Порано можеше да се извади боледување без да треба да се прегледа доктор . Се јавуваш дека ти треба боледување , те прашуваат што како имаш , може треба ако не си бил претходно во тој квартал да однесеш картичка , ако си бил тогаш нема потреба да се оди на лекар . Кај мене на работа треба боледување од прв ден. За мене ме се менува ништо . Ама се менува ако треба да се појавам на лекар , а имам стомачен вирус пример. Ќе треба да чекам во почна чекална со многу пациенти, да ме прегледа доктор и да извадам боледување . Последен пат беше која имав стомачен вирус , синко со мене во кола , го пуштив да ја даде картичката само , не можев да стојам на нозе . Цел ден беше со
Кранк сеуште може да добиеш преку телефон, ова е промена од Короната. Мерц сега сака да го укина тоа, дали ќе успее ќе видиме.
И јас колку што слушав на радио многу ординации во Минхен се бунат ради овој предлог, ради гужви што ќе се ствараат. Дали се усвои за дефинитивно не знам што направија. Ама во секој случај има многу реакции од докторите. Јас еднаш досега имам вадено боловање, бев ептен болна. Ми излезе во сусрет сестрата и ги диктирав по телефон броевите од картичката, бидејќи никој немав во моментот кој да и ја однесе. Ми рече штом можам да ја однесам или некој место мене. Така и направив.
Поздрав од Македонија, луѓето се скарале со трпението овде не ја ни зимам колата за возење . Сакав пари да сменам ви банка ме пратија на бензиска, сакав бурек да купам еден саат чекав. Малите градови се целосно мртви, навистина жалосно. Тргнавме на одмор прв и последен пат фамилијарно сите, па неможеме да се оправиме. ...Свекрвата само преречува јас само игнорирам, дури и ми рече косата требало да ми биде како на сестра и ќерка дека таа многу убаво била ошишана[ а јас само што бев вратена од фризер], малово не го фаќа во рака а тоа изгледа не ја ни осека за блиска. Ајде уживајте кај и да се сте , чусс
Тоа е тоа, од тука жалиме и нè фаќа носталгија за татковината но максимум после една недела таму се потсетуваш на сите причини поради си отишол од таму па сакаш назад. Си треба одвреме-навреме таков ресет па да не ти текне после да мислиш на опцијата за можно враќање.
Зависно од буџетот и блискоста: Аktivitätswürfel, Aktivitätstafel, Aktivitätstisch, Dreirad na little dutch, Laufrad, персонализирано шише за во градинка со кутија за ручек, топлинки и некои тренерчиња, книги со звуци и некоја дрвена играчка.
Јас кога и да одам преубаво си поминувам, приајтели моето семејство се мое. Можеби дека имам сопствен стан па не треба да се замарам со свекрви. Има работи кои се овде убави но и таму/
Колку сте блиски? Јас секогаш нарачував нешто што ми треба оти од играчки преку глава веќе. Ваучер од дм или росман, пелени, нокшир, чаша или шише, облека... Од играчки тие едни дрвени формички ко на пример фарма што се бараат која форма каде одговара, книги со звуци..
Фала ви девојки за одговорите. Се одлучив за Aktivitätstisch, денес ми стигна, па се надевам ќе им се допадне, инаку блиски сме, кумашини.
Вие со маж ти имате приватно? Може ви се вклучени децата. Ние со маж ми имаме приватно на Дентоло и во него децата ни се вклучени бесплатно. Ако не се лажам, повеќето приватни ја имаат таа опција.
Дали за пријавување на брак и брачен статус, а потоа и промена на даночна класа изводите од матична книга на родени и венчани треба да се не постари од 6 месеци? Ние уште немаме сменето класа, маж ми е со ЕУ документи, а јас со МКД и дозвола за престој. Испративме документи во Finanzamt за промена на класа, ама ни вратија дека треба прво да се пријави бракот тука, веројатно во Bürgeramt или Standesamt. Инаку во NRW сме.
Им давате ли поклони на наставничките во градинка? Оваа недела беше последна во градинката и голем број на деца носеа подароци, ние не. Жалку незгодно ми падна.
На нас не ни побараа изводи за промена на даночна класа. Кога се пријавував на адреса го дадов интернационалниот извод. Не рекоа дека е важно од која дата е. Мојот секако беше нов. И маж ми е со ЕУ пасош. Живееме во Баварија.
И мене лани за пријава на адреса и aufenthalt ми бараа интернационален извод од родени и венчани, ама тогаш ми беа нови. Не знаев дека пак треба да се пријавува брачен статус за промена на даночна класа, читам таму изводи барале, некои викаат не постари од 6 месеци. Уште за тоа да губиме време во МК.
Не мора да пријавуваш брак, ама така сопругот твој ќе зема помала плата. И наредна година нема да добие поврат на данок.