Abe znam deka nema Dunav kaj tebe, a poshto nemalo Dunav vo Budimeshta, Biergarten turizam si rekov. Kazi ko kje im se pie kafe na tvoite (gotovo, ja zamisliv maci so kafe) , moze I na moite kje im se pripie pivo
Ammersee ако не сте биле и не ви е предалеку. Ние сосема спонтано отидовме на шетање, купаќи не носевме. Препорачливо со купаќи на вакво време и ги гледав оние што се бањаа дека многу далеку од брегот одат и е плитко. 1е паркинг/час. За брод ако ве интересира имам проспект со цени и датум/час.
Многу информирана ти за се ДА, примена е во градинка, за градинката веќе ни евро не даваме и тоа го средивме, асистентот платен од државата, прегледот за уво поминат одамна. Не се снајде маж ти тука и сега крива ти е Германија, епа тука мито не се зима ко во Мк. Толку многу да плукаш баш по Германија, ќе помисли чоек дека маж ти нешто направил па го имаат отерано од тука, па затоа сега си толку бесна и гневна . Седи си таму во Мк со розовите очила, од нив бар не го глеаш ѓубрето пред тебе . Замисли која психа треба да си за да дојдеш во оваа тема и да плукаш по сите нас. Фала бого ние не треба да лижеме газови на сдсм и вмро за да не пикнат на работа, а знаеме сите како се вработуваат докторите во Мк.
@Cosmi ако правиш рандом испитувања и се и сешто ако заокружиш на крвната листа некогаш и ќе откриеш нешто, неспорно. Проблемот е кога ќе нема реагенси за оние што им треба испитувањето затоа што реагенсите несоодветно се користат. Да не се повторувам. Моето искуство е дека се прават непотребно испитувања, се даваат антибиотици за секој случај, а да не почнам па и да зборувам за кортизонот колку непотребно се дава на бебиња за температура. Колку и да не ти се верува рандом чек ап не им треба на децата. Ако треба ќе ги добијат сите испитувања. И во Германија има ехо, магнетна, крвни слики на приватно малтене иста цена како во Македонија во приватните клиники. А за приватните клиники и стентовите ти верувам. Таму ќе ти стават стент и да не ти треба
Ве молам не продолжувајте со истава дискусија, нема смисла овде, имате Животот во Германија, теми за споредба, оваа нека си продолжи по текот. Ќе бидат избришани постовите понатаму кои се оф топик, ако немате што да одговорите на членката која директно постави прашање.
На мене е за кафињата, кога и да и речам одма и се пие. Право се стиска на машината. Сите што доаѓаат кај нас ги има научено кој какво кафе пие. Вчера купив лубеница, џабе пари дадов ја фрливме денеска. После пак ќе одиме да купиме. А ја како да не губиме ден низ дуќани да одиме негде. Е требаше може да ги убедам за амарзее, само идејата прекасно дојде. Заглавивме во мебел Хоефнер. Бог да чува, бираме мебел за ста што не сме го купиле и се расправаме со маж ми оти немаме исти вкус. Дете ојде у киндерланд и сега наместо муабет да си прајме и да седнеме ко луѓе негде, дремеме ко мисири пред врата немој случајно да заплаче. Бог да чува сме значи. А ја тука скролам амуабети купишта имаме заправење. Ненормална.
Mајки, за тие што патувавте периодов за Македонија со кола и со мали деца. Назад помеѓу двете седишта нема место, а напред не би седела, затоа што малото е 6 месеци. Сакавме да го ставиме седиштето на поголемото напред, ама па во Мк и Србија нели не е дозволено да се вози напред. А ако бебето е напред, мора да е со каиши врзано, затоа што изофикс на седиштето нема. Како си одевте вие?
Ние синоќа стигнавме и големиот (5 год) седеше напред во негово седиште. Него и многу му се лоши, пробавме назад да седи, само што тргнавме, после 5 мин му се слоши и го седнавме напред. Истиот проблем беше и кај нас, позади никако не можев да се пикнам, после гледав на нет и насекаде пишуваше дека доколку детето е во соодветно седиште, нема никаков проблем да се седи напред. Не знам стварно дали е така, ама нас никој не ни направи проблем никаде. Имам исто уште една познаничка и они така нон стоп патуваат, до сега немало никаков проблем.
@Biljarkata еве ти бе идеја за одмор. Констанц, со фери до Мерсбург па Уберлинген. Лепота. После Фусен и замокот таму, поглед од горе кон глечерските езера. Јас во Минхен како што пред години бев заљубена во него и обожавав да го шетам, сега ич не го можам во последно. Ама мислам оти сум преморена од секојдневието само и желба немам за екскурзии. Со мојот ѕвер неможеме да си замислиме музеј, или било кое друго место кај што треба да биде тивка и да се води за рака. Вампир значи. Иста ко бабите инает магарешки. Ама фала богу шо и за вакви ѕверови има активности оти инаку ќе треба да полудам.
@wonder woman5 теоретски е возможно. Македонија и Германија имаат склучено договор за здравството пред колкав период не знам. Е сега постапката зависи од тоа дали е планирана или непланирана интервенција. Ако ти е планирана на пример како што е твојот случај мораш да поднесеш барање во АОК и од таму ако ти одобрат. АОК има право да го одбие тоа. Е сега каде можиш ти да заглавиш е најмногу во Мк бидејќи не сите дознале дека овие две земји имаат склучено договор и не точно знаат како оде процедурата за книжење и кој извештаи да ти ги дадат. Секако оваа ти важе само за државно и за приватни кои имаат склучено договор со ФЗОМ во Мк а за приватно не ти покриваат. Оваа е во теорија а во пракса дали ќе успее не знам бидејќи не сум го направила за планирани интервенции. Јас онака дека се враќам Мк па успат ќе направам преглед бидејќи сеуште имам примања овде и ме следува здравство. Германија сакаат повеќе да тераат ем на поприродни лекарства ем на помалку зрачења и такви работи а на што кај нас не им се обрнува многу внимание и затоа и се прават многу повеќе прегледи. Јас сум параноична и знам дека тоа ми е проблем и се надевам дека е како што прочитав тука ако е се во ред и не се посветува многу внимание. Друго, сега малку глупаво е да ти го речам оваа ама ајде, значи морало да го смениш гинекологот уште на првото. Моментално ти МОЖЕШ да го смениш гинекологот што ти препорачувам одма да го направиш. Со твојата историја на бременостите нема врска што е на сред квартал веднаш ќе ти дозволат. Е сега малку потешко можеш да најдиш гинеколог а јас ти предлагам откако ќе ги видиш детално сите доктори и нивните ревјус да отидеш директно кај нив и да напоменеш дека бременоста е ризична и во тој случај можеби можат да направат исклучок. Јас знам кога барав гинеколог на телефон кога ѕвонев никој неќеше да ме прими и сите беа фул. Потоа ќе ја земеш цела досегашна документација бидејќи ти имаш право на копии од твоите анализи и со твојата мајчинска книшка се кај новиот гинеколог. Ако твојата нова ординација има потешкотии за наплата ти ќе се јавиш во АОК и ќе кажиш дека си го сменила гинекологот бидејќи си изгубила доверба во стариот. Значи во Германија доколку кажиш дека си изгубил доверба во стариот гинеколог веднаш ти дозволуваат да го смениш без разлика кој квартал е. А имаш исто така опција едноставно у Мк да ги правиш сите испитувања на приватно, да ја преведуваш документацијата и да ја носиш кај твојот гинеколог. Се надевам дека моето мислење беше корисно и ти ја посакувам цела среќа на светов А сакав да пишувам како си тргнав и како сум на одмор ама ќе нема место, ништо ајде во следниот пост.
Кога сме кај здравство, општ матичен ми е Бугарин и имам добро искуство, дава упати и лекарства препишани и преведени од мк без проблем. Сега одбирам матичен гинеколог, Германец ќе биде, па сакам да знам што може да очекувам, што спаѓа под редовен скрининг тука во Германија што покрива АОК? И дали доколку би сакала нешто плус би дал да си доплатам приватно.
Кај гинекологот кај што планирам да одам, еднаш годишно ехото и пап тестот се бесплатни. Ако сакам дополнителен преглед треба да платам 50 евра (од преглед). Не прашав брисевите дали се наплаќаат. Пријателка била кај него и е задоволна.
Вака значи, прво како што знам несмее две здравствени осигурувања. Ако смее тогаш најлесно би ми било да се пријавам во фзо. За АОК имам прашано и објаснето ситуацијата, добив одговор дека иако се соочуствуваат со мене дека не е возможно да се промени во кварталот само потоа. Се јавив на сто места или не примаат нови пациенти или истото го кажуваат кварталот кога ќе помине. Исто и пред да останам барав опции не неуспеав да најдам некој добар(не примаа пациенти нови..), за било каков не ми беше намерата пак. И сепак си реков ајде ја знае сторијата може ќе биде сега повнимателен..Ете и ревјус некогаш не значи ништо, баш по долго читање го одбрав овој со добри резенции ама сепак не е. Или можеби не е за оваа проблематика. Немам друг избор најверојатно ќе заминам па како и да е и да е приватно само да е океј. То бчагодарам за одговорот и советите. Секое добро и на тебе.
И јас имам слушнато дека не смее, а знам многу што имаат и во мк. Имам и јас, пред да дојдам тука кога давав отказ се пријавив во ФЗО и имам како невработена. Се мислам да го откажам нареден пат кога ќе идам мк, да не си направам некој проблем. Јас па имам лошо искуство со матични гинеколози во мк, за приватно секако не треба осигурување. Сега да видам тука како ќе поминам и дали ќе сум задоволна.
Ако сте немале проблем до сега така, незнам најверојатно можеби така е најдобро барем додека сум таму па да се одјавам, јас мислев дека нема ни да те пријават така. Јас би одела на приватно секако ама знаеш сепак во бременост никогаш не се знае што може да ти затреба на пример. Докторот кој многу го фалат за тромбофилија и антикоагулантна терапија Јани Ангеловски сепак е на клиника, и нема можност приватно д аго најдеш. Така да тој начин би ми бил многу од помош. А што документи бараат да се пријавиш како невработен, јас досега сум била само како вработена пријавена?
Јас се пријавував лани пред да дојдам тука, дадов отказ, отидов во Агенција за вработување, ама ми рекоа таму дека не се поврзани за да земаш здравствено како невработен можеш само во ФЗО да се пријавиш. Е таму ми бараа извод од матична книга на родени не постар од 6 месеци и да пополнам барање, во тоа има граница на остварени приходи не знам која сума беше, ама над одредена сума не ти следува, и ти даваат бројче и го разгледуваат барањето се чека една недела и одиш пак да видиш дали ти одобриле. А за Клиника има добри специјалисти да, ама најчесто треба да фатиш врски за да одиш кај нив, ретко кој матичен гинеколог дава упат за било што на Клиника, се сакаат кај нив на приватно.
Дали имате да ми препорачате лента за пешачење со држач за дома? Одам на фитнес и пешачам надвор ама понекогаш кога врне ме мрзи искрено, а па у зима уште помалку ми се искача по ладноно и плус рискантно ми е да одам по снеговине и мразовине оти коленцево минимум три пати годишно си го дислоцирам...
@Gosh незнам што марка е нашава лента , мислам не беше многу скапа околу 200 евра . Се собира инаку . Побарај на нет има да најдеш ленти за тие пари . Нашава ја користат децава најчесто . Планирам есенва да почнав да одам на нејзе, ако се наканам еден ден . Spoiler: Лента
Јас скоро за прв пат бев, за ехо и пап не платив ништо. ПАП следува еднаш во годината. Германка е и мојава, во глобала задоволна сум. Ја најдов на јамеда апликацијата, кога појдов пополнив некоја анкета со општи податоци, валда дека прв пат тука одам. Наредна недела сум на општ, уште тој да го пишам за матичен, да има кај да се обратам за недајбоже. Кога сме кај недајбоже, читав имало некои измени за боледувања, морало сега доктор да издаде документ, додека претходно можело и по телефон да добиеш кранк отсуство. Имал некој скорешно искуство како е сега? Мора лично да се оди?
Секогаш мораш лично да одиш до матичниот ако си болна. Зависно од договорот како ти е на работа , можеш на работата да се јавиш болна до 2 дена без да одиш воопшто на матичен. Од 3тиот ден ти треба секаде боледување од матичен. Сега новото ќе биде од првиот ден да мора да одиш на матичен за боледување да отвориш макар и за 1 ден.