме да се вратиме пак . Само да не испадне вака брзо да ја исполнат и желбата на @FriendOfDorothy за омилената му пејачка. I don't think so, ама па Мк. и се е можно... Сепак се надевам не.
Ако се потпрат пак на Димитров и Билбилов пак ќе биде брука и подобро да не одиме. Антониа е мртво пувало на сцена и шалабајзер кога се интетвјуа во прашање, добра е за кај нас и толку и е лимитот и покрај талентот. Од тие јас што ги знам за кои ако се направи добра песна може да не претстават добро се Лара, Дина, Боби, на други не ми текнува ама може да има уште некој како Дупер модерни или Зарина етно фазон.
Евровизија одамна е исполитизирана и нашите тоа го знаат и упорно лажна надеж му даваат на народот. Има една народна поговорка видела жабата го потковуваат коњот и таа ја кренала ногата за потковување
Даааааааа Според мене само Боби или Дупер, све друго Си ја погодила, баш така Мада можно е она да иде Нешо ми вика дека нејзе ќе ја пратат.. Кој има поише амбиции од неа
Колку и да ги сакам Дупер факт е дека настапите во живо им се онака мех, просек. Супер се за кај нас, ама на Евровизија не можам да ги замислам, во ништо нема да се одвојуваат
Има и други со амбиции ама нејзиниве потези се очајнички особено ако се земе во предвид нејзиниот капацитет кој не е за надвор од екс ју. Еве и јас имам амбиција да сум Фемке Бол па не барам ВК за олимпијада. Е не сум ги гледала во живо за да знам ама со стилот на песните ме потсетуваат на песната на Русија од 2020 година која беше фаворит па претпоставував дека со штосен настап може да бидат интересни.
Ич не ја сакам Преантипатичен лик, без никакво понашање. И ја истово го викам. Ако им напраат добра песна и сценографија, зашо дечките да не се истакнат. Убава енергија ми имаат Дупер.
се сложувам. Ние тоше го пративме каролина калиопи елена ристеска... доста квалитетни пеачи и ништо не направивме сега кого ќе пратиш? Едино ако е за ко на шала ја би yang daddy да појде да одглуми нешто па можда ќе бидеме забележани
Никогаш не сум го ценела евровизиското шоу, посебно не по квалитет на музика. Сум гледала кога ми било досадно. Дупер ако идат, вака како што се моментално најдобар алтернативно-комерцијален бенд кај нас мислам дека само би си ставиле црна дамка на кариерата.
Јас поддржувам да имаме повеќе фестивали и да ни се продлабочува музичката сцена во државата за да ги храниме уметниците и креативците. Учество на Евровизија од друга страна, не можам да поддржам. Аплаудирав и ќе аплаудирам за државите кои откажаа учество и срам ми е дека мојата држава трча кон учество само зошто сосед победи. Големо разочарување.