Секој месец си на преглед ако има нешто симптоматично те препраќаат на специјалист. Мислам дека се предоволни прегледи. Во Македонија она не е следење бременост туку силување на професија гинекологија. Исто е преку крв ама процентот со годините се зголемува. Направи си сега. Исто имаш и за токсоплазма и остали ама тие веќе ти се направени. Токсоплазм имаш и на крај не ја прави дупли трошоци нема потреба.
Мајки каде може да се купи поефтин ламинат ама убав да е не ми се даваат по 30е за пакување....кое што е е едвај 2.5м2 ?
Немој ефтин да си купувте.Ние така пред 4 и пол години купивме најефтин од Поко целиот се излупи сега треба пак да го мениме
Да,ама некако око не ми ги фаќа што знам, овдека сега што сме имаме од тоом ламинат ама не ми се свиѓа ич бел е и се се познава на него, се мислиме помеѓу овие од поко. Е сега колку е квалитетен поима немам.
Некој доколку бил на роденден кај германче, да сподели што носат овде поклон, до колку пари.. Ја поканија ќерка ми кај едно дете од градинка, воедно ни е и комшија. Па незнам, сама ли треба да оди? Што да однесам....?
За само зависи колкаво е детето. Ама штом викаш во градинка значи помало е од 6 години и треба и ти да одиш. Поскромни родендени од нашите, да не опишувам детално. Подарок носиш скромен во согласност со возраста на детето. Не е мн поразлично од македонче освен што е поскромно иако имаат повеќе пари од нас. А не си некаде кај што има заболени? Со маски ли ќе бидете? Покрај децата од градинка ќе има и деца вон градинка? #корона#муабет
Ти да не спомнеше, немаше да ми текни на короната Не ни знам кој ќе биди друг. Денес ја добивме поканата. И онака после роденденот пак ќе бидат заедно со детево в градинка, без разлика со кого тоа имало контакт. Не можиш целосно да се заштитиш доколку нешто има. Во местово, извесно време немам слушнато или прочитано да има случај со корона. Јас не работам, а оди во градинка и не прават проблем. В градинка влегувам и јас, ама со маска... Инаку се работи за 4годишно дете. Јас си викав да ја оставам и ќе ја земам после, зошто и бебе имам, а мм нз кога ќе си дојди од раб..
Ние во јануари славевме роденден за ќерката - полнеше 5 години. Поканивме деца од градинка за роденден. Према поклоните што ги добивме, можам да кажам дека беа во вредност од 20-30 евра по дете. Многу се зачудив, со оглед на фактот дека на работа кога колега прави свадба пример, колегите даваат по 5-10 евра..
Ве прашуваа ли што сакате на пр, со што си игра повеќе? И сами ли идеа или со родител? (ја тупам знам мислиш кизнај за што се работи)
Мајки може ли слободно да се лета Атина - Минхен и по една недела обратно? Мислам слободно туристички без тестови и карантини?
Женски ,може ли да ми кажете според која табела на дохрана се водите за бебињата?бебе готвач не може да се симне.
Мајки може ли некоја да ми објасни како оди овде водењето на бременост,некако мн поразлично од кај нас ми е . Колку се плаќа испитувањето за даунов синдром и аномалии ? До сега ништо не ми спомна докторката за плус испитувања или треба сама да си побарам
Зависи за колку долго ви треба. Квалитет се гледа во тоа колку дебелина има и колку е отпорен, тие за во деловен простор на пример се поиздржливи отколку за домаќинство. Има нацртано на секој тип на патос човечиња, демек колку човечиња крепи. Ќе ти објаснат во продавница ако прашаш, што е што. И исто така битно е кој е производител т.е. каде е произведено. Значи прво дефинирај што сакаш, после чекај го или барај го истото на попуст.
Еве кој се разбира во домаќинства. Јас од ова знаев дека само ако ми е за подолго ќе земам поскап (поквалитетен), за пократко (за збес) поефтин. Дека пократко можам и без ламинат да живеам. Е сега ако знаеш да ми кажеш што се гледа кај електричн шпорет. Што е разликата од еден од 500 евра до еден од 1000. Ја како несмасна треба горниот дел лесно да се чисти, и горе и доле ако почне да загорува аларм да има, да не троши мн струја, ако го заборавам сам да се гаси. И по можност сам да готви. Може и предлог со линк од електричен шпорет од кој сте задоволни.
Време немам за чекање сега земавме само еден и скапо ни излезе ептен во брзање сме а за другите соби спалните ќе земам поефтина варијанта и онака по цел ден сме во дневната.
Ако сте се премислиле може да им го вратите па земите поефтин. А смеете сами да ставате? Што е со претходниот?
Претходниот ќе си остане во стариот стан . А сега зимам за нов стан сами го реновираме и смееме што сакаме да правиме не ни е забрането ништо.
Уф Не ти треба тебе шпорет, онакво тенџере ти треба што само вари и само се гаси. Ќе турам линк после, да ми текне како се викаше.