Мене комшиката ми кажа. Стара жена е, знам ја оперираше раката, не може низ куќа да работи,уз муабет спомна дека една жена и помага. Ја замолив да ја праша дали е слободна. Дојде жената, се договоривме, рече 10 еу.(што мене ефтино ми се виде искрено) Другата недела ќе и биде прв пат. Се договоривме околу 4 часа неделно чистење, генералка, доколку сакам пеглање или слично накнадно може договор за плус часеви. Бабата беше многу задоволна, па се надевам се ќњ биде ок. Во предходното село маки мачев, баш оти немав ваква “врска”, преку некој човек да најдам.
Од medimops.de последната книга ми стигна на старо.Ама во многу добра состојба беше.Јас преку амазон ја порачав по грешка едната книга на старо ми стигна ако не пишуваше gebracht немаше ни да знам дека сум порачала таква книга Втората намерно ја порачав на старо не ми се даваше 12 евра , на старо беше 8.Исто многу добра состојба.После најдов дека си имало сајт за стари книги. Одлучив моите книги од таму ќе си ги порачувам За детето од амазон порачувам. @danichap вчера бев во лидл и видов имаше интересни книзи за деца 2+, 3+,4+... нешто беа цртаме и учиме и за тааод 3+ имаше прашање како изгледа фацата на тажен човек?Детето треба да нацрта.Исто имаше 2+ учиме да цртаме.Од форми животни.За 3.99.Бе знам дали си ги видела.
Бев и јас во лидл, редовно ги следам акциите за дрвените играчки. Мислам дека имаме се од онлајн продавницата. За тој квалитет, дрвена играчка, стварно се ефтини. Децава ги обожаваат. Пред некоја недела купив една книга од Wieso? Weshalb? Warum? и се воодушевив. Избрав возраст 2-4 за да одговара и на средното и на големото. 10еу е една, што не е баш малку, но ептен ми се допадна како се објаснети одделни тематики. Веќе набавив неколку од дуќаниве а и од амазон чекам порачка. ОД лидл ми се допаднаа за +9, +12,+18 месеци. Каде се учат зборчиња и предмети. Ми се допаѓаат и оние каде се допираат разни материјали, мислам во лидл имаше со шатчиња, ама немам видено одамна. За наредната возраст, 2-4, некако не ме воодушевија, но може и асално не разлистав.
Мислев на книги не на дрвените играчки А warum,wieso книгите и јас ги гледав ама мислам мала е уште да ги сфати.Мислам дека му доаѓаат како нашите 1000зошто ,1000 затоа само по теми поделени?
Средново, 2год. што е, гледам таман е, покажува интерес. Мислам дека тоа им е целта, теми од секојдневието да им станат поблиски на децата, преку книгата, во вид на кратка приказна со слики, да сфатат што значат работите од секојдневието и текот на истите. Поголемките секако уште повеќе разбираат. Не се сеќавам дали кај тебе малата е 2? Овие 2-4 се таман за од две до четири години. На пример едната книга е за деловите од телото, и кратка приказна кој дел за што ни служи, и може како прозорчиња да се отвараат. Се радуваат децата бидејќи знаат веќе што има позади секое прозорче па имитираат звук или покажуваат. На пример кога ќе видат фластерче го отвараат и викаат боли. Има за во зоолошка, за во градинка, на море, на фарма, за возила...многу. Сега нарачав за миење заби и одење во веце, одење на лекар...се надевам нема да се разочарам. Исто, ministeps за од две години, со ставањето на соодветните магнети низ страниците, ми се допаѓаат. На пример на страната на која е приказната има маса со храна, детето да избере кој од соодветните магнети(овошка, животно, кукла..) одговара да стои на масата.
@danichap мојата е 2год и 10 месеци. Ова со магнетите имаме книга со стикери фарама која ја лепиме кое животно каде , на дрвата што може да расте, што садиме во земјата ,кое животно лета кое плива во водата итн. Секоја месец порачувам по 2-3 книги што за сечење,што за цртање.Веќе се срамам само книги има , а играчки ептен малку
Страницата за играчка што ја сподели @KidA е одлична. Обично тие играчки, дрвените, од babyone сум ги земала, но тука е далеку попрегледно. Тоа виножитото од Гримс го меркав прееска. А и ранците од Affenzahn гледам ги имаат. За најголемата од амазон го имав нарачано, одличен е. Сакав и за средново таков. Туку пробав триста кутии за појадок, еден куп пари дадов, и на крај во едни од икеа. Тоа запците за затварање вечито се покршуваа. Фенси и практични ама на кратки стази. Одлично штом ја интересираат книги. Кај мене големата па ич нејќеше, тек со средново почнав да докупувам, па и она покрај нејзе се заинтересира.
ние го имаме малото, искрено ама на амазон го порачав ) некогаш мора да се гледа ради доставата, имаме прајм па од таму ми беше поефтино. од хенс натур види има да порачаш каталог, ќе ти стигне по пошта бесплатно и ептен е закон прегледно се и играчки и облека и цени ) и мебел.. а некогаш имаат и бесплатна достава, ми стигнува newsletter, јас меркам меркам па тогаш ќе порачам само зa алишта ми е скапо пак од заландо најмногу земам.
И јас поради прајмот се лажам, бесплатно и брзо стасува. Јас големото го гледав, мислам на амазон беше 10еу поскапо, ама сеуште не знам дали мало дали големо. Има зададено цм ама сеуште немам престава за големината во однос на децава. И за едно balance board се мислам, но веќе и просторот ми е кнап во игралната. Ќе те послушам за каталогот.
Јас често нарачувам од Zalando и Babywalz или од Mytoys, на последниве две има се од облека до играчки, мебел за детски соби, колички, велосипеди итн се со супер квалитет. Многу добри страни. За во паркови и градинка се облакаме од Хм или Лидл, жал ми е да ја дотерам оти иде како прасе дома. Од Амазон исто и ние имаме прајм па често нарачувам ама само играчки или ситнурии. Или серии и филмовите гледаме бесплатно. Нема страна мислам кај што се немаме регистрирано. Galeria Kaufhof, Otto, Limango каде исто има многу детски работи секој ден различни акции, пример лани летото за малата земав кожни сандали од марката Primigi од 79 на 33 евра. Денес ми стигнаа новите патики од Заландо а вчера ги нарачав, брзи се, поточно кај мене само Хм после третиот ден стасува другото од прилика за еден или два.
Јас дуолата количка и целата опрема за првото дете купив од бејбувалц кога имаше купон за x10, и ми дадоа ваучер од околу 500 еу Од пејбек секој неколку неколку месеци по неколку стотини ми се собираат. Што викаш, нема каде не сум регистрирана. Мене јакната на детево од хм стааса денес. Со пердуви, од 60 на 20 и плус 15% попуст.. кога нарачував немаше за сестра и големина, денес дури начекав. Јас и од аутлетите им земам нешто од ралф, томи, ама секогаш ја пресоблекуваат во градинка, жал им е изгледа да не ги исфлека. Мене искрено сеедно ми е, за носење, валкање и кинење се.
мислиш на нешто како Regenbogenwippe? Леле, многу се убави. Јас сакав ама скапо ми беше па на крај се одлучив за Pickler Dreieck, и го купивме за роденден. До горе го качува а 13 месеци е . Пишувајте кога ќе знаете нешто добро на попуст. Не бидувало сите за трошење Јас пример некни порачав седиште за кола 9+ ни требаше, Reboarder со 100е попуст, фактички за 150е, Axkid Wolmax, треба да е многу добро и сигурно.
Да, на тоа мислам. Порано икеа прозведувале мислам, ама сега веќе не. Го гледав и ова вие што сте го зеле, амa оти имаме sprossenwand, другово ме влече повеќе.
Онлајн курс, курс, ќе читаш книги и списанија, ќе гледаш телевизија, радио. Постепено ќе научиш. Јас кога се најдов меѓу германци се запрашав што јазик е ова, што јазик учев јас? Немав слух. Со тек на време се повеќе ги разбирам. На пример напишано ќе разберам ама истото да ми го каже германец ми треба време да сконтам што кажал. А дојдените од страна ги разбирам бидејќи зборат слично како мене. На мака сум. Кај да фрлам? Парфем Дезодоранс Ролон Кабел Сијалица Батериите видов дека во маркет. Стаклото видов каде. А ова погоре навистина не знам? Парфем и сијалица можеби може во бело стакло? Ролон и кабел може во црната канта рест мул ама ако може на друго место зошто да не. Дезодоранс не би требало во рест мул дека го палат, или може? И весниците стари за да ги оставам пред зграда треба прво да пријавам некаде? На 2ри јуни се оставаат па имам време до тогаш да дознаам.
Парфем во стакло. Дезодоранси во метал. Ролон ако е пластичен во пластика ако е стаклен во стакло. Кабел во рест мул. Сијалици во стакло. Јас вака фрлам.
гледајќи серии, цртани филмови, песни,комуникација со луѓе, доктори, термини итн. Јас со тв го научив јазикот кога имав 6 год, со се читање и пишување. Иначе во Германија сум родена, а пораснав во Македонија.
Најлесно нема. Има само греење задник по неколку саати на ден и комуникација со луѓе за да ти влезе во уво. Не очекувај со една година учење да го знаеш ти требаат години за да влезеш во штос.