Ја згрешив темата, мислев да пишам во онаа за 2026. Инаку во врска со Антониа мислам дека би била одличен избор и заслужува да биде избрана, од новиот нејзин албум оваа ми се допаѓа најмногу.
Ранкинг на сите победници во оваа деценија, од 2021 до 2026. 1. Италија 2021 2. Шведска 2023 3. Украина 2022 4. Австрија 2025 5. Швајцарија 2024 6. Бугарија 2026 Уште три години останаа во оваа деценија, и моја wishlist на земји победнички за тие три преостанати години е: Србија, Хрватска, Грција. Ајде нека донеси Бугарија еден балканси streak на победници. И еве од што многу ми е интересно во животот, ќе направам и ранкинг на второпласираните: 1. Финска 2023 2. Израел 2026 3. Хрватска 2024 4. Франција 2021 5. Израел 2025 6. Англија 2022 Третопласираните: 1. Украина 2024 2. Израел 2023 3. Шпанија 2022 4. Естонија 2025 5. Романија 2026 6. Швајцарија 2021 И ќе завршам со ранг листа на песните што ми се допаднаа најмногу на прво слушање секоја година од 2021-2026: 1. Ерменија 2023 2. Србија 2022 3. Русија 2021 4. Норвешка 2024 5. Украина 2025 6. Англија 2026
Јас на нивни настапи имам одено на времето, супер атмосфера ми правеа, башка пастуви али нели само свират?
А со Боби не би се вклопиле, Боби е поп, поп-рок. Со Биба Додева они би биле топ, нешто како ,,Јас и мојот бенд" фазон.
Од каде па сега овие се промовираат. Дај нека си го знае секој местото, уште ли ќе исполнуваме детски желби, се знае кој е за кафана, за кафуле, плоштад на државна цицка, филхармонија, собир за деца. Ако се враќаме нека биде тоа некој кој има светски шмек или подобро да не трошиме пари и пак да не учествуваме.
Нема ли инфо за Скопски фестивал, некој Коњопој-фест? Тоа оваа есен ли треба да биде или на пролет? Скроз заборавив кога се одржуваа тие избори кај нас.