Минхен паркинг во центар е 4е/саат, па сега секој нека си види пресмета како највише му одговара. Згора на тоа Минхен постојано некаде се гради/поправа автопат, така што имајте предвид и на тоа. Посебно летово многу сообраќајници/тунели се поправаат и не се во функција.
Буквално ми се деси некни, пред нос ми ја затвори вратата и си замина, после тоа на враќање ме заборај внатре, дури да го спремам бебе во количка за да излезам, морав да се дерам како ненормална. Сите балканци се шофери, возат како ненормални
нa Еxpedia види, Аламо се најефтини и коректни. Можиш да букираш од сега без да платиш, ќе ти земат само податоци од картичката и кога ќе ја подигниш 250 евра депозит земаат во случај на штета.
Naaa Mädels, што има? Јас дојдов да прашам дали пративте на парламентарците петиција против Spargesetz(Das GKV-Beitragssatzstabilisierungsgesetz). Од 01.01.27 нема веќе да има за децата U1/U2... се помалку термини за нас gesetztliche осигураните,се повеќе приватно да си платиш. Јас пратив тука мејлови ,ако и вие сте затечени пратите и вие мејлови.
Дали има некој искуство со рефундација од Медиа Маркт? Вративме нов уред се уште под гаранција пошто не го биваше, според кунденсервис ќе бидат парите вратени на картица штом го добијат в магацин (вчера го подигнаа од дома). Спојлер Знам дека се сериозна фирма ама ме фаќа некоја параноја дека ќе не скемнат.
Јас диреккно таму им имам одено, им вратив тоа шо им вратив, ми дадоа една фискална, со таа отидов на касата и ми ги вратија парите без проблем. Така ми е најсигурно, одма да си завршам работа, а ова шо го прајте вие со онлајн, со јавувања, па да идат па да чекаш да ти вратат пари, ич не ми е веродостојно. Ама таа сум јас, во се живо сумљам Ќе ти ги вратат, не се грижи.
Здравството не треба да биде никогаш за профит. Порано болниците не правеле профит, од заработката кога ќе се одземеле трошоците доаѓале на нула. Плус мислам дека болниците и од општините биле поддржани. Го слушавте разговорот помеѓу педијатарката и Мерц? Nutznießerin ја нарече. Без коментар сум. Патем ќерка му е висцерален хирург. Има огромна дебата и критики на темава на социјалниве мрежи. @MarigoldA ќе ти бидат вратени парите. Мислам до 2 недели имаат време да ти ги вратат парите. Опушти се, во Германија си.
Да јас докторката почнав да ја пратам пред дебатата онака интересна жена и после дебатата ми се преповраќа од човекот.Мислев Шолц е промашај овој бетер. Како што кажа една флегерин во парламентот како и да е сепак сите пред или по завршуваме во болница .А да вие сте приватно осигурани алудирајќи исто е , ако го зафркнете системот и за вас ист ќе биде. И јас конечно по 15 месеци добив право на глас иако нема да одам да гласам .Од денес официјално сум со две државјанства.Едната државата што си ја поврзувам со родителите и детството, а друга што ја сакав уште од детството и си ја поврзувам со децата.Многу сум среќна што не морав да одлучува дали да се откажам од државјанството или не.
Женски да споделам со вас што ми се случи денес. Ќерка ми почна најнормално да си оди во Кита требаше да ја земам во 14 часот. Вчера им оставив гелче за заби зошто беше кенкава и растат заби и го искористиле цело ми го вратија празно. Ми рекоа дека со гелчето била океј, јадела, спиела саат ипол. Денес ја однесовме со мм во 8:30, се јавуваат накај 10 да ја земеме имала 38 температура и плачела. Одиме да ја земеме и едната од воспитувачките што е главна на нејзината група ни вика да не ја носиме ни утре зошто она не можела да седи цело време со неа, имала и други деца за чување. И 3 пати ни повтори да не ја носиме ни утре на што и одговорив “Во ред, разбравме.” Ја земавме, по пат накај дома беше супер, дома и измерив температура 36,7 најнормално си се понашаше се смееше, си играше немаше ни потреба од гелот за заби. Плус знам како детето ми се однесува кога има температура. Беше многу гладна иако доручекот им е од 9, значи не јадела таму. Им се јавив одма штом и измерив температура да ги прашам дали и дале нешто за температура зошто детето нема температура ми рекоа не смееле да даваат ништо, не им е дозволено (што ми е повеќе од јасно ама се надевам ја сфатија пораката со мојот повик). Моја претпоставка е дека не видоа со мм дека заедно дојдовме да ја донесеме па си рекле “двајцата се дома можат да го чуваат, а го носат во градинка детето.” И можеби зошто се учи да оди им е плус обврска да ја земаат во раце или она сака да се движи па им бара рака да оди. Плаќаме многу пари за таа Кита и би сакала да почнам со работа за скоро, ако ми се јавуваат вака без причина јас не знам што ќе правам. Се изнервирав толку во моментот што мислев и градинка да смениме.
Мајка сите сме го истото поминале , деца под 2 години се напорни и само бараат причина да ти го вратат особено ако знаат дека не работиш. Кога ќе почнеш да рабптиш нема што да се сеќираш, не сакаш ни ти детето да ти е болно и да бе спиеш итн. Од градинката ќе се оправат кога ќе видат одиш на работа нема да ти ѕвонат ако ептен не е ок.На работа пред да се вработиш ќе кажеш имаш мало дете дека можноже често да се разболува , да знаат.Ако нешто кажат отпосле ќе си кажеш дека ди кажала , додека трепнеш ќе стане 10години. Оф сакам уште да ми се мали бебиња .
Разбирам сѐ. Затоа и барам работа миниџоб или тајлцајт и нормално ќе кажам дека имам дете да имаат во предвид. Ама до толку безобразлук не очекував од воспитувачките. Едно е што ме лажат дека има температура, плаќаме многу пари за таа Кита и плус за оброци таму па уште денес не и ни дале да доручкува. Само што и заврши адаптација се разболе една недела беше отсутна и толку ми е криво зошто детево мое не ни плаче кога ја оставам толку многу сака деца и сака да си игра со нив и воспитувачките дури ги гушка од што сака да оди, а тие ко едвај да чекаат да се отарасат од неа. Посебно таа главната кога ја носев на адаптација малата ми вика “денес мислиме … да не доаѓа на адаптација зошто воспитувачката што е задолжена за неа е болна и е отсутна.” А адаптацијата тогаш и беше само пола час. Што ќе и смени половина час не знам. И зошто и тогаш не ми беше јасно што се случува (прво дете ми е) ја прашував зошто да изостане и ко да се подналути ко да почна да има нешто лично против мене. Ама не планирам да им лижам гз, дури и преплаќам за таа Кита и плус тоа им е работа. Знаат дека пред неполн месец операција правев а следен пат кога ќе ја однесам ќе им кажам дека од понеделник почнувам со работа, кога лажат они ќе лажам и јас. Јас па глупава уште поклони ќе им носам.
Затоа ти кажав дека сите низ исто сме поминале, да не се нервираш и нас вака не зезале со истите финти . Мојата прва така се навикнуваше со месеци, зошто епа по 30 минути ја носев , па болна па пак 30 и се така додека реков почнувам на работа и да видиш како магично се навикна.За малата па одма кажав почнувам од тогаш на работа правите што ќе правите и толку беше.Кај малата еднаш се погоди само она и воспитачката да бидат, кажав дека имам термин и не можам да ја земам , ја чуваа додека дојдов и не ми се јавија да дојдам. А во оваа група ми кажуваат дека има тт откако ќе ја земам ,ептен кул група, најдобри.
Се надевам барем ги чуваат асално… Си викам чим малава сака да оди веројатно се осеќа сигурно. Само тоа да е така па мене нека ме зезаат колку сакаат… Исто така прв збор што го научи од градинка е бала бала (balla-balla). Баш ме интересира во кој контекст го употребуваат.
Не се секирај така е во Кита. И да поврати малку бљуцне од храна тие се јавуваат да го земеш детето и 2 дена мора да седи дома. Нашата првата година беше повеќе дома, есен зимо постојано болна. Плаќавме и ние многу… Ќе бараш работа на скратрно време, на разговор за работа ќе кажеш од колку до колку можеш, ќе ќажеш дека имаш мало дете. Незнам зошто тој израз воопшто го употребуваат во градинка.
Здраво. Жи треба помош,совет од поискусни доктори во Германија. Би сакала да прашам дали е вистина доколку имаме Апробација/германска лиценца, нема потреба од Facharzt Hintergrund? (За време на 24ч дежурства) Станува збор за innere aкut Versorgung. Кај нас е така подреденосекој ден има Vordergrund- Assistenzarzt (кој работи на лице место во болница) и Facharzt Hintergrund (достапен на повик) Бидејќи има недостаток од персонал без нови вработувања. И треба да дежураат во недела. Ми велат бидејќи сум единствена со Апробација немам потреба од Hintergrund
Не знам да ти го објаснам ама као у главата бала бала. Наводно смешен израз за лудории, чудно однесување или као смотан. Не е навредувачки повеќе како кај нас ко ќе речиме будалче, смотано и сл.
Знам што значи ама не знам зошто и во кој контекст го употребуваат во градинка толку често за она да почне да го повторува и да го научи. Секој втор збор и е тоа. Дома не го употребуваме.
Сори нот сори ама ја тупиш. Не мора на твоето да е употребено, децата кога се во нова средина набљудуваат и носат се дома. Деца се прават лудории. Па што да кажат? Уште колку новости и глуспости ќе научи. Така треба Мојата дојде дома со прв збор научен од таму мано. 6 недели се навикнуваше и после беше нон стоп болна. Цела година. Ама нон стоп. 1 недела во градинка, дома 3 недели. И ми ја враќале и се. Како на сите така и на мене и сите горе доле исто сме минале. Друго. Ако стапнеш на погрешна нога, твоето дете е таму секој ден. Подобро биди си пријателски расположена отколку уште прва недела да се расправаш. Кога беше таму на адаптација нели виде како се однесуваат другите деца. Кај нас беа скоро сите деца многу среќни и задоволни..па и моето. Децата секакви фази имаат. Де сакаат, де не сакаат. Среќата на детето пред се. Ако нацрташ у глава дека не си задоволна уште од сега, црвот во глава и само градинки ќе бараш.
Не реков дека е на моето употребено. Ме занимаше во кој контекст. И не реков дека од воспитувачките го научила. Мано не е лош збор и мојата го употребува. И тој од таму го научи. Видов како се однесуваат другите деца и не слушнав никој никого да навреди. Не реков дека мојата е незадоволна, јас сум незадоволна што имаат друг третман со мене а друг третман со детето и родителите доктори. Јас не се расправам. Не сакам едно те исто да ми се повторува 50 иљади пати не сум од марс падната и покрај тоа не сум се расправала со нив, незадоволството го искажав овде. Ако не ми се свиѓа и понатаму ќе си ја префрлам во друга градинка и крај. Чисто сумљам дека ќе барам вечно Кита зошто ќе дојде време за Киндергартен и повеќе ќе разбира.
Да не и од песната Boing balla bumm .Многу влегува во уво песната. Јас меѓу другото уште сум на Елтернзеит. Градинката што ја сакавме ќе ни дадела одговор 6 месеци пред посакуваниот датум, од општина ни викаат немало место многу рано бил пријавен и тоа досега немав чуено.Па ми ја пратија градинката кај што беше големиот со понуда затоа што никој не сака дете да прати и нема деца. Имам во понуда и на 5 км од дома а тоа би значело дека треба да летам од дома до школо , градинка и работа и потоа обратно што значи дека незнам дали секаде ќе стигнам на време.Ми остана уште Тагес мутер наредната недела да ми потврди дали би имало место некаде за сигурно таму освен 100 евра плус другото мислам дека би била најдобра опција. Па така покрај сите проблеми што ги имам во моментов градинката ми е само шлаг.Само сакав да се испрзнам некаде .