Врв, Сара толку години е на сцена, ни еден хит не успеа да направи. Освен онаа Врне Врне на ништо друго не ми текува. Всушност и на таа не и ги знам зборовите, ама ај. Зошто упорно се форсира незнам. Тина излезе вчера и нема ни една нејзина песна, има време за Евровизија.
Сара Мејс ќе оди, Диме ќе среди у партија, ќе видите, он изјави дека Сара би ја пратил (класичен фиромски непотизам), никој таму не настапил на харфа, он тоа у глава го доживува како нешто на кое Европа ќе се онесвести, како некои кои веруваат дека со кавал и гајда ќе победат. Не ми е толку лоша листава, пред да кликнам, очекував Ламбиња и слични медиокритети како предлози, овде гарант гласале интернационални фанови. Тина е сензација ради тоа што луѓево (Струмица денес) тука се мобилизираа и со онлајн гласање ѝ дадоа титула Voice of Europe. Е сеа, веќе ако си ,,Глас на Европа", логично е да имаш и европска кариера нели? Сними ли нешто, настапува ли низ Европа? Осеќам дека ќе заврши у Мерак Меана, со некои кавери за Питу Гули, фина ми е вака инаку, али одма на Евросонг ради хајпот дека е новата македонска гордост? Ја би Боби од листава. Ана Петан не ја знам.
Каков Глас на Европа, тоа е непостоечки натпревар кој имаше онлајн гласање на некоја страна на Инста на кое само ние организирано гласавме. Плус девојката ништо не снима и не пее. Кога ќе споредиме какви настапи и биографија има Боби споредено со сите други, мислам дека не ни треба да се дискутира и губи време и пари, нека му направат услови и нека се спрема уште сега Боби, нема поадекватен кандидат кај нас, само треба вложување во песна и настап.
На esc.macedonia на Инстаграм гледајте. Ги објавија и Антониа и некоја си Анастасија Спасевска, за мене непознат лик.
И ја тоа викам, девојката е фина, убаво пее, али ,,гласот на Европа" беше глас на Радојка, Трпе и Бетка од Струмица/Кратово/Скопје, како на времето кога се гласаше за ,,Хурем на годината", со лајкови на фб.
@Iva:) , @FriendOfDorothy Велам да го зголемиме хајпот за Боби уште сега. Кој сака он да оди, да не го вади од уста кај и да оди. Песните да му ги пушта. Муабетот да дојде до ушите на нашите. А и форумов има мало влијание надвор, па може да пробаме со манифестирање.
Дај еднаш нека згрешат и нека пратат некој асален да го ебам. Брука на годината ќе биде Сара ако иде. Шо се однесува до мене, секогаш и секаде Неам видено некој нашинец со ваков потенцијал ко него. Фул пакет е дефинитивно, ниедна маана не можам да му најдам. Зар после неколкугодишната пауза мора пак да се избрукаме? Дај нека го изберат и удостојат чоекот, сигурна сум дека никој друг не би не претставил у подобро светло. И вокал, и стас, и емоција, и изглед и се. Стварно не делува ко Македонец. Кјут му е и акцентот коа пее.
Греота е друг да праќаме кога го имаме Боби, посебно во овие услови кога Евровизијата ни е до врата и не сме биле повеќе години, што потенцијално може да значи и поголем буџет. Плус сака човекот, години уназад. Сега ни е шансата. Прво тој, нека направи успех и хајп, да видат како треба, па после може сите по ред.
Се сложувам. Не ни треба да се става покрај другите имиња колку и да се талентирани и они. Мислам, имаме дечко кој има песни во холивудски филмови и настапувал во мјузикли, во бродвејски продукции и плус сака да оди на Евровизија. Во некоја нормална земја веќе ќе му беше кажано дека он оди и да се спрема.
Фемински протест пред МРТВ уште сега, со транспаренти со ликот на Боби.Поставуваме шатори и најава за штрајк со глад!!
Еве сега ја гледав Антониа кај Марио у поткаст, уште еднаш ми се потврди тезата дека не е за Евросонг. Ако отиде, има доста материјал за евровизиска антикампања, оние кои будно следат Евросонг, ќе знаат на што мислам. Добро сеа, за некој да ти прави антикампања, треба прво таму некого да воодушевиш и да си фаворит, а се сомневам дека медиокритет како Антониа би го постигнал тој ефект, публиката таму не е заостаната како тукашната.
Леле Сара ли ја фаворизираат?Мислам што ако студираше во Бугарија не дека повторно вратена ќе ја покори и освои со харфата или без . Шала настрана има дарба во неа, иако нема она хитчиња, таа си е во некој нејзин филм. Не е муз. неписмена, едуцирана си е, ама што знам ми нема некој х фактор. Е сега го има Диме фактор, така што што знам може и ќе ја протне.
Инаку, имам приметено дека нашиве јавни личности, кога е Евросонг у прашање, се заглавени у 2000-тите. Игор Џамбазов го заслушав баш на некој поткаст, он нели како еден експерт за секоја тема, шоубиз гуру, а исто и една новинарка која се претставува како некоја која е запознаена со случувањата таму (у превод, неколку пати се шуњала со нашиве делегации), е па, овие се убедени дека македонска вечер, со полнети пиперки, сарми и гравче-тавче ќе воодушеви, да сме им ја претставеле нашата култура таму.Често го слушам овој наратив, зошто немало македонска вечер, демек ова е клучно за висок пласман. На настан за поп култура, ти ,,мерак меана" ќе сервираш. Мизерии. Мислам, и сарма да дилаш таму, тоа треба да го смислиш добро, да изгледа иконично, не само да застанеш у народна носија и да им плеснеш кисела зелка у чинијата. Јас уствари колку повеќе ги слушам нашиве, толку повеќе се убедувам дека они поима немаат што се бара на Евросонг.
Ама имаат поима дека им се јаде гага по традиционална рецептура. Ме пресмеа да не пукнеш, ама и фрапира. Нели Игорчето беше по ракчињата шо сега гравчето на тавчето го сака, с'с колбас или не? Луди се тоталка, за пласман вечер(а) им требало . Него тој не не претставувал на фестивалов, дан се гребе и он за таму? Поточно не пее, тој им пишува...текстови. Текстописец .
С'с колбас ил не ? Ств. да не пукнеш ме пресмеа. Игор е шоумен со такви фори и песничиња и тоВа е. А уз мени грав или што год. и да е и една, две, три...ж'тки и шибајјјј
Ова ми излезе на портали, долу забележав коментари од бејзик фиромјани у смисла дека требало да пратиме наше дете од СРМ, некој пишал дека 2бона и Лозано носеле сигурна победа, трети ја сакаат Тина Русева ради хајпот со титулата која и ја доделија струмичани, ужас. Го гледате ли вкусот на просечниот фиромец? Навивам Боби да ја претставува Бугарија, ако е со бугарски пасош како Васил, а ние да си го пратиме пак Лозано, Ламбе, Димитар Андоновски, некое такво мртво пувало.