1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    5.292
    Мислам дека не бараат да не биде постар од 6 месеци, јас имам интернационален извод од 2020та кога стапивме во брак со маж ми и до ден денес го користам насекаде кога ќе ми побараат, никој не ми побарал не постар од 6 месеци.

    Ај и јас да прашам. Моментално сме во Мк, сакавме за малото да земеме мк државјанство, ама јас пред месец дена го додадов презимето на маж ми во Германија и сега тука ми бараат мои нови докумени, па после да може да се запише малото. Јас почнав да вадам, ама не знам дали ќе стигнам да завршам се. Прашањето ми е - дали би ми правеле проблем или би ме казниле ако оставам да сменам пасош наредно доаѓање, со оглед на тоа дека имам и германски пасош и германскиот ми е со двојното презиме, значи не сум без валиден документ. Читав некаде имало некој рок за промена на документите, во спротивно можело да ме казнат.
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    12.285
    Пол:
    Женски
    Јас имам интернационален извод од венчани и плус преведен со апостил печат од лани. Ќе одиме со тие ќе видиме што ќе направиме.
    Различни информации има и на нет и од луѓе, некои викаат треба нови некои не.

    После ако е се ок, автоматски ќе не стават во 4 класа, нема потреба да се оди во Finanzamt веројатно.
     
  3. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    12.285
    Пол:
    Женски
    @Marge ќе те казнат само ако патуваш со мкд пасошот со старо презиме инаку мислам не, а рок да се сменат лична карта и пасош е еден месец, ама пасошот не е итен ако не ти треба за патување.
    Ако ти треба имаш по брза постапка да го извадиш 100 евра.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.