Вчера ја ѕирнав Антониа кај Steffonator на некаков ,,полиграф", доби прашање дали Боби треба да оди на Евровизија, одговори ,,и да и не, али повеќе не", пошто не живеел тука, ние сме имале супер артисти у мкд, хахахах каков шегобиец. Неа требало од МРТВ да ја изберат без да има избор, али немала проблем и да се натпреварува.
Озбилно ова се дрзнала? Вришти од љубомора Нема ни пола од неговата харизма, а богами ни од талентот. Можам да замислам како ќе земе да писка и фалшира на таа голема сцена Која арогантна кучка мајке ми. Се надевам дека нема да и' ја исполнат желбата.
Спојлер 08:40 е делот со Боби. Има доста коментари под видеово дека е пренапорна со амбицијата за Евросонг, у секое интервју спомнува дека она треба да оди.
Зошто трае пола саат полиграфов? Со Јанг Дади беше отприлика 10 минути. За на Евровизија навивам за Боби. Сигурно имаат некоја добра идеја тој и неговиот тим штом сака да оди и секоја година се изјаснува дека стои на располагање.
Е стварно стана напорна Антонија, постојано ја бранам затоа што се труди и активно издава песни и албуми ама претера со прашањето околу Евровизија. Антипатично делува, мислам подобро кога дава интервјуа да побара да не се поставува тоа прашање некое време до нова година додека не се објави фестивалот. Не дека нешто ќе и смени ако отиде, за да и биде пресвртница во кариерата треба малку и на себе да поработи. Да излезе од сељачкиот турбо фолк фазон на изглед и однесување, да посети малку и стручни лица за да знае да се изразува и да се однесува во јавност а не како до сега како да е на пазар има однос, има талент ама со талент има илјадници млади луѓе во Европа, па и многу луѓе со полуталент успеале ама имаат харизма и се права бомба на сцена. Еден од најголемите проблеми на Антонија покрај никаквото однесување кое го има е што е мртво пувало на сцена и не може 10 луѓе во кафуле или диско да размрда, како мисли да успее на Евровизија? Треба и на тоа сериозно да се посвети. Мое мислење е дека и е премногу рано, не е воопшто спремна и евентуално ако се измоли и го испроси одењето во Софија нема да и донесе ништо. Ако поработи на себе за едно 2 или 3 години може многу повеќе да постигне.
Тек је почела, ене се пофали со Таирович дует снимаат Девојчево ко помала ја мислев за понормална, ама коа ќе ми текне и у најраниот период коа се појави беше така пуфла нафурна. И како да сакаш да ја слушаш и глеаш? Преантипатично створење. За у Пинк и Гранд шундовите шо вика Дороти, арна е. Офтопик ама кого јебе дека за пеес дена ослабела 36 кила
Леле, не. Ако чита некој од надлежните, аман не ја бирајте алергичната на „ј“. Нема вокал, не ја бива гураната со парите на тате. Дрнда глупости и дамбетер од Јана ќе нè посрамоти. ЗНАЧИ, Боби. Само Боби го сакаме, никој друг!
Ја би ја пишувала со Ј за инат Нз шокур се лутат сите шо не се со Ј Нема. Снимено звучи по ок, али у живо Еднаш пред 100 години на инста стори пробуваше да ја испее 'See You Again' , и јакава пејачка намерно го изостави делот: Мислев ќе распали со емоција ама нишо Боби има пренежен премил глас, Антоња нека си седи мирна и нека пее со Благето и Теа
Мојата порака до Антонија е да почека. И до маж и. Осеќам дека нему му е повеќе ќеф, ама дечки стварно не вреди да се замарате сега за до комшиска Софија, почекајте нека победи Исланд, Ирска, некои од поексклузивните, барем да прошетате уз пат, да се исплати. Плус не нѐ сакаат тие нас, скраја да е последни може да нѐ наместат, посебно ако Џокер ја прави песната, па после правдање ова она. Оставете на Боби ете таман тој од Холивуд и Австралија ќе прошета навака, Бугарија атракција. Ем и тој сака, таман. Попаметниот попушта
Боби е многу квалитетен пејач. Светски. Штета што не успеа да се пробие, а го има секој можен талент да биде на врвот со некои ѕвезди како Д Викенд и слични. Секоја песна што ја има направено звучи како светски хит. Ако ја спрема за Евровизија таа што ја имаше како делче објавена на Инстаграм, ќе ИСКИНЕ.
Многу слабо пратам мк естрада веќе, останав заглавена во моето време. За Боби слушнав пред повеќе години и беше мн мн млад тогаш. Изгледа баш светски и се сложувам дека е вистински кандидат. Може и Антонија со припрема и добра екипа да има настап. Мислам кога веќе ги имаме пратено "сто посто те љубам" што да не и Антонија? Скалила е над нив. Али сепак, за евросонг сум вечен песимист и не пратам со години. Коj ќе победи не диктира настапот туку актуелната политика и неформални сојузни. Генерално си се "држат" пример Франција, Германија, Белгија, Турција со балканските држави и големите поени си ги делат на тој принцип. Некои државички во кои и нашата, се додворува ( да не се употребам друг вулгарен израз) на "главните зверки" и така се бира победник, со исклучоци кога треба политички да и се замачкаат очи на некоја држава па ај еве ви победа, да ви е полесна загубата на друго поле.
Уствари кој у да пратиме, ќе си се испромовира и прошета со наши пари. Се знае дека ќе бидеме меѓу последните. Што им требаше да се вратат на Евровизија, глупости.
Се согласувам, не ми се допаѓа нејзината музика ама ми беше мило што се труди многу. Само што вчера кога излезе листата на ʼцицачиʼ на државни пари и името на Антонија и маж и…нема да ме чуди да ја средиле веќе работата за на Евровизија, па затоа на секој подкаст да го збори тоа. Како и да е, одвратни ми станаа Сара и Димитар, Антонија и маж и, да влечеш државни пари за албуми и концерти треба да им е срам да искочат од дома, не на Евровизија да одат. Тамара ја распарчија за помалку.
Овие имале одличен настап, дури сега го гледам. Тогаш не го изгледав зашто баш тој дел што беше на recap видеото од пробите не ми се допадна ама вака во целост ми држеше внимание и добро им е направен. А, песната уште од сам старт ми беше 10/10. Можеше и да победи според мене, ќе беше уникатен победник. Подобро од Бугарија. Барем второ од жири завршија што е супер. Песната ја освоила Composers Award од Marcel Bezencon наградите, така да ете и тоа супер и заслужено според мене. И самата песна држи внимание од почеток до крај некако.