Секој еден од нас носи маска понекогаш немој да мислиш дека е само кај вас така Уште ли сте во Германија? Ти треба ли нешто да ти помогниме било како? Побарај стручна помош не е ништо срамно
Ве нема нигде . Нема некоја интересна тема за расправа . Ние како не спотера , во петокот викавме брза помош за едно дете , денес друго дете во болница , на итна . И така . Само стресови во последно време . Се надевам дека ќе заврши ова , ќе го смена овој темен облак што е над нас . Да манифестирам нешто позитивно .
кога сме кај итна и јас да ве прашам. Спиев и наеднаш кога станав ме пресече силна болка кај пршленот, најверојатно изместив нешто, оти една година спијам како полжав свиткана и дојам бебе на страна па најверојатно е некој нерв. Сама со бебе бев се преплашив и од паника почна да ми се здрвува цела страна, јас реков ме штрефна некој инфаркт, викна комшивката брза помош, дојдоа измерис притисок ништо немаш ми вика ние сме за итни случаи. Е сега прашањето ми е, тие ми рекоја на доктор дури понеделник, кај матичен, јас немам матичен оти тука сум не цел месец, ќе се селиме другата недела и затоа, а не можам од болка ни лево ни десно да се вртам, ужасна болка е, кај да одам до Понеделник или да си чекам. Кај да се обратам жени златни, бебе мало имам не можам да го кренам во раце. Ставив лепенки назад, масажа со масло ама исто нема подобрување.
Дојам, не би апчиња за смирување. Ќе одам денес на дежурен и ќе видам што ќе кажат, ваљда на ортопед ќе ме пуштат и киропрактика. Бебево ми е екстра хиперактивно а сопругот мора на работа, во превод тешко мене деновиве, плус треба да се селиме другата недела и немаме помош од никој.
Уф, најверојатно ќе ти дадат само ибупрофен 600, ќе ти кажат ставај топло и вежбај. Повеќе од тоа, не верувам. Мене исто често ме фаќа така и неколку пати имам завршено на итна, ама освен ибу 600 и препорака топло да ставам, друго ништо ми немаат дадено. Последниот пат матичниот ми рече - пиеш ибупрофен не за да ти помине, туку да почнеш да се движиш Уствари лекот е движење. Нека поминува со лесно, напиј се ибупрофен 600 ако имаш и оди на пешачење, ќе попушти.
Од што сум згрчена и раце и листови на нозе ме фаќаат да ме болат, многу лоша болка, не сум искусила вакво нешто никогаш
За такви работи има дежурен лекар. Секој ден после 14 до 22 часот и цел викенд . Bereitschaftsdienst проглуглај. На итна ќе отепаш време само за да те видат на брзина и да те пратат дома со ибупрофен . Јас синко немаше да го носам на итна ама беше затворена клиниката за итна хирургија па морав . Да видиме да не е многу сокршен. Колено. Врат и слично. За среќа не е ништо , само гребаници на цела десна страна на лице , колено десно итн. Од 19 до 22 44 чекавме .
Фала ви на сите за одговорите, бев на таква амбуланта која работи во викенди, ништо ме пушти само со маст за топло ладно и по потреба парацетамол. Ми рече од доење вкочанета оти синко е бабачко 13 кг скоро а јас 45 со се кревет Во случај да не попушти ми рече кај матичен на инекции или инфузии ама со доењето потешко тоа, денес се движам повеќе, ко за беља малиот најекстремен е денес, три пати се плесна по главчето.
Дали знаете која цена е за рента кар отприлика? Овој пат сакам со авион, а кола ќе ни треба за шетање, конкретно за Минхен ме интересира.
Da ne ti se mesham vo esap, ama za takov golem grad, koj ne go znaesh, jas ne bi zemala kola. Javniot prevoz bi trebalo da e besprekoren , kola e samo ekstra stres ( kaj da parkirash, kaj da vozish I sl)
Не ни е проблем тоа, а и прв пат не доагаме, досега со кола доагавме ама овој пат не можеме, помалку денови имаме за шетање и напорно ќе ни дојде. Најубаво е со сопствена кола ама последниот пат патувавме 25 часа.
Минхен е многу голем град, ако мислите да сконцентрирате во еден дел од градот подобро е јавен превоз, а ако планирате поголем дел од градот да го шетате тогаш кола е подобра опција. Не знам како се движат цените таму, ама голем град секогаш нуди подобри опции, сакам да ти кажам само секогаш да направиш споредба затоа што многу често за еден ден и за 3 дена, или 4 и 6 дена.. цената знае да е иста. Јас би ти препорачала се да средиш онлајн. Ќе изгуглаш, ќе најдеш што сакаш, ќе провериш достапни коли за датумите што ви одговараат, спореди цени, што ви одговара резервирај. Таму одиш со потребна идентификација и земаш клуч.
Го има, поминал покрај беспрекорно. Дојче бан е супер се додека не ти притреба. Чекаме со малта бус некна, ги пуштаме ко цивилизирани сите да излегнат надвор, па да се качиме и ни затвара врата и си продолжи без нас. Да не кажам колку пати со вратата кај се количките затанува пред едно дрво да не можеш да слегнеш. Па колку пати идиотски возат. Ова автобуси. Возови ако се работи и гради, а се работи и гради, штам штреке е со една линија, а дали и толку. Се е ерзац феркер. Така. Само со точак.
Беспрекорен јавен транспорт има само во Јапонија. ДБ се крш невиден. Од друга страна со кола паркинг треба да бараш а бесплатен тешко дека ќе најдеш. Што вика jolene само точак.
Definicija za besprekoren- postoi povrzanost od point A do point B- relativno redovno. Stignuvash isto brzo ili pobrzo otkolku so kola, bonus- ne se nervirash da vozish I parkiras
Здраво Здраво Кој се вратил, кој не, кој тек заминал и така. Јас мислам дека се погодив со времето, жешкото само еднаш ме заеба. Слушнав овде било жешко откако сме заминале а сега па Мк е жешко. Како и да е жешкото во Мк е подруго и се трпе, а овде не знам зошто толку голема траума ми остави. Приметив дека овде всушност патам од главоболки и сега бев испадната на тераса да погледам во тоа малку сонце за очите да ми се поправат. Се бараат бабици по интернет и решив да си земам на англиски, што е сигурно сигурно е. Сега гледам дека треба повторно да полагам прва помош за да ја сменам возачката и тоа да се втурнам да го средам иако имам положено прва помош 10 пати од различни причини и веќе преку глава ми е. За Мк не знам што да кажам не си поминав нешто нај нај и повеќе се заморив отколку што се одморив само сум најсреќна најмногу за јадењето што се најадив како човек. За јавен превоз општо мразам јавен превоз и ми ствара анксиозност така да и најсовршен да е јас повторно ќе го гледам негативно и затоа мојот коментар на таа тема не е кадарен. За тоа сум најсреќна бидејќи си купив количе и си ги направив табличките по моја мерка ама му треба уште еден сервис и јас сум туто комплето. Ах и за многу години празникот