Уште Евровизија ни фали. Ама изгледа се израчунале дека поефтино ќе не кошта, па да си ја пробаме среќата. Кој и да испратиме, ќе се избрукаме. Претпоставувам дека ќе испратиме некој од Антониа Гиговска, Слаткар, 2 Бона, Лара...
Зошто да не, има два големи хита Сара и Лидија. Не значи дека тоа би биле хитови и таму ама бар нема да бидеме преозбилни со некоја балада аааааа ооооооо ееееее, туку ќе биде забавно. Нека спрема песна и настап уште сега, може и Лара да ја земе.
Хаха сигурно. Што се губите бе јанг дади, оти ние ја знаеме фората со Лидија и смешна е влегува во уво. Го отепаа од реклама другаркиве затоа и фама се крена.
Само Јанг Дади има потенцијал да делува светски на таа сцена од овие што знам дека се активни на естрада.
Шо потенцијал толку глеате у тој? Лигав, не знае да пее ко прво. Али сите пејачи, па и он.. Ова музика е? И таа Лидија песната е толку кринџ, срам ми е да ја слушам. Потенцијал за да делува најсветски има Боби, и никој друг
Кај ја најде оваа сега хаха. Песната Сара му е хит исто така, не му е Лидија прв и единствен хит. Иначе Боби е тука исто фаворит на Фемина како и Јанг Деди и Лара, бар за тие се скоро сите. Сепак многу е битна и песната и настапот. На Боби му ги видов видеата на ЈТ и не би прошле добро на Евросонг тие песни, сепак ќе му треба нешто подобро.
Само таа му ја знам, коа ја слушнав доволно ми беше Лидија еднаш ја иам пуштено, исто доволно е. За Сара не се интересирам Зашо? Пошо не се цени добар вокал и квалитет? Баш звучи светски, претставителен е, но секако дека му треба добра песна и настап. Предобра боја на глас, емоцијата особено освојува. Омилена За секојдневно слушање е топ, за таму, да, се слагам, треба песна соодветна за Евровизија, но да не испадне дебилна, па да го уништи.
Баш ми се допаѓа песнава, сега ја слушам на repeat. Можеби и треба малку доработка, "полирање", ама мелодијата е убава. Па единствено Јанг Дади има ѕвезда за шоу-бизнис и свежи идеи помеѓу моментално актуелниве пејачи, тој е најпретставителен. Немам ништо против Боби да оди ако сака, не ми текна на него кога ја искоментирав македонската естрада зашто чинам во Австралија си пее на англиски, а не овде кај нас. Знам дека негова музика беше користена во холивудски филм (поради тоа и филмот го гледав).
Нас ни фалат поп култура моменти, не знам дали ги немаме пошто сме мала држава или пошто сме загреови, мислам дека е второво. Ретко некој лик прави нешто ,,иконично", а и да проба да направи мислам дека народов нема некој капацитет за истото да го препознае и доживее на прав начин. Немаме кул дечки и типки. Одма ќе ти убијат ентузијазам, тоа турското у себе дека ,,сѐ е срамота", ,,лелеее, бруки", некоја потреба сѐ да биде ,,нормално", затоа и нашето е досадно за таа сцена. Мислам дека на Скопски ќе врие од овакви мртви пувала, кои ќе бидат утрипани дека ја имаат вистинската песна за Евросонг, ќе се изнагледаме од некои ритмички секции и ретро-рефрени од Копров. Кај нас ,,ѕвездиве" мора да бидат стерилизирани за да бидат прифатени. Еве Тоше да го земам, беше претставуван како идеален, скромен, голем верник и ,,безбеден лик", она што народецов сака да го гледа, немаше некои скандали (а и цела таа плејада од пејачи у тоа време). А сигурно имал многу повеќе слоеви како човек, што е нормално, dirty secrets mожеби, само што таа страна овде лесно би била осудувана, да не зборам дека и покрај оваков имиџ беше прехејтан, особено од мажи, откако почина им стана ангел. Да пробаше да биде малку поексцентрик, мислам дека ќе го утепаа сељобериве. И после Тоше никнаа еден куп Тему Тошиња, најуспешниот е Лозано, со години ист фазон, исти песни, ист звук. Затоа сметам дека овакви ликови не се за таму, предосадни се, не можат од Ламбе да направат чуда, дури и да му стават лустер на глава, он ќе си остане Ламбе, хехе, а Ламбе е топ за ,,Каменичко културно лето" да речеме. Треба да го имаш тоа у себе, поп култура момент, да прошеташ со тој лустер на глава самоуверено, да искинеш. На една рака едвај се бројат такви артисти, кои не се мртви пувала. Овие 2бона, Таско, Пајак, не ми се за таму исто, многу се аутотјун некако, српски треп, нешто што е ин до Војводина. Денес имам слободен ден за филозофирања, вашата Сијка Пиштолова од ЕВУ.
Може и како Arcade од Данкан која победи во 2019 така нешто, не мора да е joke песна. Се зависи од песната и настапот, дали Боби, Лара, Дупер, Дина или Јанг Дади за мене сеедно затоа што тие ми се добри претставници со вложување во настапот а не да се потпрат на Роберт, Дарко и Ребис.
Дечко.... Си згрешил. Сијка Пиштолова е од Белград Тоше требаше да настапи со Далеку од мене. Кој и да пратиме, пак нема да има успех. Освен влез во финале и место од 20то, па надолу
Иронијата е што во Турција има каде-каде попрогресивни јавни личности, од тоа малку што сум ги следела порано, забележав дека тамошните актери на префинет и симпатичен начин застапуваат феминизам, ЛГБТ+ права, левичарски идеологии... туку во МК проблем е што погрешни луѓе се на погрешни места, а тие креираат текови, за се исто, не само за јавна сцена. Тешко нам кај ни минува младоста, исто како во најнеразвиените делови од Африка или Азија да сме се родиле, нема разлика. Сеа некој ќе рече исселете се ако не ви чини, ОК, ќе се селиме, ама минатото кој ќе го избрише? Малку рант, може не е за тука, ама
па можеше таа песна да ја искористи за на евровизија. Ко можеше оваа бугарскава да победи лидија е сто пати боља на слух
Немав поим за ова, сега видов дека почнале да се објавуваат потенцијални претставници. https://vistina.com.mk/makedonskite...aem_KGDDQo6FQon2xz92-g-M6Q#mq4us1ic8sglwjxtug
Леле, бог да чува со предлозиве, изгледа сами си се предложуваат. Каква Сара и Тина, ако не го пратат Боби со интерен избор, нека направат фестивал, а не пак некој со врски со наши пари да си го остварува сонот.